КОНЦЕРТИ
Бајага вечерва и утре во Универзална сала
„Бајага и инструктори“, вечерва и утре, во 21 часот, ќе одржи два концерта пред скопската публика, по повод 25-годишнината од постоењето. Како што информира организаторот, „Талент бокс“, вечерашниот концерт е комплетно распродаден, а за вториот, утревечер, остануваат уште мал број влезници во продажба.
Како специјален гостин на коцертите на „Бајага и инструктори“ во Скопје ќе се појави Дејан Цукиќ, еден од најголемите нивни соработници и дел од „Инструктори“ во периодот на издавање на првите три албуми - „Позитивна географија“, „Са друге стране јастука“ и „Јахачи магле“. Цукиќ по нашуштањето на бендот започнува сол-кариера во која има издадено осум албуми.
За потсетување, со секоја купена влезница на подарок се добива и еден (по избор) од првите три албуми на „Бајага и инструктори“, кои се специјално реиздадени на цеде. |