Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Едиторијал

Едиторијал

Собирачи на фалсификати

Александра М. Митевска

Приказната за спроведување на законот и за владеење на правото на целата територија на државата што властите требаше да и' ја продадат на јавноста, доби неочекуван епски заплет во скопско Шуто Оризари.

Тоа што требаше да се прикаже како успех во битката против криминалот, се претвори во фијаско, што силно ги потресe трошните куќи и тесните и калливи улички во ромската населба. Шутка по вторпат за кратко време се најде во фокусот на интересирањето, откако првично не успеа азилантската авантура низ европските земји.

Солзавец и шок-бомби, дрвја и камења, најмалку 17 повредени ... се елементите од грдата слика што овој пат беше испратена од Македонија. Обидот да се воспостави ред заврши со безредија, што добија и социјална, па дури и политичка димензија, ако се има предвид изјавата на пратеникот Амди Бајрам дека станува збор за испланирано сценарио.

Жителите на првата ромска општина на Балканот не собираат пердуви како актерите во култниот филм со таков наслов од поранешните југословенски простори, кој сведочи за социјалната драма и за рустикалните обичаи на Ромите.

Јунаците во драмата што се одигра во Шутка си ја обезбедуваат егзистенцијата „собирајќи“ фалсификати (што некој друг ги пренел преку граница и ги дистрибуирал низ државата) и продавајќи ги на пазарот, кој со години е прочуен како место каде што можат да се купат евтини чевли и облека, но и како легло на сивата економија.

И, конечно, дојде време да се пресече тој канал, да се заштити интелектуалната сопственост - среде глобална економска криза, што силно ја тресе и државава. Првиот потег во таа насока властите го направија во социјално најранлива средина, со одред полиција и со демонстрација на сила, удирајќи по последиците, игнорирајќи ги причините.

Пробувајќи да уловат ситна риба, а заборавајќи дека рибата смрди од главата. Не водејќи сметка дека европските регулативите бараат потактична примена во балканска средина и дека со стихијно запленување на шверцуваната стока, не се купува социјален мир.

Таквите бомбастични, а лошо осмислени акции, без претходно да се подготви теренот и да се превенира претпоставениот отпор, најчесто, завршуваат неславно. Како што, на пример, пред многу години заврши неславно обидот да се сосече тобако-мафијата на Бит-пазар, каде што и ден-денес редовна глетка се препродавачите на цигари.

Нема дилеми дека полицајците во Шутка само си ја вршеа работата, дека законите мора да се почитуваат и дека прописите мора да важат секаде. Меѓутоа, без системски мерки за справување со црната економија, без ловење на големите босови - наместо на ситните трговци, без засилени контроли на границата и без создавање услови за економски прогрес, тешко ќе се воспостави ред во Шуто Оризари и на многуте други пазари низ државата каде што царуваат шверцот и фалсификатите.

Градоначалникот на Шуто Оризари, веројатно, е во право кога вели дека Ромите се мирен народ и дека не се неопходни двесте полицајци за да се спроведе една акција. Тој не е далеку од вистината и кога тврди дека мнозинството тамошни жители се сиромашни и дека пазарот им е единствен начин за обезбедување средства за живот и за школување на децата.

Тоа, впрочем, се истите деца на кои државата им наложува задолжително основно и средно образование, а на кои потоа не им нуди многу простор за вработување, така што се принудени да се снаоѓаат за да се одлепат од дното на егзистенцијата - макар и да дејствуваат на работ на законот.

Бидејќи, без пазарот, питачењето е втората опција што им преостанува на повеќето од нив.


#
Статијата е прочитана 1402 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 17.04.2010 00:22:06
Се додека ромите ги водат неписмени криминалци и простаци од типот на Амди Бајрам ќе бидат на маргините. А акцијата вчера е очигледен обид на дефокусирање на јавноста од проблемите кои оваа Влада не може да ги реши.
Од: jovan
Датум: 17.04.2010 00:41:57
Jas ja podrzuvam policijata, nema nikoj pravo da frla kamenja po niv. No edno ne mi e jasno. Kako toa otisle da konfiskuvaat FALSIFIKUVANA Roba, a nivniot prv policaec pred nekoj den javno se izjasni deka nosel FALSIFIKUVAN CASOVNIK. Ke frla li i on kamenja po policijata?
Од: sirma vojvoda
Датум: 17.04.2010 01:16:53
deneska ke gi podrzam feliksanite vo nivnite stavovi iako uste ne sum videla sto napisale i za ovoj problem sto se sluci javno priznavame i kazuvame i nie zaedno so vas BRANKO e kriv ova e negovo scenario uste gi drzi specijalcite pod negova komanda taka feliks dobra sum a?hehehehehehehe....OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Лазо Стефанов
Датум: 17.04.2010 07:32:07
Колку корупција толку сиромаштија.Колку неважење на правото, толку помалку инвестиции, толку помалку работни места, толку повеќе сиромаштија. Колку подалеку од ЕУ, толку поголема сиромаштија.
Од: Стојан
Датум: 17.04.2010 09:43:57
Ромите се на дното на социјалната скала. Невработеноста кај нив изнесува преку 95 проценти. Ако сега државата баш нив ги избрала да покаже дека сака да ѓи спроведува европските закони, треба прво да се праша кои алтернативи им остануваат на Ромите? Што треба тие да прават за да преживеат? Да крадат? Да пљачкаат? Да убиваат? Место да ги гони криминалците кои ги ограбугаат банките, МВР удира по најслабите. Фалсификати се продаваат и на Бит-пазар. Ако и таму се обидат да го сторат истото како во Шутка ќе има, по зборовите на еден ваш коментатор, „Хирошима“! Ромите нема да дозволат да им се одземе и последната можност за егзистенција и активно ќе се бранат. Каде е сега господинот министер Неждет Мустафа кој пред неколку дена се фалеше дека на Ромите им е добро во Македонија?
Од: Трпе
Датум: 17.04.2010 11:01:20
Ако бладата ,која многу остварува,се најде во тесно,веднаш монтира некој проблем.Заборавивме за овие четри години се што не се нагледавме.Но нели ова блада има програма и тоа проширена.На здравје мој напатен народе.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.04.2010 11:25:31
Верувам да водоотпорната студентка леди Сирма знае што е интелектуална сопственост и пиратерија,знае исто така да ЕУ жестоко бара од земјите кандидати да ги спречат продажбите на фалц брендовите.Да добиеме критика за однесувањето кое се заговара тогаш обратна ситуација,,Брисел фрли ракавица,, тогаш нема жал за Ромите ,тогаш кадее власта.Пречи исто така и премолчувањето за повредените полицајци од толпата која повеќето немаа врска со пазарџиите,тоа не ги засега коментаторите.
Од: Глава
Датум: 17.04.2010 11:59:13
Алал да им е. Покажаа дека се единствените во Македонија што имаат м_да. Нека одат инспекцијата и полицијата да ја проверат робата во ГТЦ и дгугите трговски центри. Истата роба од пазарот таму се продава десеткратно поскапа.
Од: tihi
Датум: 17.04.2010 12:52:54
Zakonite treba da se pocituvaat i sproveduvaat bez razlika koga , kade i komu.I tuka tocka.Bez komentari pa zasto sega, pa zasto ne tamo, pa zasto mene.Pa neli ste site za vo EU.A tamo prvo i osnovno e pocituvanje zakoni.A za komentarite deka nekoj drug bil kriv.On e toa so samoto svoe postoenje.
Од: jean luc picard
Датум: 17.04.2010 17:39:26
Ако народот е беден и мизерен, гладува, државата пропаѓа на секој можен план, што да се прави? Употреби ја римската финта, дај му на народот гладијаторски игри. Една таква гладијаторска игра видовме некни во Шутка. Само Ромите направија голема утка, што фрлаа камења по полицијата. Не се они криви, и они мора да слушаат секакви наредби од разноразни дебили. Камењата требаше да ги фрлат по наредбодавачите, односно оние што ги пратиле џандарите у Шутка. А што не демонстрира нашиов премиер Нико Џи сила на бит-пазар, у чаир или тетовес на пример? Е таму нема да летаат камења туку кашикари а калашот ќе свири шота-шота.
Од: ввв
Да��ум: 17.04.2010 21:31:04
Овој Феликс почна да ме нервира- ти свесен ли си дека некој мора да ја пушти таа роба да влезе во земјава. Ако не знаеш тоа е вашиот кадар В.Каргов и компанија. Криминалот барај го во вашите редови на царина, а не кај Ромите.
Од: Komentator
Датум: 17.04.2010 21:55:07
Osnoven problem na nasata drzava e da zakonite vazat za site gradani...A zosto toa ne e taka ima podlaboki koreni...Vo interes na nekoj si socijalen mir i "stabilnosta na drzavata"..se dozvoli ekonomski kriminal da se rasiri kako oktopod...I toa ne bi bilo ona sitno sto siromasni gradani onaka "na crno" prodavaat na pazarite se i sesto da se prehranat...Ama ima i druga strana na taa siva medalja...dali gi vidovte akterite i bunadiite na akcijata na policijata i inspekcijata...?? Dobro uhraneti obleceni vo "brendirani" jakni ne nalikuvaat bas na socijalni bedni Romi .Da tocno e deka vo Sutka ima mali haciendi pokraj lamarina i karton kuka...koj kako se snasol..vo negov siv biznis .ama dobro vika Amdi i negovata svita Romite dobro ziveat vo Sutka a toa tvrdam i jas koga za sunet i svadbi kako zagrozen i socijalen narod trosat nerazumni sumi pari ..a potoa molat klecat i karikiraat pred socialni sluzbi za 2000 denari pomos..Sekoja cest na iskljucoci
Од: MKD100
Датум: 17.04.2010 22:24:19
Ocigledno Feliks ima insajderski informacii i vo red e policijata sto go vospostavi redot. Toj moment ne e sporen.Sporna e zaplenata pred da dojdat specijalcite. Na Bosovite na Sutka sigurno toj eden kamion zapleneta stoka(kako sto bese objaveno vo mediumite) i ne im e nekoj zijan, a sigurno lugeto koi sto prodavaat najmnogu ke stradaat od zaplenata.No dali se tie najvinovnite i dali ne treba malku i od pogolemite glavi da se potskrati??? Koj im ja prodava na Romite taa roba??? Da ne odat site pazardzii od Sutka vo Istanbul po roba??? E ova koj ke go odgovori alal da mu e...
Од: Tome
Датум: 17.04.2010 23:38:33
Не е наше да коментираме дали требало да се прави акција, каде и кога. Битно е дека акцијата беше аматерски планирана и никој нема да превземе одговорност за целиот циркус, ако ништо друго барем пред колегите од полиција.
Од: Iznerviran
Датум: 18.04.2010 09:33:20
Предлагам за велепочитуваниот ни ФИРЕР да се донесе закон ( та и собранието е негово), за почитување на ликот и делото на возвишениот ни.Белки така ќе се стави крај на нападите од " клетите "непријатели и предавници.Ќе си има и своја држава и свои институции, свој народ, никој нема да смее да критикува - нарочно не владата.Убавина невидена.Виртуелниот свет кој го создава ќе " зaживее"барем во главите на бранителите на ликот и делото.Нас ќе ни остане да одиме во лудница.
Од: sebastian
Датум: 18.04.2010 12:24:05
зошто владата кога е толку „про-европски“ ориентирана не се зафати прво со спроведување на другите препораки (барања) од брисел, како на пример актуелниот закон против дискриминацијата, судските реформи, решавањето на проблемот со името туку се нафрла на најранливата категорија граѓани - социјално слабите? или на списокот на приоритетите на прво место им е заштитата на „интелектуалната“ сопственост на Армани??

Најди! во Утрински
Едиторијал