Собранието го избра составот на Анкетната
Собранието вчера едногласно со 76 гласови „за“ го изгласа составот на Анкетната комисија за инцидентот меѓу пратениците од опозицијата и собраниското обезбедување. Со комисијата ќе претседава Хајрула Мисини од ДУИ, а членови ќе бидат пратениците Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ, Соња Мираковска од НСДП и Менде Диневски од СДСМ. Комисијата има рок од 60 дена да го разгледа инцидентот и на Собранието да му поднесе извештај за инцидентот од 1 јули. Одлуката за Анкетната комисија во рок од седум дена треба да биде објавена во „Службен весник“. Пратениците од 1 август одат на одмор, најмалку три недели, па Комисијата со работа најверојатно ќе почне во септември. (O.В.) |