Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Измените ќе ги прави истата редакција

Невена Поповска

Истата редакција што ги работеше определниците ќе ги направи и измените во Македонската енциклопедија. Ова за „Утрински весник“ вчера го изјави главниот редактор на енциклопедијата, академик Блаже Ристовски. Во коригирањето на енциклопедијата ќе учествуваат и стручни лица од другите етнички заедници во Македонија.

Сепак, академиците-Албанци бараат нивните колеги од МАНУ целосно да се дистанцираат од фактите наведени во енциклопедијата, а ова дело да биде повлечено. Еден од нив е и академикот Али Алиу, кој вели: „Таа омраза никому не му треба, таа омраза само ги вдлабочува нетолерантноста и враќа некои години и денови за кои сме биле убедени дека се надминати“.

Тешки зборови за инкриминираните делови од енциклопедијата вчера се слушнаа на дебатата во Институтот за политички и интеркултуролошки студии. Според директорот на Институтот, Ризван Сулејмани, „никогаш досега еден проект, кој има цел да да ги претстави фактите и реалноста на Република Македонија, не предизвикал конфузија и револт кај поголемиот дел од албанското население во Македонија, но и пошироко. Реакциите од страна на интелектуалците, невладините организации, но и на политичките партии ја усложнија целата ситуација и ја поттикнаа потребата за една научно-теориска дебата за овој проект. Медиумската дебата ги преминува границите на една научно-теориска полемика и од ден на ден претставува закана за влошување на меѓуетничките односи, но и влошување на односите со соседните земји“, нагласи Сулејмани.

„Битно е целокупниот тираж од првото издание да биде коригиран и определниците за албанската историја и македонско-албанските односи одново да бидат напишани врз професионална основа и со користење на соодветната методологија и релевантни извори“, истакна на дебатата професорот Владо Поповски.

Според него, во пишувањето на спорниот дел од енциклопедијата не биле вклучени албанолози и не биле користени релевантни извори. „Енциклопедијата е создадена од скрибери“, рече Поповски, кои немале увид во релевантна документација и не користеле повеќе извори во однос на албанската историја и култура. Според него, делото е создадено од некомпетентни автори.

Академикот Али Алиу порача дека треба да се најде интелектуален начин да се надмине несреќата - Македонска енциклопедија. Тој наведе дека проектот Македонска енциклопедија повредил дел од граѓаните во земјата и предизвикал штета за државата. „МАНУ треба да најде сила да се дистанцира од првото издание, а при изготвувањето на новото да бидат вклучени релевантни академици и луѓе со поинаков менталитет и научна коректност“, рече Алиу.

Помош за пишувањето на Македонската енциклопедија понуди и Албанската академија на науките. Ова го потврди и академик Али Алиу, кој истакна дека „неговите колеги од Албанската академија би помогнале околу записите што се однесуваат на албанскиот народ и историја, а кои треба да се содржани во коригираната енциклопедија“.

Академик Колец Топали, член на Албанската академиј��, изјави дека најмалку што требаше да понуди Македонска енциклопедија е во неа да има историски факти и да провејува дух на толеранција. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 748 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 25.09.2009 02:01:54
Da bese Blaze redaktor na amerikanskata enciklopedija ce napisese deka Indijancite nasilno se naselile vo 18 vek i gi izbrkale kaubojcite od nivnite domovi. Referenca ce mu bea kolumna od Latas vo Vecer i brojni kaubojski filmovi
Од: Македонец
Датум: 25.09.2009 12:16:43
Незнам дали има друга држава во светов каде што малцинство уценува мнозиство граѓанни како во оваа наша банана република. Не можеме енциклопедија да издадеме, не можеме државен грб да си ставиме каков што сакаме ... СРАМОТА!!! До кај ќе одиме вака навистина незнам. Дајте одма да се преименуваме во источна албанија, да ставиме претседател и премиер албанец, и во сите други институции исто, можеби потоа конечно ќе бидат задоволни нашите "сограѓани".
Од: verag
Датум: 25.09.2009 12:52:13
раво за Блаже Ристевски, Единствен Македонец кому му се восхитувам во оваа ситуација. Доста со тој поданички менталитет и живеење во грч .да не ги налутиме Албанците, кои во нивната држава се нарекуваат онака како се наречени во Енциклопедијата. Во Албанија се Shkiptare ,аовде Албанци, што е апсурд.

Најди! во Утрински
Насловна
Светско чудо за три дена
Грција ќе ги ублажи позициите
Груевски се амнестира од енциклопедијата
Не обвинувајте ги гените за дијабетесот
Зденко
Рамковски побарал Хаџи Ристески лично нему да му поднесе оставка
Матен бизнис со патарините
Енциклопедија - фабричка грешка
Хрватска прва во ЕУ, Македонија дури по 2015
Владата си праќа дописничка „принцеза“ во Брисел
Бугарската амбасада се нафрли врз енциклопедијата
МАНУ во мрежата на дневната политика
Социјален национализам
Истите стари избори во Германија