КИМ КАТРАЛ
Никогаш повеќе нема да се мажи
Ѕвездата на ултрапопуларната серија и на филмовите „Сексот и градот“, Ким Катрал, се заколна дека никогаш веќе нема да стапи во брак. Актерката, која зад себе има три сопрузи, смета дека бракот е непотребен. „Веќе никогаш нема да се венчам и не сакам деца. Јас сум си доволна на себе. Ако посакам да се забавувам со некого, тоа и ќе го направам. Ако бракот на мојот партнер нешто му значи, тогаш може да разговараме околу тоа. Иако, навистина мислам дека е непотребен“, објасни актерката. Од последниот сопруг, Марк Левинсон, со кој беше во брак шест години, Катрал се разведе во 2004 година, а лани се раздели од 20 години помладиот дечко Ален Вајс, со кого беше во врска цели пет години.
Да потсетиме, неодамна Ким изјави дека нема ништо подобро од празна куќа, придружувана единствено од својата мачка. Очигледно, актерката е сосема задоволна без маж во својот живот. Сепак, призна дека понекогаш се плаши од осаменоста, состојба што моментално најмногу и' одговара. |