Јавниот повик за доделување концесија за управување со пет патарини е уште еден криминал во обид на актуелната власт која панично се подготвува за опозиција, оцени вчера Љубе Бошкоски, лидер на Обединети за Македонија (ОМ).
Според него, станува збор за скандал на ниво на случајот со ОКТА, со нелогичниот увоз на струја што државава ја чини пет пати поскапо и со ревизорскиот извештај за Министерството за транспорт и врски, каде што беше откриено незаконско работење и дупка од 20 милиони евра.
„По неколку неуспешни тендери за изградба на патна инфраструктура, Владата се сети како милионите евра да ги задржи во партиската каса. Загрижени сме дека под превезот на нова странска инвестиција, еден од највносните бизниси ќе заврши кај фирма блиска до партијата или во ’фамилијата’ “, изјави Бошкоски.
ОМ има сознанија дека две мултинационални компании биле заинтересирани да инвестираат 2,4 милијарди евра во осовременување на дотраената патна инфраструктура. Со давање концесија само за управување со патарините се затвора можноста патиштата да бидат изградени во следните десет години.
„Премиерот Никола Груевски, во улога на стечаен управник на Македонија, упорно ја навредува интелегенцијата на граѓаните и ги ’приватизира’ сите високодоходовни бизниси од јавен интерес. Само од патарините, годишниот приход на ’Македонија пат‘ изнесува околу 20 милиони евра, така што е нелогично ова јавно претпријатие да не може да изврши ’осовременување’“, рече Бошкоски.
ОД ВМРО-ДПМНЕ не ги коментираа наводите на Бошкоски, туку само оценија дека тој бил приврзок на Бранко Црвенковски и оти за неговата улога ќе суди историјата.
„Не можеме да разбереме како овој човек се доведе во ситуација да падне толку ниско“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На обвинувањата на Бошкоски реагираше и Агенцијата за државни патишта. Обвинувајќи го дека сака да добие „евтини политички поени на сметка на заложбите за реализација на проектот“, од државната Агенција потенцираат дека станува збор за специфичен вид концесија.
„Парите од патарините секојдневно ќе се уплатуваат во државната каса, а концесискиот надоместок кој ќе биде предмет на тендерската постапка ќе се плаќа како многу мал дел од наплатената патарина“, се вели во соопштението на Агенцијата за државни патишта.
Агенцијата најодговорно тврди дека намерата на државата е со овој проект да се зголеми ефикасноста во наплатата на патарините и да се слеат повеќе пари во државната каса. Ја обвинува ОМ дека манипулира со јавноста и не чекајќи го тендерот во старт го опструира. Од Агенцијата го прашуваат Бошкоски врз основа на што тој ги темели обвинувањата за криминал. (А.М.М.)
Bravo brat Lube...samo taka mora se kaze vistinata i samo vistinata za da se spreci matni i korputvni zdelki od koi moze da se naseti deka ke bidat na steta na makedonija, a VMRO-DPMNE ne ti replicira na temata tuku bega od nea... Sekagas si bil za Makedonija i so tebe sum samo napred..
Од: nacional-patriot
Датум: 29.09.2009 03:07:28
Ljube Boskovski veke se obezlici,se prodade nekomu,stana pogolem komunjar od nekoi drugi komunjari.Toj stana i predavnik,zatoa sto se zalaga za promena na imeto.Poradi sevo ova toj e marginalna politicka figura i ne treba voopsto da mu se pridava vaznost.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 29.09.2009 06:24:11
Kako nego sram so izjavite. Na yutube otvaram go gledam precekot na ajrodromot za ljube boskovski kako izjavuva slatkorecno za negovoto VMRO i vladata i za Tarculovski a sega vidi sto zboruva. Niti ima soznanija za nekakvi tenderi niti znae da zboruva. Dokolku ima novi izbori nema nikoj da glasa zanego i tie sto bea zanego kese otkazat .
Од: baba bota
Датум: 29.09.2009 07:04:11
Оваа власт воопшто нема да има потреба да се припрема за опозиција, зошто преку тотален грабеж на се што носи профит во државава, себеси се промовира во бизнис елита, која со политика можеби само од хоби ке се занимава.
Разочаран сум од македонскиот народ кој немо и со подзината уста го посматра сето ова, без капацитет за било каква реакција. Кога сме такви, така и ни треба. Длабоко се каам што сум останал во оваа црна дупка, каде што само одбраните добиваат, а обичниот граѓанин со новите закони може да го изгуби дури и она што прадедо му го печалел.
Од: ДРАГИ „ВМРО-ИЛИНДЕН“
Датум: 29.09.2009 08:30:06
Време е веќе некој да прозбри што се случува во државава, дури „слепите“ јасно можат да видат дека од ВМРО издвоена е „бизнис елита“ т.н. ДПМНЕ која немилосрдно го рсакчмува и разграбува капиталот и го блати СВЕТОТО ИМЕ ВМРО, за кои ако некој ја зборува вистината веднаш го прогласуваат за ПРЕДАВНИК.
Напред брат Љубе ВМРО-ИЛИНДЕН е со тебе.
Од: mite
Датум: 29.09.2009 08:47:20
Koga nesto se zboruva znaci ima pola vistina vo toa, taka bese i so avtobusite i navistina izleze kriminalot na videlina i sega sigurno ima kriminal (vremeto ce pokaze) i samo napred opozicijo zosto ovie sobranite komunjarcinja-koi sega se najgolemite DPMNOVCINJA na Grujo, se i najgolemite LOPOVI na Makedonija. I uste nesto da razberat deka Ljube e Ljube i nikogas nema da bide komunjar kako sto tie miluvaat da go narecat -toj e sin Makedonski i Naroden Heroj so cisto srce i idnina za Makedonija......
Од: Важно е да се ујчествува
Датум: 29.09.2009 09:00:02
На брат Љубе не му пречи криминалот. Му пречи тоа што ТОЈ не учествува во тоа.
Од: zike
Датум: 29.09.2009 13:52:46
sepak ima logika vo koncesija se pokaza ne 19 tuku taka bese i vo komunizmot stavvaa vo dzep na patarina mozebi ova e najdobriot izlez da se izleze od muckite na patarina koj koncesor ce ima korist negovi vraboteni da stavat vo dzeb? sto toj ce polaga smetki pred sudii ce moze vednas da gi promeni pa neka najdat podobra rabota hahaha a ce gi napravat patista i odrzavat bravo gruja ideja petka.