Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Драматични предвидувања на МКГ за Македонија

Никола Груевски со своите политики ја става Македонија во заложништво со кои ја турка во распад

Светлана Унковска

Десет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Меѓународната кризна група (МКГ), која за време на конфликтот во 2001 година имаше значајна улога во Македонија, во својот извештај објавен завчера ја претстави државава со мрачни слики како ретко кога сите овие години. Меѓународната кризна група го обвини премиерот Никола Груевски дека со своите политики ја става Македонија во заложништво и со тие политики ја турка во распад.

Во делот на заклучоците јасно и драматично се наведува дека судбината на државата зависи од тоа какви одлуки ќе бидат преземени, односно дали Владата ќе се рефокусира и ќе се реориентира кон вистинскиот курс со кој ќе ја придвижи земјава кон Европа или ќе ја води во процеси што ќе доведат до нејзино внатрешно распаѓање. Во извештајот се препорачува Македонија поскоро да го реши спорот со Атина, со тоа што ќе прифати име со геогр��фска одредница, а Грција да ги признае македонскиот идентитет и јазикот.

Експертската јавност оценува дека досега Македонија не добила толку негативен, толку предупредувачки и толку драматичен извештај уште од кризата во 2001 година. Според професорот Стево Пендаровски, извештајот е полн со критики за состојбите во сферата на судството, администрацијата, меѓуетничките односи, медиумите, граѓанското општество, а напредокот на земјава кон евроатлантските интеграции е во ќор-сокак.

„Во овој сеопфатен пресек на состојбите МКГ има прилично остри формулации за политиките што ги води оваа влада. Таа практично вели дека Македонија е киднапирана и практично целосната контрола на сите институции на државата е под премиерот и неговата партија. Никогаш не сме го имале тоа во извештаите, па дури ниту кога пред десет години Македонија беше во конфликт“, посочува Пендаровски.

Токму ова е јасно наведено во почетокот на извештајот во кој буквално стои: „И додека останатите земји од регионот во евентуалното зачленување во ЕУ гледаат зацврстување на стабилноста, Македонија станува кревка. Премиерот Никола Груевски, кој штотуку ја формира новата влада, треба да работи блиску со својот албански коалиционен партнер и опозициските партии за да ги надминат и имплементираат мерките потребни за поголема демократија, меѓуетничкото помирување и изнаоѓање решение за спорот со Грција“.

Околу тоа како гледаат на спроведувањето на реформите во земјава се наведува изјава на еден странски дипломат, кој вели: „Тие се преправаат дека прават реформи, а ние се преправаме дека им веруваме“.

Меѓународната кризна група и' препорачува на новата Влада да работи на унапредување на политичкиот дијалог преку постојана комуникација со сите лидери кои ќе имаат активна улога во решавање на клучните прашања за државата. Владата, исто така, треба да го зајакне владеењето на правото и да гарантира дека судството ќе биде ослободено од политички влијанија. Веднаш да престанат притисоците во медиумите, јавните институции и цивилниот сектор. Новата Влада треба да инвестира во зајакнување на капацитетот на немнозинското население и да им гарантира на сите етнички претставници еднаква застапеност во јавните институции, додека ангажирање врз основа на политичка припадност треба да престане.

За решавање на клучното прашање, решавање на спорот со Грција, МКГ препорачува Македонија да прифати име со географска одредница, а Грција да го прифати македонскиот идентитет и јазик. „Скопје да го прифати предлогот на медијаторот на Обединетите нации името ’Република Северна Македонија’ или слична формула со географска одредница, а Атина да го признае македонскиот национален идентитет и јазик“.

Со решенијата што ги предлага МКГ околу прашањето за името не се согласува професорот Денко Малески. „Тие сугерирале решение, но како да не се доволно информирани за фазата во која се наоѓа македонско-грчкиот спор и ми се чини дека и грчката страна апсолутно не би се согласила со таквиот став. За нив е провокација целава оваа античка идеја што се турка, која, во основа, е имитација на грчкиот национализам. Како политика решивме да им парираме со нивно оружје, а мислам дека е тоа погрешно, бидејќи на крајот сето ова нема да биде во наш прилог“, вели Малески. Тој, исто така, е загрижен за, како што вели, хазардерското одење по сечило, бидејќи да се биде надвор од НАТО и од ЕУ е страшно ризично.

„Доаѓаат големи економски и политички кризи и никој не може да ви гарантира ништо ако сме надвор од евроатлантските интеграции. Треба да ни биде пример Грција, која води неодговорна политика и ја банкротира државата, но напомош му доаѓа сојузот. Ако нам ни се случи хаварија, кој ќе ни дојде“, прашува Малески.

Во острите критики на МКГ се укажува на состојбите во сферата на судството, администрацијата, меѓуетничките односи и особено во слободата на медиумите, како и последиците што ги предизвикува проектот „Скопје 2014“. Во една од забелешките се наведува дека Споменикот на Александар Македонски чини 10 милиони, колку што е буџетот на Министерството за образованието а, како што се забележува, училиштата се во лоша состојба.

„Во извештајот јасно се посочува дека тој проект не е само обична урбанистичка проекција за главниот град, туку тој проект е многу повеќе од тоа. Тој се оценува како поширок националистички проект, кој е финансиран од државниот буџет и во кој не се пронаоѓаат ниту етничките Албанци ниту еден дел Македонци. Сакам да посочам дека во делот со заклучоците во последните два-три става има многу темна оцена што ќе се случува понатаму. Таму не се вели дека треба да се работи на проектот ’Скопје 2014’, туку на ’Македонија 2014’ со што јасно се алудира дека вака како што се водат политики на етноцентрички национализам само ја турка земјава подалеку од ЕУ. Дури има една многу опасна формулација со која се наведува дека ако не се сврти сегашниот курс земјава ќе се доведе до степен самата да се распадне“, вели Стево Пендаровски.

Според него, тоа нема да биде реприза на оружениот конфликт од 2001 година, туку дека ќе се доведе во ситуација како што е сега Авганистан. Тој вели дека во услови кога во сите сфери и според сите параметри се движиме надолу, се доведува во голема опасност стабилноста на земјава.


#
Статијата е прочитана 7950 пати.

Испрати коментар

Од: vlatce
Датум: 13.08.2011 00:16:59
Konecno nekoj ja kaza vistinata,vo koj pravec se dvizi Makedonia so golemite patrioti.Ama ovie se predavnici, ke recat od vlasta.DPMNE go pravi toa Dosta Dimovska sto go rece nekogas:NE ME INTERESIRA OTADE GRUPCIN STO SE SLUCUVA.
Од: George
Датум: 13.08.2011 00:43:23
Не само што има негативности, туку и глупости и недоречености. Покрај тоа има и незнаење. Зошто на пример на Албанците би им смтела Александар, кога мајка му потекнувала од Епир, значи спрема некои Илирка, а пак Албанците тврдат дека имаат врска со Илирите? И шо сеа? Луѓе, запамтете, стравот е нешто што се применувало и се применува. А уплашен човек не донесува разумни одлуки. Колку и да изгледа страшно, секогаш има излез. Јас велам дека е потребна слога, меѓусебно разбирање и почит (без разлика на разликите), и малку љубов.
Од: Сергеј
Датум: 13.08.2011 01:14:59
Арно ни кажале, ништо не пропуштиле. И после некој ќе рече „не биле информирани“. И наместо да сега премиерот и владата според оваа брука да направат стратегија за надминување на ужасот кој следува, веќе следниот ден ќе излезат со обвинувања дека и МКГ е под контрола на „лицето Б.Ц.“. Или дека во најлмала рака се грчки платеници. Со ваква неодговорна и самобендисана влада се стигнува само во амбис. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: ez-mani
Датум: 13.08.2011 01:27:15
toj izveshtaj koj go dava ova grupa e za toalet papir,ova grupa znaeme deka go planirashe avganista,irak,tunis i libija,i znaeme deka sve vakvi scenarija spremaat koga gledaat deka nekoja zemja gi unapreduva megjuetnichkite odnosi,i odi napred vo mir .
Од: sydney
Датум: 13.08.2011 02:02:40
so samoto menuvanje na imeto ke se promeni i imeto na nacionalnosta i na jazikot.mnogu pati sme kritikuvani od nekoi Makedonci deka sme se pravele pogolemi patrioti od vas koi ziveete vo Makedonija no mozam slobodno da kazam deka seuste se drzime nekako iako sme daleku od Makedonija. na site radija pa i drzavni i privatni i drugi se uste go upotrebuvame naseto pravo ime na jazikot ina nacijata a vie izgleda porano od nas ke prifatite da ve narekuvaat pod drugo ime.
Од: neopredelena
Датум: 13.08.2011 02:10:35
AU SE STRESE GRUJO...toj ne se plasi od nikakvi megunarodni organizacii, toj e Serif na Balkanot, a go stitat negovite bratucedi. Vie narode - zborete si sto si sakata i pak glasajte.
Од: Rezzilov
Датум: 13.08.2011 07:31:08
Добро,бре,Утрински,зарем немате срам?Паак ли ќе го плашите овој народ?Ги потрошивте ли другите плашила?Зарем треба да го промениме името (а со тоа и идентитетот) за да им удоволиме на јужниве и нивните белосветски мешетари?
Од: dedo dimo
Датум: 13.08.2011 08:32:06
Grcija im e seushte Strateshko mesto i zatoa e spasuvaat a Makedonija nasha da ne doijdi vo takva polozba oti nas ni se znaj ,zapadnite odma ke ne DOKRAJCHAT a ne da ne pomognat .Gledajte shto ni krojat i kako ne pritiskaat i umalovazuvaat da se odkazime od Drzavnoto ime za da vlezime vo EU i NATO.Me interesira shtoni krojat posle ?. Jas mislom duri togash ke ni go spushtat i ke ni kazat .Vie sami se otkazavte od toa shto sve ,nie ne vi smenavne nishto .vie dobrovolno toago napravivte ,e sega nema shto da barate poveke.IGRATA SO MAKEDONIJA PRODOLZUVA .
Од: sdsm315
Датум: 13.08.2011 08:43:03
Za avtorot. Prerano e za politicki poeni. Na narodot koj e saka Makedonija ni mu treba drugo ime, a i onaka i da go smenite imeto nema nisto od EU ke gi snema.Za vas opozicionerite, ke ve ima so drasticno namalen broj.
Од: toni
Датум: 13.08.2011 09:08:01
hail NIKOLA!!!
Од: Poraki od 5000 km
Датум: 13.08.2011 09:09:54
Gi citam komentarite i se cudam . Pa zarem ovie ludje ne znaat koja e taa MKG i deka nejzinite oceni se dosta relevantni i ceneti vo svetot. Onaj od Sidney ni poracuva i ne hrabri kako eve tie slusale radio na makedonski jazik i sl. Pa koga se tolku jaki zosto ne uspeaa vo nivnata avstralija istata da ne priznaer pod ustavno ime? Ajde be sedete si tamu i ne ni solete pamet.!
Од: Зоран Славјански
Датум: 13.08.2011 09:39:23
Политиката на овој весник кој е продолжение на старата Нова Македонија постојано да го плаши својот народ од војни и распади продолжува. Истите овие пропагандни шеми беа и во времето кога “глупавите“ и “простите“ вмровци, виза ви интелектуалците и државните сдсмовцки, бараа независна држава, македонска армија и македонска валута. Знаете што се случуваше во тоа време со медиумите во Македонија, Проширија таков страв и несигурност помеѓу народот, како ние со нашите пиперки не би преживреале ниту 3 месеци, што другите освестени земји и народи ја искористија и ни ги напикаа динарите и ни ги земаа сите девизни резерви. ЕУ се распаѓа мили мои, Македонецот има свои вредности и без тие вредности тој не е човек, туку роб.
Од: Tina
Датум: 13.08.2011 09:40:14
Toj koj ima strav neka si sedne vo kose i neka si go smuke palacot. ne mi e gajle za budali koji nam mislat loso, a sekogas ke zboruvat negativno. Ima lek i za nego. Nema da go slusame. Ke mu go svrnime grbot, a toj e osloboden od funkcijata. Ne ni e potreban. Lesna rabota. E sega, koj ke slusa i trosi vreme za negativno? Neka si go smuke palacot. ne jas.
Од: Igorce
Датум: 13.08.2011 10:29:12
Mislam deka se e jasno. Clen na izvrsen odbor na MKG e Georg Soros, a Milcin koj vladata pred nekkoj den obelodeni deka bil kodos e pretsedatel na Soros otvoreno opstestvo koj e finansirano tokmu od Georg Soros. Ne sum partiski opredelen ama ova e bespredmetno obvinuvanje. MKG e poznato po toa sto ucestvuva vo rusenje i sozdavanje vladi za svoi celi. A i Georg Soros e mnogu poznat po toa ako ste citale za nego.
Од: xxL from PP
Датум: 13.08.2011 11:09:02
Hail Gvujo !
Од: Koj toa ne se plasi
Датум: 13.08.2011 12:00:48
Mnogu sme bile hrabri be majkata. Eve jas na primer se plasam za idninata na moite deca i go priznavam toa. A kako toa Utrinski so prenesuvanje na eden izvestaj koj postoi, od edna grupa koja e dosega etablirana kako relevntna, go plasi narodot ne mi e jasno. dali utrinski go plasese narodot i koga 2001 velese deka 'kopacite na zlato" vo planinite ne se bas kopaci. A sto se odnesuva za devedesetite da ne bese "plaslivosta" na sdsm ke se razdelevme kako Hrvatska ili Bosna.
Од: Mark
Датум: 13.08.2011 12:13:12
Se mi se cini deka veke e besmisleno bilo sto da se komentira, pisuva, debatira...Gledame(edni isti) isprani mozocinja, Latascinja i Casulinja koi kataden BLEAT ISTA PESNA-deka "nie sme sila i faktor" a svetot koj go ...! Beskrajna, tazna GLUPOST koja brzo, mnogu brzo SITE KE JA PLATIME!
Од: Трпе
Датум: 13.08.2011 13:04:24
Откако Пастирот ја доби главната улога и во третата сезона од продолжението на серискиот филм Македонија,изгласан од овците.Сега слободно може да си ги стриже овците,да ги молзе а јагнињата да им ги прогони во странство.И така пастирот ке си станува се побогат,мегу бизнисмените ке добива авторитет од интерес а овците може слободно да си пасат сочна трева.Овци се овци што разбират друго,ако пастирот им каже дека и земјата е рамна плоча тие ке му веруват.
Од: Risto Gushterov
Датум: 13.08.2011 13:20:29
Zrelosta doaga so godinite! Izgleda nam ke ni bidat potrebni uste 2000 godini da zreeme i da sozreeme za da nauchime kako da napravime drzava i kako da ja sochuvame drzavata!
Од: Milos
Датум: 13.08.2011 13:31:15
pocnuva da im smeta ova e pocetok na krajot ....cim te namirisa zapad deka nesto ne mu cinis ima da te nema ......ne deka go sakam grujo ali cim MKG ti ocrni se znae stoe toa .....a grujo se ponasa vo MK kako USA vo svetot a toa na zapadot ne mu se sviga ......
Од: k2
Датум: 13.08.2011 13:33:18
Konecno se najde nekoj koj ja vodi Makedonija na prav pat a ne kako ke recat nekoi SOROSOIDI i slicni hohstapleri....koj faktor e MKG toa e organizacija kontrolirana od Soros a za nego zneame sto govno e.....Makedonija e na prav pat i konecno e razbudena svesta na Makedonecot......Sto se odnesuva za nekoj si MKG i slicno neka odat vo Grcija i se prasaat zasto pravata na Makedoncite se uzurpirani.....neka sporedat sto imaat malcinstvata vo MKD vo sporedba so sto imaat Makedoncite vo sosedstvoto..i na krajot neka se zaprasaat zasto e dozvoleno za Makedonija da vazat "posebni" uslovi za vlez vo "EVROPA".......MKG f.... offf
Од: vlado
Датум: 13.08.2011 13:34:18
dobro be kogo plasite ...nepismenite sne videle nie i sito i reseto i znaeme sto e dobro a sto loso a vie odnesuvajte se pristojno so ovoj narod i ne sirete strav i politikanstvo
Од: Janakiev Nikola
Датум: 13.08.2011 13:47:23
Kole.13.8.2011god. Svetlana predlogo od M.K.G ke bide celosno prifateno od Nemnozinsko naselenije i 50% Albansko naselenije.No jas mislam Makedoncite nema da go prifatat.Sega e problemo sto MKG predlaga profesoro D.Maleski ne se slaze.Prvo oni Kompromis.
Од: kauboj
Датум: 13.08.2011 13:48:34
Abe llugje dojde vreme drzhavata da se podeli pa vie komentirajte koj kako rekoll.
Од: Ivko
Датум: 13.08.2011 13:51:50
Na nekoi komentatori i Utrinski im e kriv zatoa sto go prenesuva mislenjeto na MKG za nasata zalna Makedonija. Pa se' sto kazuva MKG e vistina, toa go znaat site pametni kaj nas na koisto ne im e ispran mozokot od megafonite na DPMNE. Nazalost izleze na izborite deka mnozinstvoto od nasiot narod e za unistuvanje na ovaa drzava, a ne za nejzina evrointegracija. Tesko na mladata generacija..............
Од: До„Igorce„
Датум: 13.08.2011 14:05:24
Кога ќе пораснес некои работи ќе ти станат појасн ?????
Од: smel makedonec
Датум: 13.08.2011 14:18:29
Ova ne se predviduvanja na MGM tuku na kodoskata SDSM
Од: stara VMRO-vka
Датум: 13.08.2011 15:04:03
Narodot ne se plasi od utrinski,niti od bilo koj medium,Toj se plasi od vlasta,se plasi ne sekoj cekor,zatoa sto vlasta do sega samo zema, duri i covecki zivoti,a nisto ne dava,duri ni odgovornost.Ako se sluci nesto,ne se sekirajte,tie prvi ke ja napustat Makedonija so kontata vo stranstvo,a problemot pak ke ostane tuka.
Од: PRAV PATRIOT
Датум: 13.08.2011 15:16:06
BRAVO ZA SIFRA:KOJ TOA NE SE PLASI
Од: ОНУФРИЈЕ
Датум: 13.08.2011 15:19:23
Ова вистина одамна лети во етерот, но само ВРМР-овците купуваат на време за да се што подолго одржат на власт и да си ги омрсат мустаките. „0 години не решено прашањето се името, 40 со црквата, Едана е вистината за Македонија и македонците во свеста на самите македонци, а сосема друга е во свеста кај оние што треба со тоа да се сложат. Кај пописмените иронијата е поголема по ова прашање
Од: Karokan
Датум: 13.08.2011 15:30:15
Г-дине Зоран Славјански,јас некако сум го пропуштил тоа што го наведуваш за пишувањето на Нова Македонија за плашење на народот и распад на земјата до три месеци!!!Ај посочи ми го бројот на весникот во кој тоа можам да го погледнам!!!!! Еве,по чудо,макар што прелистував дневна штампа тоа ми промакнало!!! Знам дека “простите“ вмровци тогаш се залагаа за независна држава,сопствена валута,сопствена фудбалска репрезентација.Но тоа го правеа од дистанца,нешто во стилот јас сега да побарам да одигрљам симултанка со првите десет по рејтинг шахисти и о исто време два бокс мечеви со украинските браќа-Кличко.Ама,баш ништо нема а ми фали.Но колку помнам г-динот Петар Гошев,како Претседател на ЦК на СКМ токму во Белград изјави дека доколку Р.Словенија ја напушта федерацијата,тогаш и Р.Македонија ќе оди по истиот пат,а г-динот Тупурковски како член на колективното Претседателство на СФРЈ доби еден “мало морген“ од Претседателот на ЦК на северниот сосед (верувам знаеш са кого станува збор)!!!!!!!!
Од: virus
Датум: 13.08.2011 16:19:16
do koga vakvi sekti ili gataci ke ne ucat i pamet ke ni solat. Nie samite znajme sto sme i kojsme i nikoj drug osven nie toa ne go znae toa. od vakvi bajki veke dosta nie, EU i NATO dosta vakvi filmoj ni glumea no nisto od toa ne ispolnija sprema Makedonija PA zosto nie SEGA TOA DA GO PRAVIME.
Од: tihi
Датум: 13.08.2011 16:21:15
Na ova sdsmovskive shiledginja ,nikako nemozesh um da im merish.Ili go imaat mnogu pa im teche ili vo glavite imaat beton pa ne vleguva nishto.Ubavo se sekjavame kakvi komentari imaa koga Grujo beshe vo USA. I shto ??? Ama za niv sekoj negativen komentar za Makedonija e uspeh.I posle gubat 6:0 i narodot bil glup i ovca.Koj li vas ve shisha?
Од: aleks
Датум: 13.08.2011 17:04:08
istata ovaa grupa dava naraci izvestai koi se se samo ne se objektivni taka da ovoj izvestaj mozeme da go svatime kako zakana od strancive deka dokolku ne go promenime imeto ke imame povtorno vojna.
Од: Makedonec
Датум: 13.08.2011 17:08:02
Hallo, Gospoda od Utrinski, Zarem seuste ste "zalozhnici" na najgolemiot makredonski Mafijaskiot Kum - t.n. Branko Crvenkovski??? Neli pred malku bea Izbori, pogolemiot Del od Narodot go izbra Gruevski ponataka da upravuva so Drzavata, zosto vie Gospoda od Utrinski seuste frlate Drvja i Kamenja na Gruevski? Seuste nesmeete svoeto Mislenje da go kazete, neli ziveeme vo Demokratija i zosto vie Gospoda - Novinari seuste "igrate" pod "tugja" Muzika??? P.S.- Nesum partiski opredelen(neutralen)!!!
Од: do neinformiranite
Датум: 13.08.2011 18:29:42
Narodot glasase kako sto glasase na izborite da Makedonija ne bide obezlicena.Ako se smenese imeto,togas Makedonija ke bese obezlicena i propadnata.Treba da vi bide vazno,vasite deca da ne bidat obezliceni,a da ne vi bidat vazni nekakvi si evrointegracii po sekoja cena.Avtoritetot na MKG pagja vo svetot posle nejzinite pogresni predviduvanja za politickite nastani vo svetot.Nivniot obid da vteruvaat strav vo Makedonija e neuspesen.Bidejki nemaat argumenti da kazat zosto da go smenime imeto,tie od MKG naivno mislat deka so nivni moronski izvestai ke ne uplasat.Nema da ne uplasat i nema da prifatime obezlicuvanje na drzavata i na narodot.Zosto MKG ne predvide porano deka nekoi drzavi od EU ekonomski ke propadnat?Zatoa sto vo MKG se korumpirani politikanti.
Од: Nikola
Датум: 13.08.2011 18:58:56
Vo denesna Makedonija nikogas ne se zivele anticki makedonci - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html
Од: vapski
Датум: 13.08.2011 21:09:09
sekoj BI TREBAL i mozel da pishuva i objavuva shto saka... moeto licno iskustvo e deka koga ke napisham neshto protiv Latas/ili Atlas taka si go vikam jas/ vo Vecer nikogash ne se objavuva vo komnetar... ovde vo utrinski ima komnetari i mislenja od sekakvi agli... razlika mala ali BITNO....
Од: Od Lexus
Датум: 13.08.2011 21:56:32
Mnogu opasni analiticari ovie obidi na soros i sds sekoj den gi citame vo utrinski sigurno site mu ljubomorat na Grujo oti toj vladee....................
Од: srebre
Датум: 13.08.2011 22:53:41
nesto ima vo izvestajot tocno ok ama deka ce bide avganistan mkd?pa albancite ziveat na terr 15%....no sto moze grujo a i crvenko koga ramkoven e napisan od grci i makedonec e izbrisan kako ustavo tvoren narod tuku ubavo pisuva idnina ce ja krojar albanci,srbi,turci.....znavo severna ili nova e idealna podloga za raspad no i bez eu i nato se odi kon raspad koj i da e na vlast koga togas ce mora da potpise korekcija na granica vo sprotivno ce otide i 50%..da nesi vo koza na grujo i crvenko ce bidat predavnici bilo sto da prifatat..........
Од: realen
Датум: 14.08.2011 12:11:23
Gruevski e nem observer na propasta na Makedonija zaedno so onie na M, potpognat od cudoto nareceno Pretsedatel. Mozebi e ova i logicen sled na aktivnostite, pardon neaktivnostite za afirmacija na drzavata, no ete-imame grad:Diznilend na koj i lugeto bez malku vkus mu se voshituvaat na nevkusot i go slikaat. Glasajte i natamu za propasta na MKD, site Vie patrioti, a nie ke se trudime da ve onevozmozime vo Vaseto izzivuvanje vo ramkite na Vasite zakoni.
Од: John
Датум: 14.08.2011 14:05:30
Тие се преправаат дека прават реформи, а ние се преправаме дека им веруваме :)

Најди! во Утрински
На прво место
Кој е сега на чело на МКГ
Арачиновка фрлила експлозив во Социјално

"""