Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Чиновниците ќе имаат ментори

Со брзи законски решенија, може да се создаде простор пред изборите да се расчисти со неподобните кадри

Катица Чангова

Уште не стивнува бурата во парламентот што ја предизвикаа измените на Законот за организација на државната управа со кои Министерството за информатичко општество ќе ја строи и ќе ја брои армијата административци, а веќе се подигна голема прашина со новините во Законот за државни службеници. Европската комисија упатила нонпејпер со повеќе забелешки на овие закони до Секретаријатот за европски прашања.

Дипломатски извори предупредуваат дека вака составените брзи решенија може да создадат простор пред парламентарните избори по легален пат да се исчистат „неподобните“ кадри од администрацијата.

Што предлага Владата? Чиновниците што првпат се вработуваат во државна служба да бидат приправници. Нивната пробна работа во траење од една година да ја следат и да ја оценуваат ментори - секретар, раководител на сектор, советник. Кандидатите за државен службеник покрај испит да полагаат и психолошки тест, но и тест за интегритет исто како што е предвидено за судиите и обвинителите. За несовесно и нестручно работење службениците многу побрзо и поедноставно ќе го губат работното место. Категоријата дипломирани со три години студии можат да се вработуваат во три звања, како виши соработници, соработници и помлади соработници. Досегашната Агенција за државни службеници станува агенција за администрација. Најновите изненадувања за кои Владата бара усвојување по скратена постапка не се прифатливи за опозициската СДСМ, која во нив наѕре многу нелогичности. За вработување се бараат услови како за космонаут, а за отпуштање нема никаква постапка. Секретарот и раководителите добиваат преголемо дискрециско право и моќ. Во намалувањето на периодот за оценување на службениците на шест месеци социјалдемократите гледаат шанса на власта „да расчисти со комуњарите“. Вака дефинираните услови за отпуштање од работа досега беа дел од процедурата за дисциплински прекршок. Агенцијата за државни службеници, барем според надлежностите добива техничка улога, односно ќе биде само декорација на целите процеси, смета опозицијата.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците вчера почна со амандманска дебата за измените на системскиот Закон што ја регулира организацијата и работата на органите на државната управа. Собранието во скратена процедура треба да го визира владиниот предлог со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници, или со 80 гласови. Со овој закон Министерството за информатичко општество станува главна институција и за јавната администрација, односно за координација на реформите во оваа сфера, потоа за телекомуникациите и за радиодифузијата.

Опозицијата се спротивстави на ова решение предочувајќи дека ќе направи целосна партизација на државната и јавната администрација бидејќи со нив треба да раководи владин орган. Јани Макрадули од СДСМ го прозва министерот за правда, Михајло Маневски да го достави до пратениците документот со забелешки на законот на Европската комисија. Во тој пишан материјал се поставува прашањето дали пренесувањето на ингеренциите на нова институција е навистина приоритетно или овие реформски мерки може да ги спроведе веќе постоечкото тело. Макрадули тврди дека за имплементација на законот се потребни финансиски средства, особено затоа што ќе има дополнителни 68 вработени и нови ингеренции за Министерството за информатичко општество во следната година.    

Откако укажа дека реформите во администрацијата се континуиран процес, Маневски предупреди дека оваа тема не треба да се користи за дневнополитички цели. Според него, во Агенцијата за државни службеници остануваат значајни надлежности.

Посочувајќи на политичкиот договор постигнат во 2009 година во врска со Законот за јавна администрација, кој помогна да се донесе препорака за почеток на преговори, координаторот на пратеничката група на СДСМ Цветанка Иванова побара усогласување меѓу владејачките партии и опозицијата за да се спречи, „целосна политизација на јавната и државната администрација“. (К.Ч.)


#
Статијата е прочитана 3741 пати.

Испрати коментар

Од: ivona
Датум: 03.12.2010 12:27:05
kakvi se ovie zakoni so koi se unistuvaat instituciite na sistemot.ete taka se unistuva i izumira drzavata i preovladuva ludosta na vladata da sozdade svoja vmroovska drzava koja nikoj ne ja priznava vosvetot katastrofa
Од: Трпе
Датум: 03.12.2010 12:40:17
Првин ке се прошисти,поточно кажано пропагандната,неспособна,детска блада а потоа ке се прочистува во администрацијата.Тие направијатолкава непроценлива штета со вработување партиски војници кои тработат само на потпишување на платниот список.Ова блада од паника премина во лудило.Барем ке има работа и за текстилните претпријатија кои ке шијат кошули.Овие нестручни партиски војничиња, во администрацијата ќе бидат вработени во тие претпријатија.
Од: koleshka
Датум: 03.12.2010 14:58:19
Vo site institucii"si ja navrtuvaat vodata na svoja vodenica"! I posle se chudat zoshto olku mnogu obrazovani mladi luge se obiduvaat da ja realiziraat svojata struchnost i svoeto znaenje vo drugi zemji. Ni ja praznat drzavava, a nam na roditelte ni ja ispraznija dushata. Kade nim ke im odi dushata!?
Од: алек
Датум: 03.12.2010 16:12:12
За се имаат коментар што се прави од страна на владата.Срамота е ова што го прават Сдсм.Ако немаат подобра идеја нека си молчат таму каде што се,оти стварно ја претераја!!!
Од: normalno ocekuvano
Датум: 03.12.2010 17:16:46
Normalno ocekuvano.Sekoj znae deka partiziranata administracija e stolb na vlasta,kako za redovnoto"rabotenje', taka i za dobivanje glasovi na izbori. Ocekuvano e da se intervenira i vo penziite so nekakvo zgolemuvanje. patem da kazam deka sekoj penzioner ubavo da si ja vidi smetkata, bidejki neretko mu se zakinuvaat po 100-500 denari skoro sekoj mesec.Sega , pred izbori kje ima pokacuvanje na penziite i ete i tie glasovi se "nasi".Ostvaruvame 25/7
Од: Trpce
Датум: 03.12.2010 22:06:15
a zoshto vo stopanstvoto moze koga saka da te proglasi tehnoloshki vishok ??? osven toa, ako nema brkanje na kancelariski staorci, nivniot broj permanentno ke se zgolemiuva so site izbori a nema nacin da se namaluva ??... pa vo Slovenija koga dojde na vlast Drnovshek smeni od prethodnata se do cistacka !!
Од: iskren
Датум: 03.12.2010 23:08:43
Alek nemoj damislis deka narodov e do tolku glup ti ako si go tovaril magareto na poveketo im e dojden nos do koska .Se si ima kraj pa i ova ludilo porano iji pokasno i ova ke zavrsi Dosta so taa sdsm site gledaat sto se slucuva sto ke reces deka ova nee vistina sto pisuva ,site smego osetile nasvoja koza na ovoj ili onoj nacin.Se nadevam deka ke ti proraboti sovesta ako ja imas malku.
Од: Makedonec
Датум: 04.12.2010 08:01:23
Администрација има премногу и затоа се иживуваат со граѓаните сегде каде се осеќаат дека си зависен од нивниот потпис.Треба да се намали тоа е факт најмалку 60%..А изборите постојат за тоа за да владееш тие 4 години.И јас би сменил се што не би припаѓало на партија та почнувајќи од чистачките.Тоа се само потенцијални шпиуни.Впрочем и вие кој се буните сте партиски војници но за жал вашите униформи се избледени сега.Може еден ден и за вас ќе проработат текстилците само трпение.
Од: Mesar
Датум: 04.12.2010 09:02:30
Има ли нешто пострашно и пожално за една држава од партизација на истата...Па во бившата држава се зборуваше да се избегнува партизација иако имаше само една партија...Ова ќе не одвлеќе уште подолу ..а судири на привилегираните и тортурирНИОТ ДЕЛ ( БЕЗ ПАРТИСКА КНИШКА)...За срамење е како народот го подразбира плурализмот...и дали секој мора да има партиска книшка???
Од: Dosta e!
Датум: 04.12.2010 10:34:10
На МАКЕДОНИЈА и е потрено ДЕ-сдсм-МОНТИРАЊЕ на јавната администрација БЕЗ вмроизација. Со паднатите маски по 25.11 сведоци на ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА и во НОВИНАРСТВО
Од: stefi
Датум: 04.12.2010 10:38:56
se prasuvam koj i kako ce gi ocenuva administrativcite koi sedat doma a zemaat plata-onie po ramkoven, sto tie znaat i kolku se tie strucni ili ce naucat od doma, e pa budali makedoncinja izedete se megju sebe nie ce se trebime vmrovci i sdsmovci a tie ce gledaat seir..i onaka i do sega gledaa i uzivaat na rabota nisto ne znaat ama ne se ni trudat da naucat a se povece od site zastiteni

Најди! во Утрински
На прво место
Македонија се врти на сите страни
Иванов во Астана се сретна со Хајнц Фишер
Професор ја навреди дијаспората
Големите не можат да го решат името
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars