Полека, но сигурно во водите на Вардар почнуваат конкретни активности за изградба на фонтаните. Деновиве со специјални градежни машини се подготвува изградбата на машинските хали за инсталација на пумпите што ќе ја исфрлаат водата од фонтаните. Работите на терен ги изведува екипа на италијанската фирма „Ла моне мореда“, која има седум месеци рок за изградба, сметано од почетокот на градежните работи.
Според проектот, фонтаните што се дел од „Скопје 2014“, ќе имаат кружна форма, низ средишниот дел ќе распрскуваат млаз вода со максимална висина до 30 метри, а вода ќе се распрскува и странично до седум метри. И двете фонтани ќе имаат впечатливо осветлување што ќе го овозможат специјални подводни рефлектори. Фонтаните ќе бидат изработени од армирано-бетонски постамент, на кој ќе се монтираат прскалки од пониклувани водоводни цевки. Едната е предвидено да се наоѓа пред Уставен суд, а другата во линија на театарот. (Дс.Т.)
Do koga ke se toleriraat glupostite na frustriranite gradonacalnici koi od svoeto selo ne videle se do sega nisto podaleku, pa sakaat se sto videle da donesat vo Skopje i da go napravat gradot "poubav". Namesto toa nasiot grad se pretvora vo kic Diznilend kade do kukata na Barokot niknuva smizlata, do modernistickata arhitektura - realisticni lavcinja istn
Од: jas
Датум: 09.11.2010 11:07:59
razgledajte gi malce trotoarite vo nasiot grad, dupka do dupka nema drug grad so vakvi ulici i trotoari, ni zdravi nemozat da se dvizat a kamoli hendikepirani za koi neli mnogu se grizime