Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Писма

Заборавате дека народот дава и зема власт?

Ристе Ташковски

Да, како што гледаме и слушаме, се отвориле многу приватни болници. Поединци се фалат за европскиот стандард, прием, престој во нив. Но, се прашувам дали со сегашниот стандард можат повеќето граѓани да си го дозволат тоа?! Што е со граѓаните што земаа социјална помош, а благодарение на одлуката на Владата, останаа и без таа мизерна помош?! А, што е со сите оние други категории луѓе што едвај крпат крај со крај?! Дали и тие можат да си го дозволат тоа?! Секако не!

Тоа, всушност, значи дека и „автопатот“ во здравството за кој зборуваше министерот, по кој пациентот треба да помине до остварување на своето уставно право, е полн со дупки и кривини.Така што ако и' погледнеме на вистината в очи, „автопатот“ е за обичниот смртник - граѓанинот, а хелиодромите се за оние што се фалат со здравствените и другите реформи. Затоа, порака и до нив, престанете да „работите“ во интерес на граѓаните само декларативно. Помислете дека и ние обичните граѓани сме дел од ова општество.

Не заборавајте! Ние ве носиме, но и ве симнуваме од власт. Не бидете себични. Сите имаме потреба од здраво општество и здрава ��ација!


#
Статијата е прочитана 855 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 27.01.2011 12:58:26
Што ако НАРОДОТ дава и зема власт.И досега НАРОДОТ даваше и земаше.Си одеа се враќа се НАПОЛНИЈА,А НАРОДОТ што доби.Само надеж дека утре ќе биде подобро,Но никако тоа утре да дојде.
Од: Napatena
Датум: 27.01.2011 21:01:07
Se pokaza deka periodot za vladeenje od 4 godini na losha vlast e premnogu dolg za narodot a istovremeno prekratok za golemite apetiti na kradcite vo vlasta, kako ovaa taka i prethodnata.

Најди! во Утрински
Писма
Имаме право да не мислиме исто!