Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Светско чудо за три дена

Јасминка Павловска

Речиси само еден месец по заминувањето на нуркачката експедиција од светски калибар, што ја истражуваше подводната пештера Врело кај Матка, овој ексклузивен природен локалитет е на работ на еколошка катастрофа. Поради ремонтот на хидроцентралите на ЕЛЕМ и паднатото ниво на водата на езерото, денешната слика и услови на теренот ни оддалеку не се во репрезентативна форма за влегување во друштвото на новите седум светски чуда на природата, за што пред само три месеци Врело беше во номинација и освои завиден пласман. Експедицијата што ја истражуваше оваа подводна пештера кај Матка, нуркачите Луиџи Касати од Италија и Марк ван дер Мулен од Белгија, успеа да нурне и да ја истражи пештерата до 190 метри во длабочина, а се претпоставува дека длабочината може да биде и 300 метри.

Сегашниот резултат од истражената длабочина на Врело е извонреден. Според досегашните истражувања, оваа водена пештера е 18. најдлабока истражена пештера во светот. На овој список се и пештери кои се истражувани и сонарно, односно со помош на техника. Од оние во кои е нуркано од човек, Врело е сега на 14. место во светот, а на 5. во Европа. Нуркачите заминаа годинава од Македонија со план да се вратат идната година и да продолжат со истражувања.

Но, во сегашниве очајни еколошки услови на Матка, нуркачите тешко би го препознале Врело од пред четириесетина дена. Домашните нуркачи, кои го подготвуваа теренот и го чистеа влезот во пештерата пред доаѓањето на интернационалната експедиција, постојано се жалеа дека имаат проблеми со одрони на камења од изградбата на хидроцентралата „Козјак“. Тогаш имаа само проблем, а сега Врело не можат да го препознаат.

Се чини дека нашата амбиција за влез меѓу седумте светски чуда е само чудо за три дена.

 


#
Статијата е прочитана 2357 пати.

Испрати коментар

Од: Mitko
Датум: 25.09.2009 09:56:41
Normalno deka e cudo za tri dena! Trebase da se pokaze kolku nie treba da se gordeeme so nasata zemja - se vo kontekst na vladina propaganda, i da zaboravime na skandalite koi se slucuvaat. Vrelo go postigna svoeto kolku sto moze, i sega "patriotite" udrija da rabotat!
Од: Трпе
Датум: 25.09.2009 11:50:13
Овде нешто смрди.Но сигурно пак ке излезе Бранко е крив.Нашите деца од власта не се сите нуркачи па да може да поверуват што се крие во пештерата.Па заедно со ЕЛЕМ се договорија да видат некој да не ги лаже.Крадец на крадец не му верува.Нормално лажач на лажач не му верува.И цела Македонија е чудо за три дена или е само за три фамилии.Дали има нешто што не е испокакано.

Најди! во Утрински
Насловна
Грција ќе ги ублажи позициите
Груевски се амнестира од енциклопедијата
Не обвинувајте ги гените за дијабетесот
Зденко
Рамковски побарал Хаџи Ристески лично нему да му поднесе оставка
Измените ќе ги прави истата редакција
Матен бизнис со патарините
Енциклопедија - фабричка грешка
Хрватска прва во ЕУ, Македонија дури по 2015
Владата си праќа дописничка „принцеза“ во Брисел
Бугарската амбасада се нафрли врз енциклопедијата
МАНУ во мрежата на дневната политика
Социјален национализам
Истите стари избори во Германија