Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Вашиот социјален карактер и желба за комуникација моментално се во прв план. Се чувствувате добро зашто сте задоволни со сите сегменти на животот. Ви годи дружење со Терезии затоа што тие се подинамични и поведри од вас. Партнерот се обидува да ве изненади пријатно. Ако не успее, одглумете задоволство, затоа што се труди.



БИК

Се јавува желба да се наметнете во она во што не сте вешти. Мора да бидете објективни кон себе доколку сакате од моменталната ситуација да извлечете максимум. Бидејќи настојувате да и' докажете на околината нешто што нема, се' повеќе запаѓате од грешка во грешка. Штедењето е вистинскиот спас.



БЛИЗНАЦИ

Решавате галантно да потрошите поголема сума пари за што долго размислувате. Се држите до девизата дека не сте толку богати за да купувате евтино. Цел ден се одвива во знакот на системот на вредности и преиспитувања. Можеби купувањето е начин да се компензира незадоволството.



РАК

Една Скорпија на која сте заборавиле ве потсетува со своето присуство дека се' уште не е избришана од вашето срце. Потребна и' е ваша помош и стручен совет. Бидејќи на материјален план се случуваат непријатности, денот можете да го направите попријатен со занимавање со убави работи, уживање во уметноста и духовноста.



ЛАВ

Здравствената ситуација не е на завидно ниво. Пожелно е да не донесувате значајни одлуки и да не повлекувате деловни потези, туку да се смирите и колку што е можно попасивно да го минете денот. Можеби прошетка во примамливо друштво на Овен или со Стрелец би била вистинска работа? Пробајте, нема што да изгубите.



ДЕВИЦА

Пред Девиците е пријатен ден. Не мора многу да работите, а време за муабет ќе имате многу. Никој како припадниците на овој комуникативен знак не умее толку слатко да пренесува трачеви, па само ним тоа не им се зема за зло. Партнерот, по којзнае кој пат, ја докажува љубовта. Не одбивајте го!



ТЕРЕЗИЈА

Денеска не очекувајте драстични промени. Бидејќи незадоволството е долготрајно и акумулирано, со тоа мора да се соживеете, но и да пронајдете начин како да го ублажите. Можеби хумористичната литература би можела да ви предизвика насмевка? Или да се сетите на ведри личности, па да ги поканите на прошетка.



СКОРПИЈА

На своја кожа чувствувате позитивна енергија, па прифаќате предизвици што ви ги нуди една вонсериска личност во вид на неодолив Рак. Ќе биде лудо и незаборавно, за што и да се работи. Покрај изобилството на страст, не пропуштајте ниту еден работен предизвик - понуди, договори, планови. Водете сметка да не заплеткате нешто.



СТРЕЛЕЦ

Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо растресен, сепак сте активни. Им одолевате на предизвиците. Упорно и одлучно истрајувате на сите фронтови. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака се само субјективни и брзо ќе поминат. Всушност, сите ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце.



ЈАРЕЦ

Дури сега е јасно поради што се однесувате чудно. Здравствената ситуација не е прекрасна, а секогаш се однесувате онака како што се чувствувате. Ништо не прикривате. Болеста е латентна, па може и отворено да се изрази. Наместо да се карате и да се нервирате, тргнете да ја санирате причината, т.е. залечете ги болните рани.



ВОДОЛИЈА

Идеално време за духовни и парапсихолошки искуства, како и за помагање на луѓето во неволја. Бидејќи реалноста е сурова и не ветува поволен исход на стариот проблем, се вртите кон плановите во врска со странство. Пожелно е да поведете повеќе сметка за себе и не дозволувајте никој да влијае на вас. Бикот ќе се обиде да ве поколеба во тоа.



РИБИ

Се чувствувате феноменално благодарение на успешно завршениот проект, поради кој стравувавте. Ве очекува напредок во работата, но исклучиво успех врзан за склучување договори. Не откажувајте се од нив, па макар и да се брачни. Во овој период, Рибите би требало да ја доживеат љубовта на својот живот доколку веќе не го сториле тоа.




#
Најди! во Утрински