Број 2768  четврток, 21 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Моментално живеете во облаци и се надевате. Оптимисти сте во врска со моменталните случувања. Што се однесува до партнерот, повеќе сте од задоволни. Сакате да дојдете до успех без да се помачите, но мора да бидете внимателни, бидејќи може да изгубите се'.



Бик

Доколку сте во недефинирани односи со партнерот, стрпете се уште неколку дена. Благодарение на позитивната енергија со која зрачите, успешни сте на сите полиња. Намалете го темпото и бидете внимателни ако не сакате да имате здравствени проблеми.



Близнаци

Се нервирате повеќе од нормално, затоа ако се појават здравствени проблеми, бидете повнимателни. Бидејќи ситуацијата бара дополнително вложување напор, мора да се соочите со делумен успех. Бидете објективни кон себе.



Рак

Покомуникативни сте од вообичаено. Имате повеќе причини за добро расположение, а една од нив е финансиската добивка. Можеби здосадено ви е од се'. Но, потрудете се да не ја оптоварувате околината со своите каприци. Трпеливо дочекајте ги своите пет минути и се' ќе биде в ред.



Лав

Се трудите да закрепнете од стресниот и бурен период низ кој поминавте. Околината ќе се потруди да ескивира доколку претерате со ексцентричноста и агресивноста. Свесни сте за своите квалитети, но тоа не значи дека треба да им ги наметнувате на другите.



Девица

За чудо не ви е лошо. Насочени сте кон емоциите, па заборавате на нерешените проблеми. Се надевавте на некои неизводливи работи, па не е ни чудо што не се остварија. Намалете го апетитот, можни се проблеми со килограмите.



Терезија

Ја потрошивте сета енергија, па сега ви останува само да одморате. Решавате важен животен проблем кој веќе долго време ви задава маки. Иако материјалната ситуација се подобрува, мора да бидете порационални со трошењето.



Скорпија

Во свој елемент сте, што значи дека вредно работите и љубоморно ја чувате тајната на успехот само за себе. Штом ви сте постави прашање за престиж, не сакате да ги откриете своите адути. Партнерот и семејството ве чувствуваат како доминантна личност.



Стрелец

Денот е поволен за духовни истражувања, но не и за практични работи. Мора да соберете храброст и да се соочите со животните предизвици. Во прашање е ризик, но само така може да добиете. Еден подарок непромислено ќе го прифатите, поради што може и да се каете.



Јарец

Доколку успеете да воспоставите душевен мир, заблагодарете им се на блиските. Хронично сте нерасположени, мислите дека љубовта и вниманието не се возвраќаат со иста мера. Проблемите се од субјективна природа, затоа смирете се.



Водолија

Главна тема на денот е љубовта. Отсекогаш се трудите да излезете од просечноста и баналноста. Во средината во која работите важите за иноватор, па од соработниците очекувате да прифатат некои идеи. Покажете ги своите квалитети.



Риби

Пред вас е реализација на многу работи. Работата и подобрувањето на финансиската ситуација се наоѓаат на прво место. Доколку не сте сосема задоволни со постигнатото, значи дека ви недостасува одлучност. Очекувајте пријатна вест.





Најди! во Утрински
Барај со НАБУ