Број 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Принцот на Хунзите во Битола и во Прилеп


Oд посетата на Хераклеја Линкестис

Како што Александар Велики не сакаше да се врати од истокот на земјата, јас сега не би сакал да се вратам назад

БИТОЛА - ПРИЛЕП – „Како што Александар Велики не сакаше да се врати од истокот на земјата, така и јас сега не би сакал да се вратам назад“. Токму со овие зборови принцот на Хунзите, Газанфар Али Кан, го опиша воодушевувањето од посетата на Хераклеја Линкестис, градот кој во 352 година пред нашата ера го основал кралот Филип Втори, таткото на Александар Македонски.

„Сега чувствуваме дека ние сме дел од вас и дека сме Македонци. Мислам дека Александар Велики и неговите генерали и војници беа во право кога одбија да се вратат во своите земји и останаа на исток. Исто и ние сега сакаме да останеме тука и да не се враќаме назад. Тоа е голема возбуда и поврзаност која ја чувствуваме сега меѓу нас. Тоа е природно чувство да се биде Македонец и свој на своето“, рече принцот Газанфар Али Кан.

За домаќинот, битолскиот градоначалник Владимир Талески, посетата на високите гости од Пакистан значи обединување на сите Македонци во светот.

„Ова е поттик за духовна релација и духовен контакт. Од овие мигови натаму ќе бидеме секогаш заедно каде и да се тие, каде и да сме ние“, изјави Талески.

Со погача и вино, со свежи цвеќина на црвен тепих беа дочекана делегацијата на принцот на Хунзите од Пакистан, кои себеси се сметаат за потомци на Александар Македонски.

Принцот Газанфар али Кан и принцезата Рани Атика, средечно беа пречекани од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и владиката Пета��.

Откако се поздравија со прилепчани кои речиси два часа трпеливо ја чекаа делегацијата на Хунзите, се поклонија пред споменикот на Александат Македонски во центарот на Прилеп.

-Споменикот на Алекдандар Македонски е преубав. И овде ја почувствував истата топлина како во мојата земја“ изјави принцот Газанфар али Кан. (А.Б.-Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 1650 пати.

Испрати коментар

Од: Goce
Датум: 17.07.2008 01:11:19
Pak vino im ponudile na Muslimanite. Abe normalni li se ovie budali? I zosto nasekade so Muslimanive se setaat nasi svestenici? Da ne sakame da gi hristijanizirame? Tragedija sme!
Од: deko
Датум: 17.07.2008 01:12:35
konecno dojdoa vistinskite makedonci koi so ova ja dokazuvaat teorijata na arievcite koi aleksandar so svojot entuzijazam sakal da ja prikaze vo svetot deka moze so nego da vladeat makedoncite i site drugi da im robuvaat.so ova pakistan i makedonija ke vospostavat bliski odnosi koi se bratski i za dzabe aljezaira go prenesuva direktno nivnoto doagjanje.pozdrav
Од: Marks
Датум: 17.07.2008 04:26:39
Ima li kraj ludiloto?
Од: jimmy1
Датум: 17.07.2008 06:08:08
Goce, uste si tuka? Sto nema prazen krevet vo Demit Hisar? Dokolku nekoi od Hunzite sakaat da se naselat vo Makedonija, treba da gi primime i da im se dade Makedonsko drzavljanstvo. Koga im dadovme drzavljanstvo na 200-300 iljadi kosovario zosto da ne im dademe i na niv.
Од: do Goce
Датум: 17.07.2008 06:36:38
Mislam deka vie ste eden najobicen rasist koj non stop trese nekoi zeleni.Sramota Goce.Kolku za potsetuvanje-ziveeme vo 21 vek,ako se razbirame?
Од: Trajko od Stuka
Датум: 17.07.2008 10:37:47
Qvo wadis Masedonio.So takvi politicari i del od prostite patrioti dobro ne ti se pisuva.Posebno golema steta i za takvi svestenici kako vladikata Petar pa i poglavarot Stefan.Ako ovoj princot licel na Aleksandar Makedonski,vladikata Petar da ne se zamisluva deka lici na gospod.Drzavata ne ni ja unistuvat samo losite politicari od detskata gradinka tuku i nesposobnite svestenici ni ja unistuvat verata.
Од: Batze
Датум: 17.07.2008 11:25:41
Газанфар Али Кан е едно убаво македонско име
Од: Trene
Датум: 17.07.2008 11:45:53
Bravo bratija HUNZI. E sega cekame i ostalite narodi od Azija da se priklijucat kon nas - sve do Indija e makedonsko. Da zivee novata drzava - Velika Nova Hunzija - od Balkanot pa se do Pakistan. Idioti nevideni.
Од: citatelka
Датум: 17.07.2008 12:13:46
Nie ne sme nikakva drzava, tuku teriotrija vo koja vladee ludilo.
Од: strumica
Датум: 17.07.2008 12:29:23
Dosta pisuvate za ovie princovi i princezi. Vo koe vreme ziveete. gledajte napred evropski
Од: vladikata petar
Датум: 17.07.2008 12:52:00
E sega G-dinot mr Ico ke pukni od maka
Од: makedonec
Датум: 17.07.2008 13:47:12
abre goce gledas i sam deka samo muslimanite ne podrzuvaat kako najcesni makedonci,otvori gi oci goce i ne je potcenuvaj edna religija koja e nad 1,5miliardi golema!sledniot pat ke ni dojde nekoj grcin ili bugar vo poseta da gi zapoznaeme so nasata istorija i ke pieme vino so niv,neli be goce ubavo ke ni bide??e toa goce nema nikogas da go vidis vo zivotot!!!a site nie bi go sakale toa neli goce?
Од: elena
Датум: 17.07.2008 15:12:27
odlicno sto dojdoa na poseta prestavnicite na ovoj narod i steta sto se na margimite od naslovnite na "MAKEDONSKITE VESNICI".i sakate evropsko mislenje, ako se pametni tur.agencii neka napravat destinacii do tamu ,princezata ima hotel so 5 *
Од: александар
Датум: 17.07.2008 17:48:41
Патетично, очајно и лудо. Погледнете ги вашите водачи и запрашајте се што прават. Изигруваат кловнови цело време. А поради нивното кловновство и шарада некој мора и да плаче.
Од: Do site sto ostavile negativen komentar
Датум: 17.07.2008 18:28:48
Luge so ljubomorni srca, ostavete go Grujo da si vrsi rabotata, sto znaete vie kako se vodi drzava ?! Grujo znae, vie sedite si doma, pafnite si, apnite si i legnite si. Toa vie e rabotata a drzavata, vodenje na drzavata ostavete im go na profesionalcite (grujo & company). Grujo koga napravi eden poteg zad nego ima uste 5 sto ni vie ni nikoj drug ne gi gleda a se vo prilog na makedonstinata. Zatoa kako sto velat crncite vo amerika: "Don't be a hater !" Ostajte go covekot da si vrzi rabota kako sto znae, site sme svesni deka volku sposobna vlast ne sme imale od vremeto na car Samoil.

Најди! во Утрински
Македонија
Во скопските средни училишта пристигнаа само 26 приговори
Парното ќе поскапи во август за рекордни 60 отсто?
Укинат долгогодишниот монопол на погребалните претпријатија
Мариово го пустошат нови пожари
Во градинките децата ќе пијат млеко со флуор
Змии сеат страв во околината на Тетово
Скандалот во „Јака табак“ ги испустува радовишките села
Граѓани се жалат дека „Аурора“ им скратила еден ден од одморот во Тунис
Комуникациите во регионална и глобална интеграција

"""