Позитивен пример за тоа како може да функционира мултиетничноста на терен во поранешно конфликтно подрачје е двојазичното интегрирано училиште во Прељубиште, прво од ваков вид во земјава. Во ова тетовско село, педесетина првоодделенци и второодделенци, Македонци и Албанци, цела година посетуваат настава и заедно со своите родители и наставници градат хармонични односи.
Децата на часови го учат јазикот на другарчето. Тие другаруваат и надвор од училишните клупи. Децата се посетуваат на родендени и на верски празници. Нивните семејствата негуваат блискост и човечка топлина, почитувајќи ги разликите.
За момент опстанокот на прељубишкото училиште беше загрозен, а мултиетничноста ставена пред сериозен испит. Се чини помалку случајно, а повеќе намерно, овој упад во образованието се совпадна со објавувањето на Македонската енциклопедија од МАНУ и со жестоките реакции од албанската заедница на текстовите со кои Албанците се почувствуваа навредени.
Токму меѓуетничката хармонија во Прељубиште пресликана во образованието наеднаш некому му попречи и му стана трн в око. Пеколниот план, да се минира соживотот во Прељубиште преку злоупотребата на децата, беше скован во Шемшово. Пораснаа тензиите и се вжештија страстите откако локални моќници принудно издејствуваа да нема образование за децата-Албанци. Со закани за родителите и со блокади на патот за Прељубиште барале децата да не одат на мултиетничка настава. Протест насочен „против асимилацијата на Албанците“ бил одржан за постигнување на целта. За среќа, прекинот на наставата во Прељубиште траеше еден ден. Родителите и надлежните покажаа дека желбата за мир и спокојство е посилна од притисоците на поединци.
Ti prakaj si gi tvoite deca i vnuci da ucat vo Preljubiste ili vo Struga. Nie drugite sakame decata da ni se bezbedni.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 29.09.2009 02:15:07
Gospogjo Changova ubavo e shto zboruvate za megjuetnichka harmonichnost, no nezavisno od toa, kako kje bide napishana enciklopedijata, albancite kje zhiveat so nas vo ista drzhava samo ako moraat. Nivnite srca sekogash kje chukaat za nivnata matichna drzhava Albanija so izlez na Jadransko more, a i za Kosovo. Jas mozham i da ja razberam nivnata zhelba. Neznam koj e toj shto kje mozhe da gi spreche, nie sekako ne.
Од: До: Kultiviran Balkanec
Датум: 29.09.2009 08:18:42
Секако! Некој сонува за Гољама Албаниа, со излез на Јадранско Море, а некој за „убаини“ од Черно Море до Охрид! На останатите - им преостанува да го живеат Кошмарот, поради соништата на тупавите!
Од: стружанец
Датум: 29.09.2009 08:48:31
Митко дај и предлог на владата како да ја направи Струга безбедна, а не советувај ја Катица каде да ги пушта нејзините деца дали во Прељубиште или во Струга,оти твој избор не биле овие две места оти се небезбедни.Нели имаме преродба која од Македонија ќе направи бла,бла бла, држава.
Од: kole
Дату��: 29.09.2009 10:32:05
Чим се ВМРО на власт, неубаво ни се пишува...........