Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter
Забава

Финале на детската емисија „Ај, ти замижи“ во Универзална

На завршната манифестација ќе бидат доделени и статуетки за најнаставничка, најучилиште, најградинка...

Една од најпопуларните детски емисии „Ај, ти замижи“, која се емитува на ТВ Телма, под водство на шармантниот Ивце Пивце, во вторник на 10 јуни во 20 часот ќе ја има својата завршна манифестација во Универзална сала во Скопје. „Идејата за финалето потекна уште од почетокот на емисијата кога имавме многу интересни материјали, а малку ТВ-време за емитување.

Досега учествуваа 198 деца и сите тие ќе бидат учесници на ’Ај, ти замижи – финале‘. Ќе седат во двете главни ложи на бина и во првите седум реда од партерот, а насекаде околу нив ќе има публика“, вели организаторот и водител на манифестацијата популарниот Ивица Маринковиќ, попознат како Ивце Пивце.

На финалето ќе се емитуваат најинтересните видеоинсерти од целата сезона - познати, но и инсерти кои досега никој ги нема видено, а се многу смешни, многу лапсуси, паѓања... „Ќе поделиме и 15 статуетки за најнаставничка, најучилиште, најградинка, најштос, најлице на емисијата, најекомомент...“, објаснува Ивце Пивце. „На крајот сите деца ќе се качат на бината и ќе ја отпеат одјавната песна, која е со многу емотивен текст, а чиј автор е Ненад Џамбазов. Секако, ќе има и специјални подароци за сите деца во салата и никој нема да си замине со празни раце!“

Популарниот детски водител и неговата продукција „Котиледон“, по финалната манифестација во Универзална сала, најавуваат и организација на летен екокамп на Пелистер. „Го нарековме ’Котиледонија 2008‘ (подетални информации може да се прочитаат на www.nehartours.com.mk), а ќе се одржи од 20 до 26 јуни. Таму секој ден ќе снимиме по една емисија ’Ај, ти замижи - Котиледонија 2008‘, која ќе се емитува на ТВ Телма до средината на јули“. Наесен, пак, продукцијата „Котиледон“ ќе има уште една емисија, која нема да е детска, но за тоа - кога ќе дојде време...

Патем, картите за финалната манифестација „Ај, ти замижи“ се во продажба и чинат 120 денари. (К.Ш.)


Статијата е прочитана 213 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Каролина во трка за 250.000 евра
Нов албум и бесплатен концерт на „Синтезис“
Ејми Вајнхаус во одбрана на папараците
Викторија Силвстед во проѕирни гаќички