|
Хороскоп
Овен
Релативно успешен ден под услов да не претерате со идеализирање. Мора да бидете реални и умерени во секој поглед. Доколку работата и учењето се во прашање, помошта од пријателите ќе пристигне во вистинско време. За доброто расположение е заслужен партнерот. Тој ви испраќа добронамерни вибрации.
Бик
Насочени сте кон работата што ја извршувате до перфекција. Недоразбирањата со спротивниот пол полека исчезнуваат. Имате можност да ја обновите старата врска или по подолг период да најдете заеднички јазик со партнерот. Тоа ви се случува бидејќи станувате толерантни. Претчувствувате позитивен исход на настаните.
Близнаци
Ништо не ви се работи. Само сакате да уживате во животот. Проблемот настанува доколку не ви се овозможи тоа. Семејните односи се подобруваат. Планирате подолг пат или соработка со странство. Бидејќи уметничкиот талент е негласен, искористете го на вистински начин.
Рак
Не дозволувајте да ве обземе инерција. Под услов да се активирате, парите ќе се лепат за вас. Уживате во материјалните добра. Присутна е нагласена доза сексуалност, проследена со прекумерно уживање во јадењето и во пиењето.
Лав
Искористете го шармот за да избегате од деловната замка. Со партнерот ќе склучите примирје, свесни за тоа дека сте претерале. Во овој период многу Лавови ќе се обидат да ги стабилизираат брачно-партнерските односи, а некои дури ќе бидат подготвени да влезат во заедница. Добро размислете за тој чекор.
Девица
Ви се отвораат нови деловни можности. Зошто не ги прифаќате кога ветуваат солидна заработка? Немојте да се двоумите, бидејќи шансата нема да се повтори. Ќе имате време и за животните задоволства. Недоразбирањата со околината само се последица на неподготвеноста да се приспособите.
Терезија
Во сите деловни проекти мора да вложите максимален напор за да постигнете резултати. Ќе имате среќа во уметноста и во разни финансиски трансакции. Уште ако купите некоја грепка, надевајте се на добивка. Периодот е одличен за љубов, спорт и разонода.
Скорпија
Проблеми може да се јават како последица на љубомора. Нормално, нема отворено да ја искажувате, а тоа е исправно бидејќи е без основа. Ќе бидете во ситуација да се свртите кон фамилијата и со неа да решавате важни станбени прашања. Многумина од вас треба да се отселат во наредниот период.
Стрелец
Ќе се обидите да ги подобрите односите со околината на најдобар можен начин. Нема да се расправате, како што обично правите, туку ќе се трудите на мирен начин да ја остварите целта. Најпосле и вие сфаќате дека тивка вода брег рони. Површноста во решавањето на важните прашања може да има сериозни последици.
Јарец
Во ситуација сте парите да ви поминат низ раце. Многу Јарци ќе трошат, а малкумина ќе се обидат да заштедат за црни денови. Јарците се опкружени со жени од кои имаат не само подршка туку и конкретна корист. Изразена е желбата за докажување.
Водолија
Ќе се обидете да направите нешто за својот имиџ. Постојано ви е важно како изгледате. Новата гардероба е само компензација на незадоволството. Влезени сте во период што е важен за решавање на емотивните проблеми. Малиот флерт може да прерасне во многу опасна романса.
Риби
Настапува затишје. Речиси ништо значајно не ви се случува. Наскоро многу Риби ќе влетаат во забранета врска или, пак, фантазираат за личност што им е недостижна. Наредниот период непотребно ќе комплицирате одредени ситуации. Како ќе испливате од ситуацијата во која се најдовте?
|
#
|
|
|