Непотребно се инволвирате во ситуација што не ја познавате доволно и така ги нервирате своите соработници. Прифатете ја добронамерната критика и немојте да ги одолжувате своите планови, важно е да го реализирате договорот. Потребна ви е поголема дискреција.
Бик
Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но тоа не треба дополнително да ве оптоварува или да го менува првобитниот став за работно-финансиската соработка. Порано или подоцна, се' ќе си дојде на свое место. Ви недостасува трпеливост, а на вашиот партнер емотивна храброст да се соочи со заедничкиот проблем.
Близнаци
Новите информации ви изгледаат како добра можност, но на работното место се' може да се измени. Големата амбиција или потребата за собирање материјални резултати не треба да ве наведе на погрешно однесување пред соработниците. Претпазливо анализирајте го однесувањето на блиското лице, важно е повремено да ги слушнете желбите или емотивните пораки на партнерот.
Рак
Постојано инсистирате во своите намери и преземате одреден ризик во деловната соработка. Ако имате добро претчувство, препуштете и' се на својата интуиција. Новиот успех треба дополнително да ве мотивира. На љубовниот состанок немојте да дозволите на вашиот партнер да му недостасува инспирација.
Лав
Некој го критикува вашиот начин на работа или стилот на однесување. Нема потреба да се спротивставувате на мислењето на другите, бидете разумни и прифатете нечии совети. Потрудете се да ја завршите започнатата работа во предвидениот рок. На состанокот со блиското лице, прикривањето на вистината само го одложува решавањето на заедничките проблеми.
Девица
Незаинтересирани сте на средбата со соработниците и зборувате за работи кои се работни тајни. Поради лошата процена, можни се дополнителни компликации, кои ја доведуваат во прашање реализацијата на заедничката акција. Насочете ги своите мисли во позитивен правец. Постои искрена личност која ви подарува искрени чувства и емотивно внимание, уживајте во заедничката среќа.
Вага
Претпазливо анализирајте ги новите случувања или, пак, важните промени на работната сцена. Немојте да дозволите некој неправедно да го оспорува вашето влијание или заслуга на заедничката акција. Постојано се обидувате да избегнете емотивна одговорност пред блиското лице. Сепак, не можете да ја избегнете вистината во ситуација што е очигледна.
Скорпија
Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или правила што ги диктираат вашите соработници. Не трошете ја својата драгоцена енергија на ситуации што не поминуваат забележано на работното место. Чувствувате емотивна несигурност, но прикривањето на вистината остава лошо влијание на блиското лице. Треба да имате поголема храброст.
Стрелец
Не можете во целост да ги остварите своите намери, но не се откажувате од своите амбициозни цели и барате разумно решение. Нечии идеи звучат многу поинтересно во моментот додека се слушаат отколку кога ќе започнат да се реализираат. На средбата со саканото лице не го постигнувате саканиот ефект, залудно се трудите да изгледате незаинтересирано за одредени случувања.
Водолија
Премногу сте горди да проговорите за своите проблеми или, пак, да побарате нечија интервенција. Потребно е да се ослободите од погрешната навика и да прифатите нечија идеја како добар патоказ. Успешните секогаш бараат добар совет. Немате причина да верувате во спонтан расплет на случувањата или љубовната среќа која доаѓа ненадејно.
Риби
Прифатете ја скромната работна понуда и немојте да ги потценувате интелектуалните способности на луѓето од вашата околина. Збунети сте пред соработниците и поради тоа вашето објаснување звучи неубедливо. Потребно е добро да ги усогласите своите мисли и чувства за да го зачувате своето достоинство пред лицето кое добро ги познава вашиот карактер и слабите точки.