Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Контролорите во ЈСП казнуваат за поголеми плати

Односот спрема патниците е понижувачки, иако најчесто тие воопшто не се виновни

Снежана Калабакова


Ако не сакате да бидете понижени и обвинети дека се шверцувате во автобус на ЈСП, внимавајте кога го поништувате билетот на влегување. Ако поништувачот лошо го поништи билетот, а вие не го забележите тоа и ако ја имате таа среќа да влезе контрола, сигурно е дека грешката, иако не ваша, ќе ве чини скапо. Зашто, контролорите на ЈСП како да работат на процент, ќе ве казнат без око да им трепне. Оти, колку повеќе казни напишат, толку поголема плата ќе земат.

Но, не само што казнуваат, туку нивниот однос спрема патниците е за секаква критика. За технички пропуст на сопствените поништувачи ги напаѓаат патниците. Дрско и безобразно со највулгарни зборови јавно ги линчуваат граѓаните. Љубезниот однос спрема патниците кои секогаш се во право, барем според кодексот на однесување до кој би требало да се придржуваат сите еднакво, за контролорите очигледно не важи. Тие казнуваат и чесни граѓани што си платиле билет и никогаш во животот ниту помислиле, а не да се обидат, пак, да се шверцуваат во автобус.

За да казнат, на контролорите им е доволно поништувачот да не го отчукал добро билетот, иако патникот смета дека со неговиот билет е в ред. Тогаш на сцена стапуваат контролорите. Веднаш почнуваат да мавтаат со најстрогата казна од 6.000 денари. Во најдобар случај, затечениот граѓанин може да се испазари и на лице место да плати само 200 денари. На ваков начин контролорите процентуално си ја зголемуваат платата. Тие, инаку, добро знаат кои се шверцерите и веројатно уште подобро се информирани на кои линии се поприсутни. Ваквите напади врз граѓаните се со една цел - колку повеќе казни, толку поголема плата. Мотив за казнување им се и лошо поништените билети од рацете на возачот, кој ги поткинува билетите кога му се блокира поништувачот.

„Возејќи се во број ’15‘, доживеав невидена атака од контролор-насилник. Со уредно поништен билет за пет возења, контролорот, не можејќи да евидентира што е отпечатено, дрско ми побара лична карта. Не сфаќајќи што се случува, побарав образложение, но неговото хулиганско однесување го привлече вниманието на сите патници. Почна да ми пишува казна за суд, кога неговиот колега ми понуди друга опција – да платам во автобус. Се најдов буквално затечена. Се почувствував мизерно и без збор му платив 200 денари, иако и самата не знаев зошто. Никогаш не ми паднало на ум да се шверцувам, а камоли некаков примитивец да процени дека имам таква намера. Друг пат никогаш нема да влезам во автобус на ЈСП“, објасни Маријана Симоновска.

Директорот на ЈСП „Скопје“, Мишо Николов, вели дека за контролорите допрва ќе следува обука како треба да се однесуваат спрема патниците. Обуката ќе ја спроведувал лично тој! Потврдува дека претпријатието се соочува со финансиски проблеми и дека негова била директивата колку повеќе казни ќе наплатат контролорите, толку повеќе ќе им се зголеми платата. Но, додава дека кодексот на однесување ги обврзува да бидат љубезни и културни спрема патникот. Тој вели дека ваквото однесување нема да го толерира и дека тоа, всушност, е резултат на неодамнешното намалување на платите откако неговиот претходник, Александар Бошковиќ, и поранешниот градоначалник Трифун Костовски ги израмниле со платите на лекарите. „Реформите болат, но мора да се спроведат“, вели Николов.


#
Статијата е прочитана 983 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 09.11.2010 12:31:49
vo gradski site se isti od najgore do najdole da ne zborime za toa direktorot veli sega doprva ke ima obuka za dobro i kulturno ponasanje kaj bea do sega vo gradski nisto ne funkcionira i oni samite go znaat ama taka im odgovarabruka za celiot grad
Од: L.Siskovska
Датум: 09.11.2010 12:52:58
Vozejki se vo avt. 2 vlegoa 3 kontrolori albanci, avtobusot bese poln so ucenici od alb.nacionalnost no za zal nikoj od niv ne plati kazna,a nemaa bileti pa prasajte se za kogo vazat kaznite?
Од: RND
Датум: 09.11.2010 15:37:38
Kaznite se sekogas za gradjanite koi ne pripagaat da "ramkovniot", taka da dokolku ne ste "privilegirani" - sekako deka ke vi se kacat na glava!!! Koga vo 2, 9, 19 itn... ke im se naplati karta na svercerite - togas i jas ke platam. Ako me fata - ke glumam "spanec"
Од: Komentator
Датум: 09.11.2010 18:06:08
Sekako trebe kazni...a i onie sto se provlekuvaat kako "lejdi gaga" "ser gaga" samo jas na kogo da mu zalepam kazna sto me osakatija vo drzavno predprijatie neplakaji mi realen doprinos za penzija ..i me ostetija za 30% ...Tuku narodot vika sekoj si place na svojot grob...!!
Од: wanna be kontrolor
Датум: 09.11.2010 18:11:50
"...е резултат на неодамнешното намалување на платите откако неговиот претходник, Александар Бошковиќ, и поранешниот градоначалник Трифун Костовски ги израмниле со платите на лекарите" Чекај, не сфаќам... ај пак .."неодамнешното намалување на платите - ги израмниле со платите на лекарите.." Значи до скоро контролор во ЈСП бил подобро платен од лекар. ХА. Будали луѓе што со години учат да станат доктори... Туку ова ми беше зборот, за добро однесување не е потребна обука, домашно воспитување треба. Ама ај оди воспитај вол од 50 години, касно е за него...
Од: boris
Датум: 10.11.2010 02:16:23
Текстот е тенденциозен и претеран.Не може некој изолиран случај со контролорите и лошиот нивни пристап да се генерализира целото претпријатие.Секако дека ЈСП има сериозни проблеми во секој поглед,но јас секојдневно се возам во тие автобуси и до сега за 2 децении не сум слушнал,ниту видел секогаш вакво нешто да се случувало.А што се однесува до дивјаците од 2,9 и 19-ка,да,точно е и тие линии не верувам дека се рентабилни,а таму не треба контролори туку специјалци со јаки пендреци и само ќотек,а не казни!
Од: Mira
Датум: 10.11.2010 08:09:08
Ovie od JSP najdoa pa zajdoa ....do pred nekoja godina placea kako mali deca deka im se potrebni pari od budzet a sega otkako gi dobija si gi podelija za plati. Kaj se videlo doktor so nad 10 godini shkolo i kontrolor bez shkolo ili pak so nekoe osnovno da zemaat ista plata. OVA GO NEMA NIKADE, ....SRAMOTA

Најди! во Утрински
Скопје
Канческа-Милевска да поднесе оставка
Титовата порака симната од Музејот
Четири нови тениски терени во Аеродром






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'