Што прават денеска
Борче Нечовски
дир. на „Прилеп фест“
Се трудам денеска порано да стигнам во Прилеп, да ги финализираме последните организациски подготовки за третото издание на „Прилеп фест“, кое ќе се случува в петок, на 1 јули. Одржуваме проби во Домот на култура „Марко Цепенков“, каде што во 20,30 часот ќе настапи целата фолк-елита. ТВ Сител ќе го снима и одложено ќе го емитува фестивалот.
Рисима Рисимкин
кореографка
Ова ми е период кога сум максимално ангажирана да ја завршам книгата „Нов танцов театар“. Тоа, всушност, е публикација од конференцијата што се одржа во декември минатата година за влијанието на современиот танц во развојот на општеството, како и потребата за создавање Танцов театар во Македонија.
Александар Масевски
композитор
Претпладнево сакам да ги завршам обврските со подготовката на еден ремикс, наменет за пазарот во Западна Европа. Имам намера да го завршам тоа пред да тргнам на пат за Охрид. Во Охрид планирам само да се релаксирам, а штом стигнам ,ќе уживам во дворот на моите родители со некое мезе и муабет. |