Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Скопје
Заеднички проекти на Аеродром и Градот

Со заеднички сили Општина Аеродром и Град Скопје в година планираат да реализираат пет проекти. Завршување на булеварот „Србија“, изработка на проект за проширување на булеварите „Трета македонска бригада“ и „АСНОМ“, како и изградба на нов паркинг под Транспортниот центар „Скопје“ се само дел од капиталните проекти, а акцент ќе биде ставен и на осветлувањето на патеката крај кејот и изградба на канализација во руралните делови на општината.

За таа цел градоначалниците Ивица Коневски и Коце Трајановски веќе ставија параф за планираната соработка што, всушност, ќе биде продолжување на досегашните заеднички активности. Освен реализацијата на посочените проекти, градоначалниците ќе се обидат в година со заеднички сили да го надминат и проблемот со кучињата-скитници и коњите што се наоѓаат на јавните површини низ Аеродром. Една од обврските што си ја зацртале општинарите и градските власти е наскоро да се набават повеќе камиони за подигнување смет за да може да се врши поредовно расчистување на депониите, собирање шут, како и собирање сува трева, лисја и кастрени гранки. (Дс.Т.)

#
Статијата е прочитана 806 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Се наѕираат темелите на фонтаните во Вардар
Лондон ги поздравува нашите двокатни автобуси
„Седумка“ да вози по „Илинденска“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks