Фиксниот курс на денарот не се брани со експанзивна буџетска политика
Нина Нинеска-Фиданоска Александрија Стевковска
Тропа ли на врата потребата од девалвација на денарот? Откако Меѓународниот монетарен фонд, како и рејтинг-агенциите „Фич“ и „Стандард и Пјурс“ предупредија на големата опасност што ја носи со себе драматичниот раст на трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка во земјава, што може да ја направи Македонија презадолжена држава, поранешните министри за финансии Никола Поповски и Џевдет Хајредини одат и чекор понатаму, укажувајќи дека со вакви економски движења во наредниот период може да се наметне потребата од девалвација на домашната валута.
За македонските власти, пак, и овие пораки не се доволни, па тие и натаму тврдат дека нема никаква опасност од девалвација, односно дека е загарантирана макроекономската стабилност.
Според ексминистерот за финансии Никола Поповски, предупредувањата од ММФ и од „Стандард и Пјурс“, а неодамна и од „Фич“, практично се исти. „Тие, всушност, се токму она што поголем број луѓе од земјава долго време и' го укажуваат на власта, а таа упорно го игнорира“, изјави за „Утрински“ поранешниот прв финансиер Никола Поповски. Според него, фискалната и буџетската политика што ги води оваа власт се многу проблематични. „Тие воопшто не водат сметка за некои битни работи, а тоа се трговскиот дефицит, дефицитот на тековната сметка и фискалниот дефицит. Овие проблеми, можеби не на краток рок од една до две години, но тогаш сигурно на среден рок, за три-четири години, можат да предизвикаат сериозни диспаритети во економијата“, објаснува Поповски.
Според него, Македонија го има одбрано фиксниот курс на денарот, но тој модел не се брани со ваква фискална и буџетска политика. „Резултатот може да биде потребата од девалвација на денарот, ако нешто многу брзо не се преземе. Тоа е кратење на фискалниот дефицит и пренасочување на буџетските трошоци од тековни кон инвестициони, со контрола врз внатрешната побарувачка во Македонија. За девизните резерви веќе од сите страни се укажува дека се топат под нивото прифатливо за Македонија, па ако нешто не се преземе, тој тренд ќе продолжи, а потоа ќе биде доцна“, објаснува Поповски. Тој уште попрецизно го презентира своето размислување. „Не мислам дека девалвацијата ни е на врата. Но, ако трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка продолжи со толку високо ниво и во 2009 година и ако Владата не го намали фискалниот дефицит, веќе во 2010 година ќе имаме проблеми во земјава“, смета поранешниот министер. И конечно, Поповски со порака до властите во земјава: „Ако Владата смета дека и ММФ и ’Стандард и Пјурс‘ и ’Фич‘ и сите домашни експерти не се во право, тогаш може да продолжи со својата тврдоглава политика“.
Слични размислувања околу владината буџетска политика има и поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. „Буџетот е проектиран за изборна година, а не за стабилност на економијата. Македонија со ваков буџет ќе влезе во уште подлабока натамошна криза ако не се направат крупни промени, а тоа е да се намалат непродуктивните буџетски расходи. Господ нека ни е напомош со ваков буџет“, констатира Хајредини. Според овој експерт, многу е нејасно како Владата предвиде 330 милиони евра за справување со кризата, а кажува дека тоа нема да се одрази во Буџетот. Хајредини објаснува дека со олку висок буџетски дефицит, тие средства ќе мора да се обезбедат од некаде, па власта ќе мора да одговори од каде ќе и' дојдат тие пари. Затоа е логично предупредувањето дека може да дојде до големо задолжување на земјата. „Битно е дали државата ќе има способност да го враќа тој долг. Може да се случи државата да не биде способна да ги отплаќа ануитетите, како во времето на поранешна Југославија, но проблем е што оваа власт не учи од грешките на историјата“, укажува Хајредини. И овој ексминистер не ја исклучува можноста да има потреба од девалвација. „Во ваква ситуација може да се појави притисок за девалвација на денарот“, предупредува Хајредини.
Резидентниот претставник на ММФ за Македонија Берт Ван Селм, во својата колумна за „Утрински“, укажа на големата опасност што ја носи трговскиот дефицит. „Дефицитот во тековната сметка на Македонија - што во основа е трговскиот биланс, вклучително и приватните дознаки - длабоко се продлабочи“, пишува Ван Селм. „Скорешниот меѓународен финансиски виор би можел дополнително да го зголеми македонскиот надворешен дефицит и да го отежне неговото финансирање“, предупредува Ван Селм. Тој предупредува дека надворешниот долг на Македонија би можел да достигне скоро двојно ниво од стандардните 40 отсто до 2011 година. Според него, во услови на режим на фиксен девизен курс на Македонија, најмоќното средство на макроекономската политика е фискалната политика. „Со задржување на фискалниот вишок во 2008 година и со речиси избалансиран буџет за 2009 година, владата би требало да помогне за намалување на надворешниот дефицит“, појаснува Ван Селм.
Слично предупредувања стигнаа и од „Стандард и Пјурс“. Таа агенција го направи првиот чекор кон можно деградирање на девизниот рејтинг на Македонија. Агенцијата се осврна на „брзо влошување на македонскиот дефицит на тековна сметка“. Таа неурамнотеженост и намалената достапност на надворешно финансирање, според агенцијата, би можеле да доведат до послаб развој и притисок врз девизниот курс на Македонија, кој е врзан за еврото.
Гувернерот Гошев завчера повторно категорично потврди дека Народна банка на Македонија со сите сили ќе ја брани стабилноста на девизниот курс. Тој се согласи дека растечкиот трговски дефицит може да изврши притисоци врз тековната сметка на платниот промет, но изрази уверување дека стабилноста на денарот нема да биде доведена во прашање. „Централната банка останува на својата зацртана стратегија да ја одржи стабилноста на денарот и таа политика продолжува“, изјави Гошев.
Министерот за финансии Трајко Славески објавената анализа на агенцијата „Стандард и Пјурс“ ја окарактеризира како лошо интерпретирана и лошо читање и цитирање на извештајот во делот во кој се посочува опасност за загрозување на рејтингот на македонската валута, па дури и навестувања за девалвација на денарот. „Тоа е погрешно интерпретирање на извештајот и не е точно дека се однесува на вредноста на денарот. Демантираме дека Владата и НБМ, кои заеднички се одговорни за рејтингот на девизниот курс, размислуваат за каква било промена на курсот на националната валута, што воопшто не е спомнато во извештајот на кредитната агенција“, изјави вчера Славески.
Тој појасни дека под кредитен рејтинг на една држава се подразбира способност на државата навремено и адекватно да ги сервисира своите достасани обврски, односно нејзината атрактивност за привлекување странски капитал. „Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Стандард и Пјурс“ не се однесува само на Македонија, туку се работи за генерален пристап за сите земји во Европа, освен Словачка. Вака дефиниран кредитен рејтинг се однесува на долгот на државата во странска и во домашна валута и оттука намалување на вредноста на кредитниот рејтинг за долгот на земјава во домашна валута во никој случај не се однесува на курсот на домашната национална валута“, потенцираше министерот за финансии. Според Славески, претпоставките на кредитната агенција за намалување на кредитниот рејтинг е дека ќе има намалување на ликвидноста, односно потежок пристап до финансиски средства како резултат на глобалната финансиска криза. „За ’Стандард и Пјурс‘ наводна е нарушена ликвидноста во државата, што не може да се земе како точен и прецизен факт, имајќи предвид дека банките во земјава располагаат со доволно финансиски средства да одговорат на потребите, и на стопанството и на граѓаните“, смета Славески.
Тој се осврна и на опасностите кои демнат од растечките дефицити. „Се наметнува потребата за будно следење на трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка, поради неизвесноста до каде ќе допре рецесијата врз потрошувачката за некои наши производи. Во секој случај, Владата и НБМ се способни да обезбедат стабилност на девизниот курс.
И експертите со свој став. Потсетувајќи дека Македонија во изминатите години редовно имала мал буџетски дефицит, академик Таки Фити предупреди дека проектираниот дефицит од 2,8 отсто на краток рок може да биде полезен, но на среден и на долг рок може да има импликации.
inaku ovie firmi se istite koi go sovetuvaat i americkoto rakovotstvo..pod nivnite ,,golemi soveti,, padna americkata ekonomija,a eve se poblisku do toa e i evropskata..tie edvaj cekaat kako lesinari da im podmetnat svoi kapitel i da gi kleknat na noze drzavite otkako ke namaat da im vratat.zatoa pod itno treba da se izbrkaat ovie lesinari od mmf a ovon ,,domasen strucnjak,, neka se zamisli sto on napravi dodeka bese na drzavni jasli.zatoa neka ne trese zeleni-ako ne moze da pomogne(a sigurno nema vrska so toa i ne e nekoj si strucnjak) podobro neka si gleda vo svoeto dvorce
Од: filip
Датум: 04.12.2008 00:30:54
i pokraj namaluvanjeto na proizvodite vo svetot,kaj nas ke prodolzi trendot na pokacuvanje taka shto ke se soocime povtorno so inflacija.
Од: ana
Датум: 04.12.2008 01:30:43
Toa sto site go zborea dve godini sega go kazaa i od stanstvo. Dobro veli Popovski "ako vladata misli deka site osven nea ne se vo pravo neka si prodolzi so tvrdoglavosta" samo sto nie a ne vladata ke patime.
Од: do commanddevil
Датум: 04.12.2008 04:54:26
Aman be COMANDATE daj tebe da te stavime za VMROVSKI strucnjak belkim ti ke ja opravis drzavava zosto tvojot Grujo ja opleska. Dosta ni e od tvojte reklami, beter si od Gruevski po televiziive. Od tebe covek ne moze da otvori stranica, segde te ima i samo treses GLUPOSTI. Daj malku olabavi, glej si TI svoj dvor svoja kuka i ostaj gi strucnjacite bez razlika od koja partija i da se. Ako si tolku znaen ti se cudam na pametot, daj apliciraj vo vladava belkim ke te stavat za Minister do Gruevski pa togas raboti 26/7 a ne ovde.
Од: Iko
Датум: 04.12.2008 08:05:52
Svetskite ekonomski eksperti uspesno predvidele 9 od dosegasnite 5 ekonomski krizi!
Од: Sovest
Датум: 04.12.2008 08:20:03
Ako dobro razbrav pak novinarite i nezavisnite eksperti po ekonomski prasanja pogresno interpretirale.Samo vladata tochno chita i tokmu toa me i plashi kolku tie stanuvaat odletani vo visochina.Navodno kaj nas nemashe da ima kriza i tokmu poradi toa strancite ke investirale kaj nas,nie nemashe da trpime od sluchuvanjata vo svetot nebare ziveeme na Mars,nemashe potreba od merki za spas od krizata bidejki so Aleksandar Makedonski na chelo nie sme najsilni.Seto ova shto se sluchuva vo Makedonija ke ne pogodi posilno od vojnata vo 2001.Site signali vodat kon toa deka vo Makedonija se voveduva diktatura koja ke ne izolira ke ne stisne nas graganite,novinarite,sudiite,policijata..... celoto opshtesvo koe nema da moze da istrpi popraven zoshto godinite izminuvaat a lugeto se premoreni od vakvi samobendisani i suetni politichari
Од: Петар
Датум: 04.12.2008 08:24:54
Девалвација само би го осиромашила народот,без други позитивни ефекти. Сите производи се врзани со еврото. Дури и телефонските разговори странскиот газда ни ги наплаќа во евра. Бензинот, житото, струјата, автомобилите и тн. се плаќаме во евра. По девалвацијата сите цен�� веднаш би скокнале за ист процент. Ќе останат намалени само платите и намалена куповна моќ, која и сега е на најниско ниво. И веднаш потоа пак штрајкови. Затоа евентуална девалвација би била погубна и за народот па и за државата. Девалвација има логика само ако државата печати пари и прави инфлација, но тоа не е случај кај нас.
Од: zoran zaev - vcera pres
Датум: 04.12.2008 08:57:13
Од прва до последна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ги критикуваше десетте владини мерки за помош на стопанството во државава поради кризата во светската економија, констатирајќи дека претставуваат осмислен начин на Владата да ги наплати државните побарувања, а не реално да му помогне на стопанството. За тоа што стопанските комори во Македонија ги поздравија и поддржаа мерките, Заев со коментар дека “коморите беа насанкани на двете мерки, ослободување од обврска за плаќање данок на нераспределена добивка и намалување на царините“.
“Мерките се алхемичарски потези на премиерот, а не значат отстапки од своето за реална помош и ваквите мерки немаат никаков ефект. Овие 10 мерки се потврда за квази загриженост. Воопшто нема да и помогнат на Македонија и нема потреба да се размислува за ребаланс на Буџетот“, рече Заев.
Во однос на мерката - отпишување на постојните обврски за здравствено осигурување и тоа доколку редовно во наредните 4 години се сервисираат тековните обврски за зд
Од: kristo
Датум: 04.12.2008 11:15:42
bese popovski ednas minister pa mnogu zalna Makedonija napreduvase za vreme na negovoto ministeruvanje. -epten golem strucnjak-
Од: Од Од: do commanddevil Датум: 04.12.2008 04:54:26
Датум: 04.12.2008 11:43:34
Сommanddevil е во право. Прочитај ја книгата од бившиот економски рекетар од редовите на УСАИД, Светската банка и ММФ Џон Перкинс и се ќе ти стане јасно. Топло ја препорачувам на сите не самоп на тебе. Книгата се вика Confessions of an Economic Hit Man. Еве и неколку линка
http://video.google.com/videosearch?hl=sv&q=Confessions+of+an+Economic+Hit+Man&um=1&ie=UTF-8&sa=X&oi=video_result_group&resnum=4&ct=title#
http://en.wikipedia.org/wiki/Confessions_of_an_Economic_Hit_Man
http://www.economichitman.com/
http://www.democracynow.org/2004/11/9/confessions_of_an_economic_hit_man
Од: andre
Датум: 04.12.2008 12:16:20
za zal vo mak mnogu ne razbirat sto e toa trgovski deficit a toa e prosto koj ce ja plati razlikata od 2milijardi evra?no vmro se pravat toso kako i so mnogu neste da ispokradat pa neka mu misli sds posle koga ce nasledi milijardi deficit pa posle toa ce go iskoristat za marketing ete sds ne gi biva.....no vmro mislam ce iznenadi so dvacija ama po pametot na grujo toa ne moze da bide pred nova godina a sto nosi ovopj vestacki kurs?navrabotenost,tesko odi izvoz,budzetot go unistuva stopanstvoto t.e. katastrofa na piovidok zamislete mak po mandatot na vmro so 10milijardi evra deficit........
Од: commanddevil do ,,do komandevil,,
Датум: 04.12.2008 12:18:44
abe brat..ako ne ti se sbvigja sto citas -imas kopce delete i mozes da si odis kade sakas da citas.za razlika od tebe nesto kazav a ti samo lupas gluposti kako maksim po divizija..ocigledno si od stab na sds-to ili od bednoto ldp-j4e..ti rekov -ne gubi vreme da citas -tvoj problem -i ...setaj ako ne znaes sto da kazes od svoe ime.ova e tipicno za sdsm4injata--prazni,suplivi,za nisto poim nemaat ama za da kritikuvaat nekogo prvi se..a mene --za tvoja zal=ke me ima sakal ti ili ne ..heheheh
Од: broker
Датум: 04.12.2008 12:26:06
Nie moze da se zezame i da se prepukuvame koj e pogolem SDS ili VMRO. ALi bidete sigurni deka dvacija ke ima samo prashanje e procentot.
Na vladava i odgovara segashnava situacija bidejki imaat formalno pokritie deka za dvacijata ne se tie krivi tuku svetskata . finasiska kriza. Inaku edna dvacija ima da i legne na vldata kako kec na deset bidejki so toa ke gi pokrie site ovie pokachuvanja na plati vo drzavanata adminsitracija, penzioneri reklmai itd.
Од: Antony
Датум: 04.12.2008 17:05:00
Momentalno Makedonija se soocuva so STAGFLACIJA potocno EkonomskaStagnacija so zgolemena Inflacija.Inflacijata kako sto znaeme ne e prirodna pojava niti nekojsi zamislen zbor tuku e zgolemenoto "PECATENJE" na pari so sto kolicinata se zgolemuva a vrednosta na Parata se namaluva.
Vsushnost Inflacijata e SKRIEN DANOK na drzavata prema graganite.Najdobro da se zastitete od Inflacijata e kupuvanje na "nedviznosti" ili ZLATO.