Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Канческа-Милевска да поднесе оставка

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска да си поднесе оставка или да биде разрешена. Во спротивно, СДСМ ќе поднесе интерпелација.

Ова во името на опозицијата вчера го побара членот на Извршниот одбор на СДСМ, Игор Ивановски, потенцирајќи дека нивните досегашни докази за отворениот случај „Патриотска метла“ се доволни за министерката да понесе одговорност.

Ивановски посочи дека мегааферата покажала дека во Министерството исчезнал дел од тендерска документација и дека Канческа обидувајќи се да ја избегне сопствената одговорност се служи со лаги и манипулации. „Наместо министерката со денови да се крие зад фасцикли, регистри и нервозно и конфузно да прави театар, треба конкретно да одговори. Зошто не ги покажа понудите и конкурсните трудови за седум завршени тендери на кои се избрани фирми и кои се платени со народни пари? Говориме не за поништени, туку за седум важечки тендери“, потенцираше вчера Ивановски, според кого, и потврдата од МВР дека е поднесена пријава за исчезнати документи од Министерството за култура, претставува доказ за „патриотската метла“.

Од Кабинетот на министерката вчера накусо информираа дека за нив случајот е затворен и дека на јавноста и' ја презентирале целокупната документација за случајот.

„Со Игор Ивановски-Шема ќе се видиме на суд врз основа на двете кривични пријави за клевета што веќе ги поднесовме, и тоа за наводно исчезнување на ‘документација од милионски суми‘ и за ‘склучување договори во четири очи‘“, дополнија од Кабинетот на министерката. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 764 пати.

Испрати коментар

Од: Петар Трајков
Датум: 09.11.2010 19:14:45
Министерката Канческа, за културата во Македонија направи повеќе од сите нејзини претходници заедно. Нејзината трудољубивост, способност, ангажираност и вероватно и љубов за она што го работи, во голема мера допринесе културата да почнува да го добива местото кое и припаѓа во општеството. Никој до сега не се зафатил со градба на толку значајни објекти потребни за културното живеење. Таа не само што ги започна туку и ќе ги заврши. Да се обвинува за губење на некакви документи е недоквакана глупост од кујната на СДСМ. И’ пожелувам и понатаму да продолжи со исто темпо во својата успешна работа. Камо и другите министри да се како неа.

Најди! во Утрински
Скопје
Контролорите во ЈСП казнуваат за поголеми плати
Титовата порака симната од Музејот
Четири нови тениски терени во Аеродром






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'