Овен
Кога еднаш ќе изјавите нешто, потоа не можете лесно да го повлечете зборот или да се покаете. Морате да внимавате што и како зборувате пред вашите соработници, бидејќи некој сериозно може да се почуствува навреден од вашиот арогантен став. Размислете добро за вашите коментари и на тој начин ќе го намалите нивото на негативност во околината.
Бик
Во моментите кога чуствувате напнатост и затегнатост во односите со партнерот, имате потреба да ја префрлите вината на другата страна. Тоа е сосема погрешно и можеби е крајно време да успеете да ги согледате и вашите негативности со цел да дојдете до конечно решение и излез од кризата. Дури и најсилните емоции може да бидат добро прифатени, доколку погледнете длабоко во себе.
Близнаци
Потрудете се во периодов да обрнете малку повеќе внимание на себе и внатрешниот мир. За дел од вас одличен избор ќе биде заминувањето на некоја планина, додека пак за другите физичката активност или вежбите се идеално решение. Важно е да не се доведувате во ситуација да западнете во судир со околината или соработниците.
Рак
Иако многу се надевате на проектите кои се центар на вашето размислување, крајниот ефект нема да биде она што го посакувате. Во замена за нервоза, обидете се да сфатите дека понекогаш целта се достигнува преку потешкиот пат и лесно ќе успеете да дојдете до конечниот успех. Промената на плановите, за вас значи и зголемување на анксиозноста.
Лав
Бегањето од проблемите кое не е типично за вас, воопшто не е решение на кризата во која се наоѓате. Колку и да изгледа примамливо неприфаќањето на реалноста, мора да знаете дека проблемот повторно ќе се појави. Гордоста и цврстиот став би можеле да ве доведат до конечно решение. Внимавајте на настинки и вирози.
Девица
Не е лесно доколку морате да се откажете од професионалните планови, поради расчистување на стари семејни проблеми кои во периодов ќе ви одземат многу време и здравје. Без напредување во кариерата ќе се почуствувате сами и изгубени, но за кратко време. Успешните луѓе како вас лесно се враќаат во игра.
Терезија
Иако имате чуство дека некој постојано ви го попречува патот, планетите велат дека немате причина за грижа. Понекогаш со малку труд се постигнуваат големи резултати. Вашето време не е ограничено и пред вас стои успешен период кој сигурно ќе изнајдете начин да го искористите. Само треб ада научите да бидете трпеливи.
Скорпија
Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот е постојано на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција. Престанете да размислувате за далечната иднина и направете чекор понапред во емотивната врска.
Стрелец
Околностите во кои се наоѓате ве приморуваат да се насочувате кон повеќе нешта, но вие постојано играте на картата не��аинтересираност кога станува збор за емоциите. Доколку сами не одлучите да превземете нешто, работите нема да се придвижат кон посакуваната цел.
Јарец
Ќе настојувате да ја сокриете вашата ранливост и емотивна страна на карактерот. Бидете внимателни и послушајте го советот од еден од вашите соработници, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Но, мора да пронајдете начин да се решите од ваквите моменти и храбро да зачекорите кон вашата цел.
Водолија
Независно што постојано сметате дека ви треба некоја промена, вие не се одлучувате на тој чекор. Обземени сте со некое чуство на мрзеливост и посакувате нештата да се решат самите по себе. Непотребно го искушувате трпението на партнерот, па можеби наскоро ќе зажалите поради тоа. Бидете трпеливи истрајни во желбите.
Риби
Не морате постојано да бидете драматични, за да им покажете на другите што мислите и чуствувате. Направете го тоа на едноставен и примерен начин кој сигурно ќе ја интересира вашата околина. Покажувањето на тоа што вие го посакувате не е само среќа, туку и добар начин да ја постигнете целта.
|