|
|
|
|
|
|
Арачиновка фрлила експлозив во Социјално
Љубиша Станковиќ
Арачиновка фрлила експлозивна направа во Социјално, бидејќи не и' дале социјална помош. Инцидентот, според полицијата, се случил завчера околу 13 часот во барака во кругот на Општина Гази Баба. Арачиновката, само неколку минути пред активирањето на направата, примила решение со кое и' била укината социјалната помош. Незадоволна од таквиот развој на настаните жената ја напуштила канцеларијата, а потоа преку прозорецот ја фрлила направата.
Скопската полиција вчера цел ден го вештачеше материјалот што бил подигнат од просторија на Центарот за социјална помош од фрлената направа никој не бил повреден и е предизвикана незначителна материјална штета. Но, чадот и искрењето предизвикале паника и вознемиреност кај вработените.
Од Министерството за внатрешни работи, во очекување на прелиминарните резултати од вештачењето, потврдуваат дека првичните наоди говорат дека станува збор за направа со цилиндрична форма, дека „експлозивната направа“ не содржела метални делови, односно дека е можно да е изработена од картон, што, пак, упатува на заклучок дека е можно да се работи за петарда.
„Се' уште ги чекаме официјалните резултати од вештачењето. Полицијата го знае идентитетот на жената и сега се трага по неа“, вели портпаролката на СВР - Скопје, Лиза Бендевска.
За овој настан вчера со свој став се произнесе и Министерството за труд и социјална политика. Оттаму појаснуваат дека лицето Х.Р. поднело барање до Центарот за социјална работа - Гази Баба за остварување право за социјална парична помош.
Поради утврдување на фактичката состојба на барателот, стручните служби од центарот два пати биле на наведената адреса, со цел да стапат во контакт со барателот на правото, но и во двата обида не ја нашле странката на наведената адреса. (Љ.С.) |
#
|
Статијата е прочитана 1260 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: socijalka |
Датум: 13.08.2011 00:42:38 |
|
Alal da i e.Jas nea bi i izgradila spomenik.Za ovaa administracija i vlada koi se gluvi za makite na narodot ,samo so eksploziv moze da im gi otzatneme usite.Zalosno e ova sto i se slucuva na Makedonija i ovoj narod. |
|
|
|
|
|
|
Од: zrak |
Датум: 13.08.2011 07:07:30 |
|
da bese ''MAS''[makedonec] ke se obesese poprvo,oti mnogu sme vospitani[da bidime kukavici]-bravo za zenata. |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 13.08.2011 09:15:39 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: горан |
Датум: 13.08.2011 10:25:09 |
|
ПОЧЕЛО ЈЕ ПОЧЕЛООООО
Еве што и следува на оваа влада , одете си што побрзо лошо ќе ве снајде |
|
|
|
|
|
|
Од: iznenadena |
Датум: 13.08.2011 12:21:46 |
|
Za zal vo celata nesreka na ovaa Makedonka,ova bese najubava vest vcera sto me oraspolozi.Konecno nekoj ima hrabrost da i pokaze na ovaa vlada sto ja ocekuva vo idnina ako prodolzi vaka ponatamu. |
|
|
|
|
|
|
Од: ОНУФРИЈЕ |
Датум: 13.08.2011 15:23:41 |
|
Браво за жената така требана направдата да се одговори . Нема вработување, а вваму нема ни помош. Секој треба на таков начина да реагира, па до каде се стигне. |
|
|
|
|
|
|
Од: Udarna vest za cela nedela! |
Датум: 13.08.2011 18:43:45 |
|
Ovaa vest zasluzuva i vtor del! Napred so istrtaznoto nobinarstvo. Da bese ova vo SAD cela nedela ke bese udarna vest i tn. namesto da ne true MTV so Porta i lustracii ! Zosto ne se vrateni Makedoncite doma, a se cementira etnickoto cistenje na celi teritorii i se slavi sramen tn ramkov dogovor, Petarda e malku...treba so site raspolozivi sredstva da se bara PRAVDATA i da se brani SLOBODATA skapo platena so krv! |
|
|
|
|
|
|
Од: marika cair |
Датум: 13.08.2011 20:42:29 |
|
da bese makedonka sega ce bese vo pritvor ce dobiese obvinitelen akt...ama za bracata i sestri vazi drug zakon ili potocno za niv ne vazi zakonot...... |
|
|
|
|
|
|
Од: petarda |
Датум: 14.08.2011 01:45:32 |
|
Ha,ha od opasna eksplozivna naprava izleze obicna petarda...a niv gakite im se stresoa,ha,ha...A sto se odnesuva do strucnite sluzbi deka izlegle na teren????..pa kogo tie lazatr.Majka mi 7 godini lezi vo krevet i nienas ne dosle da ja posetat,a paricniot nadomestok za nega i bese prekinat ,...pa minatata godina po trista maki go dobi,....pa sega pak e prekinata bidejki cekame novo resenie,i taka vo nedogled.Kade se sega da dojdat kaj mene doma i da ja utvrdat faktickata sostojba na majka mi?Lazgo do lazgo ete toa e nasava drzava. |
|
|
|
|
|
|
|
|