Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Анализа

Глобалист

Лудило и хаос

Љупчо Поповски

Се гилотинираат митовите, хероите, историјата, културата – сето она врз што се крепеше македонската нација во својот крвав од низ вековите

Има ли систем во ова лудило? Професорот Љубомир Фрчкоски во својата последна колумна во „Дневник“ вели дека во аутистичката политика што ја води Македонија има систем на „итање кон никаде... апсолутна акција која треба да го замени мислењето“. Можеби е така, иако секој нов ден покажува дека дури ни Шекспир да го пишувал заплетот, кој како торнадо се спушта на Македонија, не ќе успеел да ги сплете сите конци во една топка.

Човек едноставно не може да наброи се' она што се случува од ден на ден за да може да помисли дека центарот на целиот овој хаос е контролиран од еден моќен компјутер од форматот на Кјубриковиот и Кларковиот ХАЛ, туку сето ова повеќе личи на напад на армија гремлини која забрзано го разјадува македонското ткиво. МЕПСО бара да му се одземе лиценцата на австриски ЕВН; во скопски Карпош ќе граделе реплика на охридската базилика „Света Софија“; поглаварот на МПЦ влегува во матни зделки со многу пари со сомнителни браќа од Струга; лавови ќе се поставувале кај ќе се стигне во Скопје; штом пуштиш телевизор излегува стисната тупаница и испружен показалец и некој постојано вика „Во победа!“; ќе се градат шест стокатници во Скопје; националниот фудбалски тим ќе игра на стадионот во главниот град со ново име „Арена Филип Втори“, а ќе сме се возеле по автопатот „Александар Македонски“...

Тешко дека може да се најде едноставно објаснување за хаосот во кој се заплеткува државава, затоа што изгледа дека нашите визиготи и вандали го прават тоа со неартикулиран бес, а не построени како некоја античка фаланга. Она што Васил Турпковски го зборуваше во 1998 (кога на тогашното ВМРО-ДПМНЕ му ја наметна демократската одежда) за радикален дисконтинуитет со наследството, сега изгледа како бајка на браќата Грим. Ова што во моментот се прави не е дисконтинуитет, туку гилотинирање на митовите, хероите, историјата, културата – на сето она врз што се градеше македонската нација во својот крвав од низ вековите. Кад�� е онаа приказна на која со векови се крепевме - дека на половина Европа преку Кирил и Методиј сме и' ја дале писменоста и свеста за посебната припадност на секој народ. Каде е патронот на нацијата св. Климент? Неговиот универзитет што беше најавуван да се гради во Охрид треба да биде само маска за потрага по недофатливото. Целта не е половина Европа. Целта е патот кон Месопотамија. На крајот од тој пат, кој треба да се изоди не во марш, туку во трк, секој од нас треба да ги открие своите внатрешни Хунзи за коишто не бил свесен и да си замисли дека е некој пешак со копје в раце во големата Александрова армија заглавена некаде во иранските пустини и мочуриштата околу Инд. Нема ништо пострашно кога лудилото на големина ќе ги опседне малите.


Некој го подготвува овој народ за пат кон Месопотамија, иранските пустини и мочуриштата на Инд, а не кон Европа

Европа? Која е таа Европа? Членовите на мистериозните „тројки“ за неа се грижат колку и оној работник на руско-украинската граница којшто со задоволство на лицето го заврте вентилот на гасоводот и остави милиони и милиони луѓе да се смрзнуваат. Вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, не знае како да одговори кон која Европа ќе не' приближува тој кога носи штит со Филип Втори на него. Научените флоскули не се одговор, тие можат да служат само како доказ дека тој не смее да скршне од патот што друг го зацртал. Тоа не може да бидат негови адути кога ќе оди во Брисел, туку дупка во која ќе биде принуден да скокне иако не сака.

Во целата оваа фантазмагорија една приказна за една толку ефемерна работа, како спотот што треба да ги претстави убавините на Македонија на Си-Ен-Ен, најгрубо ја покажа состојбата во која се наоѓа македонското општество. Расправа до исцрпување, дури и во Собранието, за пораките кои се покуси од една секунда. Зошто имало рефлектор на куќата во Велес, зошто слепецот на Самоил ги покрива очите, зошто сјае печатот од Вергина, зошто се бели платно во Коњско на Преспанското Езеро, а не во Охрид, дека тој бил копија на она што го направиле Грузијците (иако има еден многу подобар модел за споредување, генијалниот спот на норвешката група „А-ха“ за нивниот голем хит „Take on me“)... расправа од која ќе ти се збурбати во стомакот. Што да се прави, тоа е независна Македонија, која иако е бебе во повој сака да биде освојувач како Конан варваринот.

Неприкосновениот гуру на македонскиот успех во странство, Милчо Манчевски, свесно или несвесно влезе во ова лудило и хаос без да размисли дека во овој танц на волците никој нема да се сети на неговиот „Златен лав“ и на времето кога главна вест беа овациите по претставите на неговиот филм во светските киносали. Сега тој се обидува да објасни во која земја е можно премиерот да доаѓа два пати да гледа како оди снимањето на таа ефемерна работа, како што изјави самиот – еднаш сам, а другиот пат со сопругата. Контрола? Далеку од тоа. Тоа е повеќе потег да се даде државен печат на уметноста што треба да се создаде, макар била таа и за реклами.

Во интервју за „Нова Македонија“ Манчевски изјави: „Ми ласка таквата опсесија со мојата работа“. Но, изгледа дека тоа не е така. Редицата интервјуа за неколку телевизии во само три-четири дена зборуваат поинаку. Аурата што нашиот голем режисер ја создаде околу себе за успехот на којшто му се поклони светот почна да се грицка, а тој посака да ја крпи во Македонија. Таму каде што не ја создаваше својата слава. Манчевски во едно од интервјуата изјави дека целата расправа околу спотот му покажала дека општеството било целосно партизирано и хиперчувствително, а со манир на политичар рече дека се покажала ерозија во дел од печатот и електронските медиуми каде што новинари работеле за лични, партиски или бизнис-интереси. Веројатно мислел на оние што ги критикуваа пораките на спотот, а оние што го поздравиле како убава уметност сигурно работеле за државни интереси, од кои се раководел и тој.

Вителот на овој хаос завлекува секого што ќе му се најде на патот, без оглед дали се викал Милчо Манчевски. Прашањето не е дали од пристојна дистанца ќе следиш кога ќе се смири ова торнадо, туку дали ќе се бориш да биде скротено заради иднината на секој од нас, затоа што во изолацијата и убиствените владини кампањи кои се наменети само за толчење на умот, не треба да станеме заблудени овци на некој пастир.

Затоа колку радосно изгледа кога ќе прочиташ дека агендата за настапи на светските сцени на Симо�� Трпчевски и Благој Нацовски била однапред определена за наредните две години. Тоа е онаа надеж дека во ова аутистичко лудило на фалангите и забревтаното копање под земја во потрага по некаков антички доказ, има некаков излез преку кој ќе се наредиме покрај модерните нации, а нема да бидеме само мртва војска на некои генерали.


Статијата е прочитана 1576 пати.

Испрати коментар

Од: Toni
Датум: 10.01.2009 00:23:18
Kolku i da ne gi sakame, sepak treba da ucime od Grcija. Najnedemokratskata zemja vo Evropa, sepak nikoj nemozes da cues za svojata zemja da veli deka e takva. Demonstracii, mediumi koi ne ja obvinuvaat vlasta, so edna cel za nerusenje na imidzot vo svetski ramki. Samo nie vo Makedonija, kako se oddelo vo beskraj, kako ova sto se slucuvalo nikogas porano ne se slucuvalo. Kako spotot na Mancevski bil los, koga cel svet go pocituva i go fali, samo nie ne sme smeele da imenuvame objekti po NASI istoriski licnosti, a Grcitemozat da go cinat toa so nasi istoriski velikani. Kako vo vlasta Premierot bil toj sto odluki donesuval sam, a nebare Crvenkovski toa ne go icnel i ne go cini nikogas vo svojata kariera. i mil.drugi stupidnosti. Makedonci, osvestete se i ne ja gazete Istorijata, ne ja gazete Makedonija, i ne se gazete samite sebe veke ednas.
Од: allex
Датум: 10.01.2009 00:37:21
sekoja cest za kolumnava.Kolku i da ve osudat deka ste partiski vojnik na opozicijata,vistinata za zal e taa.A drugo i sto da kazat.J....a mi e strav do kaj ke doterame
Од: maximus
Датум: 10.01.2009 01:16:15
Grcite i ne zasluzuvaat poinaku.Treba da se mavne kaj sto najmogu boli. A, za mene i ne e bas za mavanjeto ili bolenjeto .Si ziveeme na taa teritorija,imame cudo od arheoloski dokazi si go imame i imeto preneseno od pokolenija na pokolenija.Ovie generacii ne znaat za drugo i jas se gordeam so se sto e Makedonsko.Mene me maci postoenjeto na lugje vo ovie generacii koi mislat i zboruvaat bez dusa i ljubov kon svojata zemja.Od vakvi antimakedonski tekstovi i komentari pak duri i ce povratam(da mi izvinete).Use doagjaat od eden Makedonski vesnik ne od poedinec.Neverovatno.Neverovatno.
Од: Marx
Датум: 10.01.2009 02:08:15
Mico nemoj da stanes del od sistemot protiv koi se borese i koj te izbrka od Makedonija. Denes ima drugo lice, no vo ideoloska smisla e isti ako ne i polos. Vremeto na drzavno sponzorirani i podobni umetnici ne e minato, ja promeni samo sminkata vo portokalovo. Okolu kritizerstvoto, Makedonija se gordee so tvoeto delo i znae da prepoznae kvalitet, no nikoj ne e imun na kritika. Lugeto sto ti aplaudiraa se istite Milco, nivniot vkus za "ubavo" ne e promenet, megutoa, sodrzinata na spotot ne e turisticka.
Од: stranec
Датум: 10.01.2009 03:05:25
Fantasticna statija
Од: МК
Датум: 10.01.2009 03:22:01
Да да лудило и хаос.. Киро Глигоров со сенэационални анти Македонски иэјави во 92, Промената на Македонското энаме од страна на Сдсм на чело со државникот предавник Црвенковски - во 96, Струга и Скопје 04, предавнички налети во колумни на дневни весници од страна на полтронот Никола Поповски и тепачот на жени и еден од кумовите на фиром Фрчкоски.. итн.. Заклучок - нема .. се е јасно одамна.. Сдсм се предавници ..
Од: Apostol
Датум: 10.01.2009 04:35:46
Citiram: "Nema nisto postrasno koga ludiloto na golemina ce gi opsedne malite". Ljupco, so ovaa recenica mnogu kazavte. Da se nadevame deka ova autisticko ludilo ce pomine bidejki se povece ludje go sogleduvaat toa i ne se plasat da go kazat toa. Cestitam.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 10.01.2009 04:58:23
Patriotcinjata so isprani mozocinja koi mislat deka se potomcinja na Aleksandar i negovite ljubovnicinja i vojnicinja, mozat slobodno da se preselat kaj brakjata im Grci, i da zboruvaat Grcki kako i nivnite Anticki "predci". Imenuvanjeto na banderi vo Aleksandros, Filipos ili Olimpija samo pokazuva za kakvi lugje se raboti.
Од: i sega sto?
Датум: 10.01.2009 09:24:37
Prekrasno napisano, da ne se povtoruvam no ajde - sdsm go sobra kremot na opstestvoto, vrvnite intelektualci. i sega sto? do koga? kako? jas ke vi kazam: toa sto ste opozicija ne ja namaluva vasta odgovornost za RM. sepak ste vo vlasta, prlamentot i sekoja sekunda treba da se borite kako pit bulovi da donesete kapital investitori i ekonomski razvoj. Vaka kako sto rabotite so sekoja sekunda se zacvrstuva moeto mislenje deka ne postojat razlicni partii site ste isti, celta e da se pobedi na izbori, da vlezete vo parlamentot i posle ke kazete - i prethodnite taka rabotea. ocigledno komunistickata instalacija da ne kazam partija seuste postoi vo RM, podelena vo razlicni takanareceni partii. ne sme mrdanele od 1992.
Од: Бастион
Датум: 10.01.2009 10:17:49
Е бре "антички патриотчиња" наеднаш ги заборавивте дејците кои ја создадоа оваа држава.Каде ви се Мирче Ацев,Орде Чопела,Вера Циривири,Вера Ацева,Гоце Делчев,Питу Гули,Никола Карев ?? !! А,се извинувам,заборавив.Вие бевте крвно поврзани со Античките Македонци.Никола Груевски му беше правнук на Александар Македонски,Трајко Славески му беше правнук на Филип Втори.Миле Јанакиески му беше правнук на Платон.Ивица Боцевски му беше правнук на Аристотел.Aнтонио Милошоски му беше правнук на Софокле. Наместо да одиме напред и да чекориме кон иднината,Ние се враќаме наназад кон минатото и Антиката.Епа драги мои,прогрес,подем и просперитет не се бара со Александар,со Сонцето од Виргина инт.Потребни се конкретни чекори.
Од: petar
Датум: 10.01.2009 10:18:21
Plukajte i iljada pati eden den ke vi se isusat grlata, zarem togas ke se setite po kogo plukavte.Vo ubavata serija na SOLUNSKI PATRDII itar Pejo ima edna misla koja treba da ni gi otvori ocite: KOGA SI GORE DA SI KURNAZ DA OSTANIS GORE. Site tie sega sto plukaat bea gore i sto ????????? sega se dolu barem koga plukaat se na ponisko.Tie sto bea dolu sega se gore zarem nee son na sekoj koj e vlast da ja zadrzi znaci tie sto plukaat ne mozat da stasaat ni so nivnata plunka do gore.Zarem uste ke go zloupotrebuvate narodot kako oruzje pomejgu vasata nesposobnost za ostvaruvanje na vasite valkani celi sto dobiva narodot samo servirani vesti koj kolku e posilen koga ke slezi od tronot a koga e gore zaborava da pogledni dolu da vidi dali ima NAROD.
Од: Maja
Датум: 10.01.2009 11:29:15
Mnogu kazano samo eden moment mi e nejasen."Kade vidovte zadovolno lice koga gi zavrtele ventilite na gasot..? Bas sakam da vidam dali i mene ke mi izgleda zadovolno istototo toa lice ili ke go opisam poinaku.
Од: Kole Mangov
Датум: 10.01.2009 12:17:01
Komunizmot go blokirashe rezonot na del od Makedoncite.Preporachlivoe sega da se oslobodat od diktaturata na takanarecheniot proletarijat.Da se upatat konantichkata istorija.Kazav i kje kazuvam neka se upatat kon Grigor Prlichev. Neka svatat shto znachi shto prvomislel deka e Grk.Potoa deka e Bugarin, a potoa svatil deka e naslednik na antichkite Makedonci. Avtorot ako i dade vakov tretman na temata kje dojde do vistinata.Ve upatuvam do naslovot "Makedonski predanija" na Tanas Vrazinovski Prashanje:Dali negatorite na makedoskiot identitet kje ja iskinat knigata do nejzinata 33 stranica so imeto na Aleksandar Makedonski i Filip Makedonski? Da li kjew unishtuvaatg i drugo iszstorisko nasledstvo?Pak prashanje:ZoshtoGrcija izvrshi prgonstvo na nas rodeni vo Egejska Makedonija. Zoshto ni go negira imeto?
Од: niko
Датум: 10.01.2009 12:40:22
site ovie opsesii za identitetiiiiiiiiiiiiiii, za otkopiniiiii, istorsiski rekonstrukciiiiiiiii, tupanici, propagandi (ops. umetnostiiiiiiii), neprijateli, zboruvaat za edena ogromna makedonska frustracija na edna, za zal ,se uste, so mileniumska tradicija i nasledstvo) dlaboka provincija.
Од: mene
Датум: 10.01.2009 13:21:10
Milco Mancevski napravi spot za mene ubav vo duhot na aktuelnata politika Makedonija so dlaboki koreni vo aantikata so kultura....sepak epten podanicki.Se prasuvam komu mu sluzi Milco na makedonskiot narod vo cie ime go pravi ili na aktuelnata politika?
Од: Европска Македонија АД
Датум: 10.01.2009 14:51:47
До МК : Ако сега кога сте власт и кога имате голем рејтинг се служите со вакви ниски удари и со ефтин популизам се плашам и да помислам што ќе правевте ако бевте во опозиција.Вие сте за жалење,ви гори под нозете,народот го виде вистинското лице на оваа неспособна античка влада.Престанете со лагите од типот :СДС го продаде името,знамето,СДС намерно ја руши државата за да се врати на власт,СДС секогаш бил против народот.Не само што никој не верува на овие лаги туку и ги иритиравте таквите како мене неопределени да се свртат против вас.
Од: Aleksandar Resen
Датум: 10.01.2009 15:28:24
He he imeto Makedonija doaga od anticko vreme pocetocite se tuka , toa ti e kako data na raganje nikoj ne ja zaborava! sakate da sme narod koj ne znae koga e roden? Znaci ne znae ni koj mu se majka i tatko toa ne e dobro.....pocnuvame od antikata...ne plukajte na antikata ....grcive i bugarive, im blagodaram na Srbite sto se otkazaa..., vikaat Makedoncite bile najgolemi bugari i grci sakaat da ne posvojat ako sme bez roditeli ke go storat toa!!! No pominale vreminja vikaat dosle slovenite tuka ako e taka ne treba i niv da gi otfrlime 50 godini ucevme i za niv ne znam sega sto se uci..znaci imame braka do Rusija zaso da ne ostanime braka,,,pa nie im ja dadovme pismenosta na nasite braka daleko od tuka, nie sme nivnite uciteli roditeli ljubov ima nekoja energija megu site nas...50 godini ja peevme ej sloveni ...ne treba da ja zaboravime...ZNACI NI TREBA IDEALNA SREDINA MEGU ANTIKATA I KIRIL I METODIJ......i sojuz Albanija Turcija Makedonija protiv grcite!
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ
Датум: 10.01.2009 16:05:01
Браво мајсторе!
Од: milko
Датум: 10.01.2009 16:50:09
i jas a bogami i vie nesne dorasnati da go kritikuvame milco manceski covekot i koj najgolemite avtori mu simnuvaat kapa. patem receno kolku lugei so kolkav kvalitet i poznavane go kritikuvaa milco. begane od vistinata znaci priblizuvane do djaolot.
Од: nevraboteni
Датум: 10.01.2009 19:53:59
odlichna statija. Popatno da odgovoram na sudijata Kole mangov: Grcija ne ve protera vas kako makedonci. Vie zaedno so mnogu Grci bevte na gubitnickata, komunistichka, strana vo Gragjanskata vojna i zatoa izbegavte. Toa im se sluchi i na Shpancite komunisti koi izbegaa od Shpanija zatoa shto izgubija vo Shpanskata Gragjanska vojna! Koj gubi-strada, sekogash, vo sekoja vojna, vo sekoja situacija. Tochka! A, vie blagodarejki na toa shto ve pribra Jugoslavija zavrshivte shkolo i vo toj komunistichki rezhim bevte sudija
Од: Славен
Датум: 10.01.2009 19:54:04
Секоја чест г- дин Поповски, за жал многу точна и реална анализа .Наместо да ги славиме сите дејци на нашата историја кои го одбележуваат нашето минато и по кои сме препознатливи ние заглибавме во минато без иднина.Големата мисла на нашиот Великан Гоце Дечев ,дека светот го разбира како поле на културен натпревар на народите сега се заменува со тезата за ослободување и победа .Од кого и за што?Голем споменик треба да му подигнеме на нашиот Великан во главен град и да му се поклонуваме!Се плашам дека се повеке заглибуваме во жив песок и за жал ги влечеме и нашите поколенија .Да се надеваме дека навреме ќе се разбудиме од овој лош сон.
Од: Che Gi Varam
Датум: 10.01.2009 23:12:34
ma koi anticki makedonci, kakvi bakraci, jada ziva, debil do debil. Tuku za spotot na Milco. Ne mi se dopagja. Probal da napravi efekt ama sodrzinata sto ja prikazuva e amaterska. Sramota e da se pustaat vakvi promo-turisticki spotovi (barem takov trebase da bide) a da vo praksa nisto da ne moze da se ponudi. Samo drndrjarinja, sramota za Milco sto dozvoli da go partiziraat, izgleda mu snema pari po neuspehot na Senki............
Од: Franko - London
Датум: 11.01.2009 11:02:19
Odlicna statija.Za mene kako Makedonec,golemo razocaruvanje e reziserot Milco Mancevski,so svojata podredena ologa na dvorski reziser vo sluz ba na zabeganata vo minatoto VMRO-vska vlast.Ka ko priznat reziser i intelektualec,Milco napravi spot so koj ja urnisa svojata kariera i talent i gi izneveri intelektualcite i kreativnite,slobodoumni lugje vo Ma kedonija.Imav moznost vo edna prilika vo London da go gledam negoviot film "Senki".Razocaran i posramen od moite prijateli novinari sto gi pokaniv so cuvstvo na povrakjabje vo stomakot,ja napustiv salata.Istoto cuvstvo go imav i koga go vidov spotot,vo udaren termin na ITV-4.Zarem Mancevski ja izgubi samodoverbata ili pak toa e odraz na nedostatok na idei.erozija na "talentot" ? Prenaglasenoto eksponiranje na Egejskoto prasa nje,stvara revolt kaj ostatokot od Makedoncite,zatoa sto,poveke od 60 godini go slusam i gledam istoto. A Makedonskata Drzava i narod,storija tolk mnogu za EgejskiteMakedonci:Stanovi ,zemja,stipendii,rab

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа