|
|
|
|
|
|
Имаме право да не мислиме исто!
м-р Марко Грозданов, теолог
На роденденот на големиот Мартин Лутер Кинг, големиот проповедник и поборник за правата на Црнците и општо на достоинството на човекот, се појави едно соопштение спротивно на идеалите што ги застапуваше тој. Партијата ДОМ излезе со став дека по прашањето на абортусот сите дебати се ништожни - просто како да посакаа воведување „нова инквизиција“ за поинаквите мислења. Многу е поразително за едно општество кога една политичка партија во 21 век ќе излезе со соопштение во кое го деградира правото на слободен говор, конкретно во овој случај по прашањето на абортусот. Сето тоа на роденденот на можеби највештиот корисник на слободниот говор во историјата.
Прво и основно, ако нешто е право, не значи дека е и правилно. Моралните принципи се дилеми за кои човештвото постојано мора и треба да дебатира и отворено да размислува. Во минатото било право човекот да поседува робови - но не било правилно. Во минатото било право жената, црнците, домородците и други, да немаат право на глас во општеството - но не било правилно. Требало години, а понекогаш и векови на дебати и различни ставови за погрешното да се искорени - а често и се' уште не е.
Второ, со обидите за една поширока „инквизиција на говорот“ бидејќи поинаквото мислење не се совпаѓа некои нивни проектирани општествени вредности, практично, се осудуваме себеси на несогледлива морална опасност - затоа што не дозволуваме моралните избори, кои едно општество ги прави да бидат тестирани и предизвикани преку јавна дебата од страна на оние што мислат поинаку.
Ако размислиме ќе сфатиме дека и многу од правата што ги ужива човекот, не значи дека се мудри да се користат, па во многу случаи и самата држава го едуцира своето граѓанство да не користи одредени свои права. На пример, државата го дава правото на пушење (иако не насекаде), но во исто време го едуцира граѓанството дека „пушењето убива“. Тие две нешта не се во тензија, напротив, тоа е производ на моралната и здравствена дебата, која со децении се водеше во светот за правото и последиците од пушењето. Имате право да пушите, но не е мудро за вашето здравје.
Не помалку важно е да се разговара со иста отвореност и за прашањето на абортусот. Во крајна линија, можеби во некоја фаза и државата, а и човештвото ќе станат доволно морално свесни да се сложат дека абортусот не е мудро да се користи - односно можеби и за ова треба да бидат едуцирани граѓаните за нивното право и последиците од тоа, па дури и со истиот слоган - „абортусот убива“.
Трето, и за крај, се разбира, мојата забелешка не е само за абортусот, кој е, всушност, само поводот. Се работи за многу посуштинско прашање - нашата слобода да избираме во какви вредности веруваме и слободно да зборуваме за истите. Тоа, дами и господа од ДОМ, не е право што е запишано само во Уставот (кој е парче хартија и трпи измени), туку е право запишано во ДНК на човекот. Таму само еден може да врши измени. |
#
|
Статијата е прочитана 978 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 27.01.2011 12:53:09 |
|
Нема шанси,Барем засега да мислеш со своја глава.Одма си предавник. |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 27.01.2011 13:20:53 |
|
samo so razlicno mislenje moze da se dojde do dobro resenije.so doaganje na vlast na gruevski i negovite bratucedi ova stana samo isklucok do koj nikogas ne se doaga. |
|
|
|
|
|
|
Од: Дедо Ное |
Датум: 27.01.2011 13:58:19 |
|
Во случајов со твојата ДНК, ниту Тој не може да направи ништо, затоа што не е Негово творение! Тешко се справува со созданијата на лукавиот, но сепак, Тој победува, во името на Отецот, Синот и Сватиот дух! |
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 27.01.2011 14:06:14 |
|
Imate pravo da razmisluvate samo kako Pastirot....... i TOCKA........... |
|
|
|
|
|
|
Од: Симона |
Датум: 27.01.2011 19:03:08 |
|
Ставот на ДОМ е дека правото на абортус е веќе одредено со закон и произлегува од Уставот како загарантирано право на избор на секој поединец. Затоа сметаме дека дебатите за или против абортусот се беспредметни.
Во тој контекст и писмото на овој теолог е беспредметно. Само како дообјаснување, лично сметам, дека со промоцијата на сексуалното образование за младите и намалување на цените на контрацептивни средства придобивката е неизмерно голема, добиваме ЗДРАВИ луѓе и со тоа градиме ЗДРАВО општеството и создаваме ЗДРАВА иднина, а не било каква иднина, за што се залага погоре потпишаниот теолог!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Од граѓанин |
Датум: 27.01.2011 19:14:59 |
|
Tокму напротив господине проповеднику на Баптистичката црква од Скопје. Вие сте тие кои сте познати по вашата нетолеранција кон некои основни начела на МПЦ и на православните граѓани на оваа земја. Вашите колумни и писма секогаш покажуваат нетрпеливост кон поинаквите од вас. Инаку, оваа колумна ви е неиздржана, затоа што е концепирана со помош на логична инверзија. Ја осудувате партијата ДОМ за нешто за кое самата партија се изјаснува токму спротивно. Па, ве молам, тие иницираат со сите свои сили силно развиена дебата за прашањето на абортусот и СЛОБОДАТА НА ИЗБОР. Зарем не, проповеднику? - А, слободата е најголемата вредност за Бог?
Или, вие, можеби не мислите така? |
|
|
|
|
|
|
Од: iskon |
Датум: 27.01.2011 19:24:42 |
|
Авторот на ова писмо како „теолог“ би требало да знае дека човекот го има најголемиот дар даден од Бога. А тоа е „слободната воља“ или правото на избор. Но тука не е проблемот со неговата реакција. Туку во наметнувањето на невистини од типот дека некој рекол дека дебатите се „ништожни“ и желба некој да воведе „нова инквизиција“. Сигурно авторот има слушнато и за следниве зборови. Не осудувај! (а особено не без причина), Не клевети! (никој а не некој кој застанал во одбраната на правото на слободна воља. Токму осудата на лицата кои се нафатиле од било кои побуди или причини да имаат абортус е проблемот. Повторно ќе се вратам назад „слободна воља“ - загарантирана од Бога и од Устав и од Закон! Драг мој пријателе ја спомнувате и „слободата на говорот“. Одлично. Вие тоа право го искористивте преку вашето писмо (и дај Боже и понатаму да го користите), но Вие со вашиот став наметнувате нешто што мене ме застрашува. Вие наметнувате „апсолутна вистина“ (ако е право, не е и правилно). Зарем??! |
|
|
|
|
|
|
Од: Zacuden !!!! |
Датум: 27.01.2011 19:54:10 |
|
Slucajno naletav na tekstov i mozam samo da vi se iznacudam, na glupostite izneseni vo vasiot tekst vie ocigledno sakate da gi isprevrtite tezite,spomnuvate nekakva inkvizicija koi vie ocigledno ja SPROVEDUVATE odnosno napagate se sto razlicno razmisluva od vas, sto ima loso vo toa da se donesat merki za planiranje na semejstvoto, da se educiraat i zastitat novite generacii od nesakana bremenost. So vakvi kako vas sigurno ke otideme vo Evropa,Vremeto na ednoumie e odamna pozadi nas, Sepak stanuva zbor za pravo na izbor koi vie ocigledno sakate da go nemaat lugeto so site posledici sto gi nosi nemanjeto na izbor. Ocigledno ne ste go razbrale Martin Luter King !!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 27.01.2011 23:32:36 |
|
Postojat mnogu pricini koi naveduvaat da se donese odluka za abortus, dali se toa finansiski sredstva, dali se toa godinite vo prasanjeto it. A isto taka postojat i nesakani abortusi, dali i niv ke gi resavame i ke tretirame so zokon? |
|
|
|
|
|
|
Од: мартинка |
Датум: 28.01.2011 03:21:36 |
|
aко Уставот е парче хартија, зошто се пишува со голема буква? И зошто врз него се полага заклетва? Толку за граѓанската култура...
А тоа што постојат луѓе со поинакви ставови, па нели така не создал Тој? Зошто тогаш ваква исклучивост и навреди? Толку за толеранцијата и лажното душегрижништво... |
|
|
|
|
|
|
|
|