Хороскоп
ОВЕН
Друштвената црта на карактерот е нагласена , па настојувајте да ја остварите. Кога нешто ќе си зададете себеси, нема сила што може да ве спречи. Ви г��ди друштвото на истомислениците, особено ако се уметнички насочени. Ве очекува нова интересна љубовна врска.
БИК
Ја сфаќате болката на ваше блиско лице, па се трудите да го извлечете на најдобар можен начин. Ќе биде потешко отколку што можевте да претпоставите. Станува збор за лоша комбинација, а тоа е незадоволство и храброст да ставите граница.
БЛИЗНАЦИ
Пречката пред која се наоѓате бара вложување енергија. Но, се поставува прашањето колку постои желба за совладување на кризната ситуација. Очигледно, дружењето со проблемите е работа без која не можете. Партнерот не ве поддржува, а тоа ве излудува.
РАК
Денот го минувате опкружени со луѓе, сјај и луксуз. Уметничката наклонетост е силна, естетското тежнеење уште посилно, па затоа и ви пречат сите ситуации што не ги исполнуваат вашите критериуми. Најважно е тоа што се чувствувате и изгледате одлично.
ЛАВ
Благодарение на позитивниот пристап на животот и решавањето на професионалните проблеми, ќе се чувствувате прилично задоволни. Борбата за добивање моќ и углед моментно не се исплати, па затоа не трудете се. Помошта од пријателите никогаш не е за фрлање.
ДЕВИЦА
Поемотивни сте од вообичаено. Барате грешки таму каде што ги нема. Тоа првенствено се однесува на децата и на партнерот. Пожелно е да се занимавате со спорт за да го исфрлите вишокот енергија. Побарајте го најадекватниот начин за да го сторите тоа.
ТЕРЕЗИЈА
Генерално, добро се чувствувате, но можни се повреди од различен вид. Внимавајте да не се јават проблеми со законот. Незадоволни сте од себе, а тоа е најопасно, бидејќи може да влијае на вашето здравје. Психата е на удар и наклонети сте на болести од тој тип.
СКОРПИЈА
Постојат морални норми, зарем не? По природа сте авантуристи, но доколку не застанете на земја може многу да погрешите. Правдата е бавна, но достижна. Можни се проблеми со здравјет��, особено со желудникот, кои можат да прераснат во нешто посериозно.
СТРЕЛЕЦ
Желбата за доминација е прилично силна. Голем дел од припадниците на знакот не се свесни за сопствените слабости, па влегуваат во проблеми. Материјалното го занемарувате и со право сфаќате дека тоа е нешто без кое се може. Најдете златна средина.
ЈАРЕЦ
Со партнерот настануваат расправии и незадоволство. Чувствителни сте на неговите критики и затоа сте нервозни. Размислете дали сте во состојба нешто да избегнете. Најдобар начин е да се дистанцирате од него за да можете јасно да ги процените грешките.
ВОДОЛИЈА
Денес се чувствувате прекрасно. Конечно, се олабавивте од многуте обврски, кои прекрасно ги обработивте. На емотивен план почнува нешто убаво да се случува. Планетите малку доцнат со исполнување на желбите, но во вашиот живот го внесуваат она што ви е најпотребно - љубовта.
РИБИ
Напнатоста и стресовите во љубовниот живот можат да доведат раскинување на врската. Не сте сигурни дека партнерот е вистинското лице за вас. Но, најлошо од се' е што немате храброст да преземете конкретен чекор. Потребна ви е сила, мало приземјување и олабавување.
|