Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Дејан Павлески

менаџер на клуб „Матица“

По вчерашните промоции на книгите „13 часа“ од Дион Мајер и „Обраќања“ на д-р Срѓан Керим, денов ќе си го посветам на себеси и на моите најблиски. Што се однесува до работата, релаксирано ќе ги составувам новите планови за реализација во периодот септември-јануари. Се разбира, семеен ручек и вечерна прошетка со Бранка и Јана.

Пламенка Трајковска

виолинистка

Првата обврска претпладнево е пробата со гудачкиот квартет „Марија“, со кој вечерва од 23 ч. имам настап во Куршумли-ан, во рамките на манифестацијата „Звуците на чаршијата“. Попладнето е за семеен ручек и малку одмор, па штом падне ноќта, започнуваат повторно подготовките за вечерашниот настап.

Зоран Николовски

туристички менаџер

Првото кафе го пијам со колегите во Министерството за економија, пред да започнеме со обврските околу тековните проекти за развој на туризмот. Во 11 ч. имам состанок во Собрание на град Скопје, за реализација на културните настани во градот. Попладне, ако е убаво времето, одам на адреналинска прошетка со мотор. Вечерта е за семејството.


#
Најди! во Утрински