Стевче Дечев
претс. на Детски парламент ДПМВ
Се будам и бидејќи собата ми е адаптирана во канцеларија, веднаш почнувам со компјутерите и Интернет. Денеска имаме проба со дечките од групата „О6“ пред нивното снимање во студио. Од многу обврски елката ми остана ненакитена, па денес ќе го сториме тоа со внука ми Мартина. Потоа, морам да се видам со друштвото на кафе за последен пат оваа година.
Јована Огненовска
писателка
Во 8 доаѓам во канцеларија, а веќе во 10 часот одам да го земам првиот примерок од мојата нова книга „Како до фантастичен сингл-живот“. Попладневниот шопинг ќе значи и последни подготовки за големата ноќ, за која ќе бидам во Белград, со драги лица.
Дејан Илиевски
бизнисмен
Предновогодишната треска не ме одминува. Гледам навреме да ги завршам сите обврски во мојот дуќан „Крин“, да се договориме со вработените за се' што треба да завршиме овие два дена, за потоа да можам слободно да се посветам на семејните обврски и плановите за новогодишниот дочек.
|