Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Син се обиде да го убие татка си поради дрога

ГОСТИВАР - Наркозависник се обидел да го убие татка си, избодувајќи го со нож по расправија за дрога во гостиварското село Форино. Полицијата трага по напаѓачот, кој е во бегство.

Во саботата навечер околу 22,45 часот во дворот на семејната куќа на гостиварецот А.И. (52) се случувала вистинска драма. Неговиот син В.И., зависник од дрога, кој често земал предмети од дома и ги препродавал за да купи наркотични средства, при расправија со татка си зел нож и го избодел. Единствениот убод во стомакот на педесет и двегодишниот А.И. бил фатален. Напаѓачот по немилиот настан, веднаш побегнал.

Повредениот А.И. е пренесен во гостиварската болница и по санирањето на повредата, е задржан на лекување. Неговата здравствена состојба е стабилна. Според изјавата на дежурниот лекар, кај повредениот била констатирана убодна рана од нож во пределот на стомакот.

Пред да се случи обидот за убиство, како што информираат од МВР, претходела расправија меѓу таткото и синот. В.И. за да обезбеди пари за набавка дрога, од домот земал разни предмети и делови од возила и ги продавал. Полицијата презема активности за негово пронаоѓање. (К.К.)


#
Статијата е прочитана 1524 пати.

Испрати коментар

Од: Јас сум Душко, уапсете ме
Датум: 26.07.2010 07:40:48
Ете што прави дрогата! Каде се сега СДС да направат маички и да маршираат за подршка на наркоманијата?
Од: Irena
Датум: 26.07.2010 09:24:43
zarem zborot "fatalen" ne znaci deka go usmrtil covekot?!
Од: Davor Kamenko
Датум: 26.07.2010 09:27:50
Znaci vmro-OVCI mnogu ste glupi zimi se!!! Se fakate ko pijani za stap za edni isti gluposti sto moze da proizlezat samo od idiotite od vasite redovi! Ona sto se sluci vo Bitola nema nikakva vrska so bilo koj drug slucaj na droga vo drzavava! A mnogu dobro znaeme koj izleguva na strana na ubijcite, kade e Alen da lezi za covekot sto go ubi na Partizanska??? Aj da ve cujam sto ke kazete sega? I sdsm da brani narko dileri (sto imale konop na nivite), vie branite UBIEC!!! Ete ti sto pravi VMRO i ovcarot na celo!!

Најди! во Утрински
Хроника
Духовите на починатите ги прогонуваат живите на „Фејсбук“
Лажни купувачи на икони измамиле струмичанец