За фасадата на „Филип Втори“ ќе се потрошат 15 млн. евра
За трибините и за фасадата - 30 милиони евра, другите 30 не се знае
Сања Наумовска Сашко Ѓ. Димовски
Половина од парите од вториот проект за реконструкција на арената „Филип Втори“ ќе се потрошат за трите трибини (западна, источна и јужна) и за фасадата. Од вкупно 60 милиони евра, колку што се планираат да се инвестираат до 2013 година за целосно довршување на стадионот, 30 милиони евра ќе отидат за изградбата на двете трибини и за реконструкција на јужната и за фасадата. Остатокот ќе се дели за уредување на поттрибинскиот простор, како и за целосно обновување на теренот.
Во минатата година беше завршена северната трибина, која од корен се реконструираше и сега има капацитет да прими 10.030 гледачи. За неа Јавн��то претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор потроши околу 12 милиони евра.
Околу 16 милиони евра се наменети за реконструкцијата на јужната и изградбата на западната и источната трибина. На нив во иднина ќе можат да седнат вкупно 23.469 гледачи. За фасадата заедно со илуминацијата ќе бидат потрошени околу 15 милиони евра, кажуваат податоците од Јавното претпријатие. Во вкупната бројка од 60 милиони евра не се вклучени и еден милион долари, кои УЕФА и' го донира на Македонската фудбалска федерација за реконструкцијата на јужната трибина.
Засега не се прецизира на кои ставки ќе се распределат останатите 30 милиони евра. Постојат готови проекти за обновување на зелениот дел од теренот со нов дренажен систем, како и изградба на атлетска патека. Колку за споредба, модерната патека (најсовремена во Македонија), која е изградена во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид чинеше околу 500.000 долари.
Дополнителни средства ќе бидат наменети и за средување под трибините, каде што на исток и на запад ќе има деловни простории, а под северната трибина хотел, теретана, амбуланта, ресторан и друго. Во сметките не влегуваат проектите за паркирање и за пешачки мост на Вардар, кој ќе води кон катната гаража.
Исток и запад се прават одново и ќе бидат на три нивоа, додека, пак, јужната се реконструира, ќе се заменуваат столчињата и ќе се обновува ентериерот. Според пазарните цени, едно столче чини меѓу 8 и 10 евра, вклучувајќи ги и парите за монтирање, но без трошоците за металната конструкција на која се прицврстуваат. Тоа значи дека столчињата за јужната трибина нема да ја надминат сумата од 150.000 евра. На овие средства треба да се додадат и парите за монтажа и металната конструкција, што се' на се', би било некаде околу 200.000 евра. Ако изградбата на западната и источната трибина чини заедно најмногу 12 милиони евра (колку и северната) прашање е каде ќе се потрошат четирите милиони евра за реконструкцијата на јужната трибина, и тоа само на оној дел каде што има гледачи затоа што поттрибинскиот простор е сопственост на „Силекс“.
Според проектите за следната година, ќе се менува и тревната подлога, за која исто така, нема точна бројка колку ќе чини. Неофицијално, еден квадратен метар бусен природна трева чини меѓу 7 и 10 евра. Теренот на „Филип Втори“ е со димензии 108 на 72 метра, или 7.700 квадрати (околу 70.000 евра). Сите четири трибини ќе имаат покривна конструкција со двослојни и трислојни поликарбонатни плочи, какви што моментално има на северната трибина, рефлектори од марката „филипс“ со 1.600 лукса, потребната јачина на светлост за одигрување фудбалски натпревари во вечерен термин.
Во трошоците влегуваат и системите за мониторинг и семафорите. (С.Н.-С.Д.)
bravo za toj so mu tekna najposle da napravi vakvo prekrasno zdanie i vo makedonija krajno vreme bese
se gordeam so arenata filip 2 a se nadevam i site makedonci i makedonci
Од: zapev
Датум: 25.06.2010 00:08:07
se prasuvam dali vo mkd nekoj ima pamet?promnasei investicii kako da ce organizirate svetsko prvenstvo a ligata vi e kako selska liga vo nekoja evska drzava,zosto investiranin vo promaja?koja zpadna zemja gradi stadiobi na drzavna smetka?mozebi francija,italija ama ne i mali zemji ima li vo mkd domacin vo taa vlada?
Од: Realist
Датум: 25.06.2010 04:30:49
Armakedon, kje te vidam koga tatko ti i majka ti eden den (se nadevam vo sto podalecna idnina) kje lezat vo bolnica, isto kako i site nasi roditeli, i koga site medicinski aparati kje bidat rasipani, a lek kje nema ni za lek. E togas, koga kje se borat za zivot, ti teshi se so toa deka Gvujo na Skopjani im "izgradil" fudbalska arena da gledaat petparacki fudbal!!! Da si ziv i zdrav, i popameten.
Од: Pelister
Датум: 25.06.2010 05:22:43
Da zivee drzavata Skopje...vie drugite...makedoncite od vtora klasa...ste sepak...seljaci
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 25.06.2010 06:05:17
Баш би сакал да видам каде на запад државата е главен градител и бизнисмен.Та нели државата е најлош газда, затоа и го преферираат капитализмот.Вака растурикуќи со народни пари.Профитот со бизнисменувањето?Кој ги прашува даночните обврзници за трошењето и каде одат парите.
ЗА ПАРИТЕ СЕ РАБОТИ? Навистина за парите се работи - само не знаеме за колку и за што,... а да и за кого?.
Од: citatel
Датум: 25.06.2010 07:21:47
Koj li ke igra i koj ke go napuni stadionot ke vidime
Од: trpe
Датум: 25.06.2010 07:50:51
Ajde da receme, "koga se gradi e ubavo" no samo za sporedba.Minhenska Alijanz Arena cinese 80 miloni evra, kompletno so celata infrastruktura,A se raboti za stadion so kapacitet od 70000 sedista, neznam presmetajte samite.
Од: SASO
Датум: 25.06.2010 09:16:21
bravo za vladata poradi stadionot.Sekoj stranec sto go vide stariot stadion go narekuvase ,,cuden,, samo da ne ne navredi.Vaka stationovo ke bide na svetsko nivo.
Од: До Армакедон
Датум: 25.06.2010 09:29:23
Да другар. Се гордеат и Македонците од соседството. Со мене лично со Шпанија беа 22 Македонци од Грција и Албанија. А на Ираклис знаме наше носеа Македонци херои. Доста бе неписмени Борче Игор ....доста странска пропаганда. Пишувате а незнаете. Асимилирани се нашите во Грција и Бугарија ама по потекло се Македонци и тоа 4 милиони се такви луге.
Од: od nadvor
Датум: 25.06.2010 09:30:29
Stadion vo glaven grad na država treba da gi ima site parametri - se slagam. No kade se parametri na drugi raboti? Site luge neobožavaat sport. No site se vozat po patištata, a toa ne samo vo Skopje i po autopatovi, nego i niz vnatrešnosta na MK, site nekade se ragjaat i se lečat, site posetuvaat učilišta itn. Dali i tie raboti netreba da gi imaat svoi parametri? Mislam, deka da, vo sekoj slučaj.
Од: mkd
Датум: 25.06.2010 09:40:55
Bravo
So netrpenie ocekuvam da go pustat stadionot i da precekame nekoja od reprezentaciite za kfalifikacii.
Do vcera nemase wc na stadion i voda.Sledenje na mec bese macenje. Konecno covek ke moze da se uziva.Iljadnici ludje sega ke odat vo nedela da uzivaat vo fudbalot i komforot.Odenje na fudbal ke bide IZLET,DRUZENJE...
Од: Професорка
Датум: 25.06.2010 11:09:44
Леб и Игри!!! За тие што учеле историја (повеќето во стариот систем), градењево е прочитано. Но, што да се прави со волку неписмени и покрај тоа што “знаењето е сила, знаењето е моќ“. И покрај постоењето на најголем број на факултети по глава на жител, главите остануваат празни, па воскликнуваат на безобразното трошење на НАШИ пари. И тоа во најсиромашната држава во Европа.
Од: do realist
Датум: 25.06.2010 11:17:14
vidi vaka prijatele ti mesas babi i zabi nema vrska arenata so bolnicite udiras na tenok mraz ili namerno pisis propaganda ili ti e isplaknat mozokot moram vaka da ti kazam a za nasite bolnici i stadioni i celokuipnata beda go obvinuvas grujo koj e na vlat 3 godini a ne go posocuvas prstot kaj praviot vinovnik milo mi e i drago so pocna da se gradit vo makedonija a kolku so sum informiram (ne sakam da sum advokat na vladava ni najmalki) se vlozuvaat pari vo zdrastvovo kolku za 20 god. so se nemaat do sega vlozeno se nadevam deka ke razberes nesto i deka ke go objavat komentarov ako se realni od utrinski a ako ne zdravje ke ni treba...
Од: gv
Датум: 25.06.2010 11:53:03
Ke se organizira svetko prevestvo vo fudbal vo RM kakvo ironija so stadion od 26.000 hiljadi gledaci a imame selska liga vo fudbal.Sramota sa zite a najvise za direktorot za Javno pretprijatije za dadenata izjava.Tesko za RM so vakvi lugje koj rakovodat so organizacii.
Од: Вераг
Датум: 25.06.2010 12:39:10
Се што е изградено државата приватизира,а од друга страна гради скапи објекти,кои можеби потоа ќе ги продаде за едно евро,како што продаде ДПМНЕ многу фирми. Но стадионот мораше сама да го гради бидејќи нема да најде инвеститор што ќе фрли пари за извонреден стадион а за никаков фудбал.Но оваа влада се фали со расфрлање пари а народот вика ура за владата. Вмро-ОВЦИ!
Од: Itar Pejo do "do realist"
Датум: 25.06.2010 13:26:49
I jas ti preporacuvam koga nekoj od familijata ce ti se razboli da go nosis na stadion. Tamu ce ima povece sansa da prezivee. Objasni mu deka Branko e kriv sto Gruevski go rastura toa sto komunjarite go gradele i gi trosi parite za stadioni i spomenici.
Од: nekoj
Датум: 25.06.2010 14:51:34
do "do realist", i jas isto mislam deka koga togas ke ja pocustvuvas na svoj grb rakata od makedonskoto "zdravstvo", togas vikni go Gruevski da ti pomogne.
Од: dejan
Датум: 25.06.2010 15:43:27
Allianz arena cinese 340 milioni evra za izgradba a ne 80 milioni kako sto napisa eden citatel pogore!
potrebno i e na Makedonija edno vakvo sportsko zdanie, mozebi sega nekoja vistinska svetska zvezda ke dojde da napravi koncert
Од: Steve
Датум: 25.06.2010 15:44:15
Да се наполни стадионот ич да не се секирате. Ќе ги викнемо Цеца, Драгана, Жељко, Џеј... и одма ќе биде полно како око. Тоа бе Грујо, срамота беше до сега да доаѓаа саму на гости у Сител :).