Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Македонија

За новoгодишен дочек пеш од Јанче до Галичник

Од ноември до април, поради снежна блокада, патот низ планината Бистра, во должина од 15 километри, е непрооден

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Галичник е атракција во лето, но ова убаво место е недостапно во зима. Со паѓањето на првиот снег во ноември, па се' до крајот на април, поради снежна блокада, патот низ планината Бистра од Маврово, во должина од петнаесеттина километри, е непрооден. Едноставно, не можат да стигнат. Оние поупорните и помладите не ја испуштаат шансата, па неколку часа пешачат од Јанче до Галичник.

„Постои голем интерес меѓу галичани и љубителите на Галичник, новогодишните, божикните и зимскиот распуст да го минат токму тука. Над стотина лица, претежно млади и деца, од долнореканското село Јанче, преку ‘Скала‘, пешки за три-четири часа ќе дојдат во Галичник за дочекот на Новата 2011 година. Исто така, стотина повозрасни лица и деца планираат да го минат зимскиот одмор во Галичник“, вели д-р Оливера Кукоска од Гостивар, која секој викенд со семејството го минува во Галичник. Таа нагласува дека е напорно со шеесет и некоја година да се пешачи по снег и серпентините на Бистра. „Но, љубовта да се престојува во Галичник е поголема од се'. Тогаш нема ниту замор ниту пречки“, заклучува Кукоска.

Единствени постојани жители на Галичник во текот на целата година се Павле и Борка Лукановски. Пред дваесетина години се вратија во Галичник. Тие ги минуваат пензионерските години во Галичник каде што го најдоа мирот и задоволството на животот. Половина година, од мај до крајот на октомври, брачната двојка Лукановски живее во поголемо друштво. Во Галичник има живот, има народ. Речиси во секоја од 500 куќи има луѓе, доаѓаат туристи од земјата и од сите континенти. Се одржуваат многу манифестации и надалеку прочуената и единствена културолошка - туристичка манифестација „Галичка свадба“. Но, снегот е пречка да се допатува.

„Во Галичник нема снег, го нема и на патот. Со исклучок на две-три места каде што има навеви“, вели Павле Лукановски. Тој пеш ја минал целата траса, а наноси од снег имало кај месноста Врчец, кај бачилото, сопственост на „Вардар“ од Градско и на свиоците кај месноста Царева Чешма.

„За неколку час камион со нож може да го расчисти снегот, патот ќе стане прооден за патнички возила, а со тоа Галичник ќе биде достапен за сите љубители на оваа митска населба, за иселените галичани и нивните потомци што живеат во Гостивар, Скопје, Тетово, Битола. Ако патот е прооден за Галичник, ќе биде посетен исто како и во лето“, додава Лукановски.

Со поголема грижа на надлежните овие двајца чувари на орловското гнездо нема да бидат заробени и отсечени од светот. „Имаме потреба за храна, за лекарства, за администраивна работа во Општина Маврово - Ростуше, да ја земеме пензијата. Принуден сум пешки да слезам од Галичник преку ‘Скала‘во Јанче, а оттука во Ростуше и Дебар, и пак истиот ден да се вратам во Галичник. Тоа е напорно, но кога се мора, не е тешко“, истакнува Лукановски. Тој замолува „Македонија – пат“ редовно да го расчистува снегот од регионалниот пат Маврово - Галичник.

Коста Граоркоски од МЗ „Галичник“, револтирано вели дека машините за расчистување снег се паркирани во Маврови Анови, а можат да се ангажираат во одржување на патот за Галичник. „Често реагираме во ‘Македонија – пат‘. Меѓутоа, не постои расположение да ни излезат во пресрет на нашето реално барање. А, тоа им е должност. Во почетокот на милениумов снегот редовно се расчистуваше и две-три зими патот беше постојано прооден“, потсетува Граорковски.

Според него, првиот снег треба веднаш да се расчисти, да не се дозволи таложење и создавање големи барикади, кои на места достигнуваат и над десетина метри.


#
Статијата е прочитана 1340 пати.

Испрати коментар

Од: реканец.
Датум: 31.12.2010 13:42:30
Многу малце треба да се ОСПОСОБИ патот Скудриње-Галичник.По изградбата на Водоводот за с.СКУДРИЊЕ е отворен пат со малку поголема Ангажираност може да се оди.Но треба некој да го направи.Во моментов вамо во Река е ко пролет.Се работи за 3 до 4 километри и се ќе биде во ред.

Најди! во Утрински
Македонија
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Се викам Наталија, а не Ненад!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks