Состојбата е непроменлива. Неизвесноста многу не ве загрижува, бидејќи сте се одлучиле да чекате. За чудо, се обидувате да разговарате со партнерот и да не го оптоварувате со љубомора и посесивност. Уживате во многу нешта, затоа што чувствувате дека сте успешни и емотивно исполнети.
Бик
Благата нервоза е последица на влијанието на соработниците. Ќе го совладате тоа и ќе се свртите кон оние нешта што ја поттикнуваат креативноста. Љубовта се подразбира под тоа. Денот е во знакот на успешните потези, договори и напредување во деловната хиерархија. Посебно среќните одлуки се поврзани со брак и љубов.
Близнаци
Најпосле почнавте да размислувате во правилна насока. Благодарение на организаторските способности, правните постапки и промислените акции ќе бидете успешни. Тоа, за жал, не се случува многу често, па е пожелно максимално да го искористите поволното планетарно влијание.
Рак
Добро сте расположени, бидејќи сте фокусирани на она што го обожавате, а тоа се парите. Веројатно читате некоја книга која ви порачува дека парите се насекаде околу вас и дека само треба да ги соберете. Како и да е, задоволни сте, бидејќи под услов паричникот да ви е полн, можете да го направите и невозможното.
Лав
Денес ќе се препуштите целосно на љубовниот занес. Среќно тргнувате во средба на настапувачките случувања, од кои многу очекувате. Оние помалку среќните ги загрижува мешањето на другите и чувствуваат отпор спрема брачниот партнер согледувајќи дека многу се разликуваат меѓусебно.
Девица
Донесувате некоја одлука што ќе ве усреќи. Бидејќи креативната сила ви е нагласена, а вие сте фокусирани на неа, ситуацијата ветува многу убави конкретни случувања. Функционирате под влијание на пријатните настани во кои имате директен или индиректен удел.
Терезија
Уживате во моментите на среќа поврзани со пријатните случувања. Ја делите радоста со пријателите. Фантастично се чувствувате, зрачите бидејќи за таквото блаженство имате конкретна причина. Дали се работи за партнерот, децата или парична добивка - сеедно. Само така продолжете!
Скорпија
Доколку сфатите што ве мачи, нема да имате проблеми. Слушнете го говорот на телото и ќе ги разберете неговите тајни сигнали, па ќе можете максимално да му угодите. Ќе сфатите дека сте центар на светот. Жртвувањето поради безвредните работи ве исцрпува. Бидејќи и со самите себе одвај излегувате на крај, не оптоварувајте се со другите.
Стрелец
Успехот и понатаму ве следи. Ја имате наклонетоста од ѕвездите, па не оптоварувајте се со злобните коментари и сомневања. Верувајте си себеси и се' ќе биде во најдобар ред. Одвојте малку време за одмор. Иако не сте расположени за психоанализа, размислете повеќе за себе.
Јарец
Обидете се да ја испочитувате внатрешната потреба за самотија. Доколку ви тргне од рака, ќе се занимавате со нешта кои ви причинуваат задоволство и ќе ви помогнат да најдете духовен мир. Во контактите со околината, тимската работа ќе биде отежната. Среќа на материјален план моментално немате. Барајте ја во духовното.
Водолија
Полека нештата се стивнуваат. Почнувате нормално да функционирате. Иако иронично и агресивно сакате да им се наметнете на другите, тоа не ви оди од рака. Не ни обидувајте се да се однесувате така. Пожелно е да постигнете максимални резултати вложувајќи минимални напори. Ќе успеете само со мудри и смирени постапки.
Риби
Комуникацијата ви годи. Задоволни сте било да е тоа само обичен разговор со пријателите или да се работи за патување или пак да прочитате некоја интересна книга. Важно е да бидете активни и свесни за моментите во кои се наоѓате. Креативноста ви е изразена, па пробајте да ја искористите на соодветен начин.