Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Македонија се врти на сите страни

„Развивањето на односите со едни земји не треба да се сфати како запоставување други земји“, смета Димитар Мирчев

Тамара Грнчароска



Македонија со своето пристапувањето во ЕУ и во НАТО ги запостави односите со другите земји и региони, сметаат битни фактори на македонската политичка сцена. Тие, особено во последната година, се' погласно укажуваат дека земјава треба да се сврти и кон земјите што не се дел од двата сојуза на држави.

Како најатрактивни на таа листа се споменуваат Русија, Кина, Индија, земјите од Средниот и од Блискиот Исток, па дури и африканските земји. Таа тенденција се виде и деновиве од фотографиите од Астана и Триполи, на кои со нашите функционери седат азиски и африкански лидери, па и Роберт Мугабе, претседателот на Заимбабве, кој е екскомунициран од поголемиот дел од меѓународната заедница.

Иако за многумина е дискутабило таквото „вртење“ на надворешна политика, бидејќи асоцира на оддалечување од ЕУ и од НАТО, застапниците на оваа теза не гледаат причина Македонија да не се насочи и кон други страни. Според нив, таквите потези на македонската надворешна политика не би ја загрозиле нашата стратегиска цел за влез во европскиот и во северноатлантскиот сојуз.

Ставот дека Македонија треба да се заврти и кон другите земји и региони, освен кон европските, го промовира професорот Димитар Мирчев, советник во Кабинетот на претседател на Македонија. Според него, нашата надворешна политика во последните 10-20 години премногу се окупирала со пристапувањето во ЕУ и сите сили и енергија ја насочила кон тоа.

„Тоа, дефинитивно, е наша стратегиска цел, но се запоставија други цели, земји, региони, партнери, кои можат да бидат значајни за нашите развојни перспективи и енергијата треба да ја свртиме и кон нив, во рамките на расположливите капацитети“, вели Мирчев за „Утрински весник“.

Според него, државата треба да ги развива односите со тие држави на сите нивоа паралелно. Да ја развива стопанската соработка преку стопанските комори, но тоа треба паралелно да биде следено и од политичката, културната, научната соработка. Како пример за низок степен на соработка со земјите надвор од ЕУ, Мирчев ја наведува онаа на научно ниво. „Најголема научна соработка изминативе години сме имале со ЕУ, додека само неколку проценти од соработката отпаднале на Русија или Кина“, вели Мирчев.

Тој вели дека еден од капацитетите за развивање на соработката е и македонската дипломатија. „Таа иако нема големи капацитети, не треба да се движи само во една насока, туку колку што е можно да се движи во повеќе насоки“, вели Мирчев. Како потврда на тоа говорат фактите дека во изминатите неколку години Македонија отвори неколку амбасади во земји за кои порано немаше голем интерес, како што се Израел, Индија. За Мирчев, тоа е само почетен чекор, бидејќи тие амбасади располагаат со мал број луѓе и во нив ќе треба уште многу да се вложува и да се работи за да се постигне повисоко ниво на соработка и пробив напред. „Сепак, почетокот е направен“, вели тој.

Кон размислувања за истовремено развивање на односите со партнерите од ЕУ, но и со други земји, се наведуваат изјавите на претседателот Иванов дадени во таа насока, но и неговите средби во Казахстан, што води кон заклучок дека надворешната политиката на Македонија се движи во правец - да се биде отворен кон сите. Иако тоа не е стратегиската цел кон која се стремиме, тоа не треба да не' стеснува во однос на другите земји, наведува Мирчев. „Развивањето на односите со едни земји не треба да се сфати како запоставување на односите со други, т.е. не треба да се сфати како ’или-или ситуација’, туку како паралелно развивање на односите со сите“, изјави Мирчев.

Како потврда на зголемената дипломатска активност за создавање и подобрување на релациите со субјекти надвор од ЕУ, се и официјалните посети на премиерот Груевски на Мароко, Израел, Украина, Австралија, а минатата недела и на самитот ЕУ - Африка во Либија. Шефот на македонската дипломатија годинава ги посети Индија, Грузија, Египет, додека претседателот Иванов ги посети Казахстан, Украина, Турција, Русија и Катар.


#
Статијата е прочитана 1295 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 03.12.2010 13:24:16
Namesto da se maltretirame so preteskite za nas kriteriumi za vlez vo EU i NATO, mozda polesno ce gi ispolnime uslovite za vlez vo arapskata liga ili afrikanskata unija. Jas sekoj den slusam deka naskoro eu i nato ce se raspadnat, zatoa i gi pisuvam so mali bukvi. A nikogas ne sum cul nekoj da rece deka AL ili AU ce se raspadnat.
Од: srebre
Датум: 03.12.2010 13:46:50
gruje klati vrati da mu projde vreme znae nema idnina bez eu no sam se nadasi so zaplasuvanje od eu pa znae ce ja izgubi foteljata ako se zeme pridavka no edno e sigurno biznismen profesija ne mu bega i toa sekako ne vo makedonija.........
Од: dežela-slovenija
Датум: 03.12.2010 14:02:42
EU- e gotova se raspaga- naročito pred nova godina-taka da so ZIMBABVE -sojuz za osvojuvanje na AFRIKA-
Од: b
Датум: 03.12.2010 14:06:36
Г-дине Мирчев, а каде ви се Иран и С. Кореа на агендата?
Од: јас
Датум: 03.12.2010 16:09:33
Се вртиме со сите , ама од толку многу партнери се добив СИДА !!Ај , нека шетнат уште малку , оти наскоро ќе бидат спречени во шетање,пардон само 1 час дневно , ќе им се дозволува...
Од: ne e bitno
Датум: 04.12.2010 00:44:03
Celosno se soglasuvam so Srebre. Samo interesno ke bide i potoa-mislat deka mozat da pravat ogromen kriminal i posle da izbegaat, kaj ke odat? Vo Bugarija :)) Koga togas, ke treba da vratat toa sto zele, zatoa im se cudam na maloumnosta, a na narodot na trpenieto.

Најди! во Утрински
На прво место
Иванов во Астана се сретна со Хајнц Фишер
Чиновниците ќе имаат ментори
Професор ја навреди дијаспората
Големите не можат да го решат името
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice