Број 2875  вторник, 30 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Во болниците како во реално шоу

Јасмина Јовановска

„Внимавајте, Ве снимаат и кога ќе појдете на лекар“. Ваквото предупредување веќе осамна по болниците и клиниките, кои Министерството за здравство ги стави под видеонадзор. Со 1.200 камери се закитија 64 здравствени установи. Каде и да се свртите во болниците, од секој агол ве демнат камери. По една камера насекаде, пред влезовите, шалтерите, чекалниците и болничките ходници.

Небаре сте во некоја банка или во некое реално шоу, а не во здравствена установа каде што сте пошле да се прегледате. Недостасува само уште Министерството за здравство да почне да дели награди за пациентите и лекарите. А, наградата најверојатно ќе биде за најиздржливиот пациент кој ќе ја преживее голготата што го очекува по клиниките додека да стаса да се прегледа. Лекарите, пак, ќе добијат награди за умешност како со расипани апарати навреме да постават дијагноза и не го умрат болниот ако нема пари да го купи лекот или материјалот потребен за операција.

Но, настрана наградите. Реалноста по клиниките и болниците е многу посурова. За прегледи или за операција се чека со месеци, зашто апаратите се расипани или амортизирани. Клиниките, место со дезинфекциони средства, се чистат со обичен сјај за садови. Да не зборуваме за лекови и потрошен медицински материјал. Во Ургентниот центар нема обичен завој за исеченици, на Клиниката за детски болести нема ракавици, децата се боцкаат без нив, а родителите се тераат сами да ги купат. Дефицитарни се и најевтините лекови како „аналгин“, „ранитал“ ампули за желудочна болка. Па, пациентите се принудени да трчаат по аптеките спроти државна болница, за да купат лек што чини 10 денари. Тоалетите по здравствените установи се посебна приказна...

И покрај сите овие натрупани проблеми во здравството, ни новиот министер Бујар Османи не се откажа од проектот за камери по болниците. Зарем толку не може да се направи листа на приоритетни проблеми во здравството и така по ред тие да се решаваат.

Нема лекови и потрошен медицински материјал, но важно е дека министерот ќе ги снима пациентите и лекарите за да може, како што вели, да се подобри здравствената услуга и здравството да стане поефикасно. А како ќе се подобри услугата по болниците, ако лекарите немаат со што да го прегледаат пациентот или, пак, нема со што да го лекуваат?

Министерот Османи се правда дека не можел да го стопира проектот за кој се фрлени околу милион евра, не само затоа што го наследил, туку и затоа што тоа било зацртано во програмата на Владата. Како таа програма да е вечна и не може да се менува. Од една страна, се фали дека е полн со добри идеи, а од друга, кога треба да и' рече не на Владата, идеите му пресушуваат. А кога веќе се зафатил со видеонадзорот во здравството, тогаш можел да го опфати и Министерството и Фондот за здравство, па пациентите да видат колку работат тие.

Тоа, пак, што недостасуваат материјали на клиниките и болниците, министерот смета дека не е негова вина, туку е последица на директорите кои лошо менаџираат со болниците. А како да бидат добри менаџери кога немаат доволно пари во буџетите.

Османи го поддржува проектот на Владата за видеонадзор на болниците и клиниките, бидејќи со него ќе ги детектира „тесните грла“ во здравството, а ќе види и по колку време чекаат пациентите за да се прегледаат. Зарем досега за четири месеци не успеал да дознае по колку месеци се чека за снимање на градите, за снимање дебело црево, или пак за снимање на срцето.

Сите овие проблеми не се некоја строго доверлива тајна. Доволно е Османи да прошета по клиниките, но не како министер, туку како,не дај боже, обичен пациент за да види со какви се' проблеми се соочуваат болните.

За ваква мисија нема да му се потребни милион евра за да ги детектира проблемите во здравството, туку ќе го чини само еден ден прошетка низ клиниките, каде што со свои очи директно ќе го регистрира „шоуото“ на болните наречено „како да се преживее додека се открие болеста“.


Статијата е прочитана 856 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 30.12.2008 00:27:08
na ovaa tema e se kazano. nakratko - na ovaa nemastija i nedostatok na povazni raboti ova so kamerite bese edna vo nizata idiotski merki bez svrha. toj sto saka da faka krivini nema da faka krivini ako znae deka se snima kratko kazano. no najbedni se obidite na vmrovcinjata da ja odbranat ovaa inicijativa -- taka bilo na zapad, nie prostite ne sme znaele oni se nashetani na zapad. ama prostive partiski vojnicinja na zapad dali videle da nema vakcini, da nema citostatici, spricevi da haraat bubashvabi, da nema osnovno potrebno za bolnicite pa da se pocne od kamerite i tava investicija. reformi na zapad se pravat od dole nagore a ne obratno zapadnjachki vmrovchinja koi zapad go citirate amo koga vi odgovara. na zapad ne rakovodat so klinicki centri partiski vojnicinja stari 16 g a privatnosta e najsveto nesto. i tie znaele za zapad, ili mislevte na albanija zasto sega i taa vi e zapad
Од: jas
Датум: 30.12.2008 09:25:31
Sto znae dete , sto pred toa nema nitu eden den rabotno iskustvo..
Од: goran
Датум: 30.12.2008 09:47:49
BIZNIS!!! CIST BIZNIS!!! mnogu mu e gajle na grujo za bolnicite i pacientite, lebarkite, lekovite, gnasnite toeleti, drskite doktori! Bitno mu e negova firma da napravi biznis od EDEN MILION EVRA!!! i op pola za partijata, pa sto godini mrecna makedonija!
Од: viki
Датум: 30.12.2008 09:48:24
Navistina namesto vi se zabeleskite. Za zal nikoj dosega ne gi sogleda vistinskite prioriteti vo zdravstvoto. Sovremeni i ispravni aparati, lekovi, pomagala, higiena, cisti carsavi, rakavici, pa duri i plasticni creva za zemanje krv da ne se pravi so gumeni rakavici,A ova so kamerite treba , ako voopsto treba da dojde na kraj.
Од: Nikola Garvanlie
Датум: 30.12.2008 12:23:33
Za prioritetite na Ministerstvoto: Po kontinuiran dolgogodishen pridones vo fondot za zdravstvo zaradi dijagnoza carcinom na urinaren trakt zaradi recidiv, moram da primam intravezikalna terapija BCG, po protokol prifaten od megjunerarodni kompetentni medicinski ustanovi, vkluchuvajki gi i nashite kliniki. Na moe iznenaduvanje, lekot (BCG za intravezikalna aplikacija) ne e na listata na Biroto za lekovi! Treba da primam vkupno 18 dozi, a edna doza vo aptekite chini okolu 135 Euro, odnosno vkupno 2430 Euro. Kolku chini edna kamera , g-dine Minister za zdravstvo?
Од: Iko
Датум: 30.12.2008 12:25:35
Ma site vie ste protiv kamerite zatoa sto ne ste fotogenicni!!! Ete ni novinarkata ne stavila svoja slika.
Од: skopje
Датум: 30.12.2008 13:58:00
nema na drug nacin kako da ja sprecat korupcijata i baranje na pari za sekoj edinstven pregled pa zatoa mora da se fakaat ajducite so kameri. Koga svesta na doktorite ke se podigne na povisoko nivo kako na zapadot da mislat kako da mu pomognat na pacientot a ne da go pregleduvaat na rastojanie od 5 m, kako i da mu gledaaat vo djeb ke bide podrugo.
Од: Тодор
Датум: 30.12.2008 17:41:38
Вработените во здравството ако сакаат и без камери можат да видат кој од што боледува. Еоволно е само да ги прегледаат картоните. Затоа јас предлагам да се укинат и докторите. Таму најмногу се нарушува приватноста. Дури не тераат и да се соблекуваме голи пред нив.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал