Лажни купувачи на икони измамиле струмичанец
Двајца лажни купувачи на икони измамиле струмичанец одземајќи му 500 евра и 10 илјади денари. Според МВР, измамата се случила во саботата пред зградата на ФОН во Струмица. Двајцата измамници го начекале Д.Д.(79) и му се претставиле дека едниот е од Гевгелија, а другиот од Русија и се заинтересирани да ја посетат црквата „Св. 15 Тиверополски маченици“. Тие почнале да се расправаат пред струмичанецот, наводно, околу икона што сакале да ја купат, за што требало да платат во евра или во денари.
Тие побарале пари од него, а како залог му понудиле златна алка што вредела 10.000 долари. Кога им ги дал парите, тие побегнале, по што случајот го пријавил во полиција. |