Нов албум и бесплатен концерт на „Синтезис“
Популарниот етносостав „Синтезис“ на 11 јуни во хотелот „Александар палас“ ќе го промовира својот најнов трет студиски носач на звук, насловен „Идентитет“, на кој се наоѓаат десетина теми - дел од нив се обработки на подзаборавени македонски теми, а останатите се нови авторски композиции.
„Идентитет“ ќе има и своја концертна промоција во рамките на манифестацијата „Скопско лето“, со бесплатен концерт на 30 јуни, во автентичниот амбиент на скопското Кале. |