Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Војниците се жалат на притисоци од Министерството за одбрана

МO демантира дека им се заканувало на војниците и сметаат дека тука била вмешана политиката

Светлана Унковска

Професионалните војници кои веќе десетина дена се на протест пред Владата се жалат дека повторно се соочуваат со притисоци од Министерството за одбрана. Методите и интензитетот на притисоците особено биле засилени по саботниот протестен марш. Војниците се повикувале поединечно и од нив се барало да се изјаснат дали членуваат во Независниот синдикат и колку се активни на протестот и добивале закани дека поради тоа би можело да бидат отпуштени од работа или оти нема да им бидат продолжени договорите. Министерството за одбрана ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека во ваквите реакции на војниците е вмешана политиката.

„Очигледно е дека поради нашиот протестен марш, кој го одржавме во саботата, се зголеми притисокот врз луѓето. Деновиве се бара поединечно од војниците да се изјаснат кој е поактивен член во Независниот синдикат. Се закануваат со отпуштања од работа, со непродолжување на договорите, а некои војници добија и прекоманди. Исто така, за какви било потреби на војниците им се поставуваат услови да не се членови на синдикатот“, обвинува Веле Крбалевски, претседател на Независниот синдикат на професионалните војници. Тој додава дека намерата била преку различни форми на притисоци да се натераат војниците да се откажат од протестот и да се повлечат од пред Владата. За сето ова, велат тие, писмено ги известиле канцеларијата на Европската унија и на амбасадата на САД во земјава и очекуваат деновиве да остварат средби за лично да ги информираат претставниците на меѓународната заедница.

Од Министерството за одбрана ги отфрлаат ваквите обвиненија како неточни и бараат од војниците да посочат кој им врши притисоци.

„Категорично отфрламе дека има какви било притисоци од страна на Министерството за одбрана кон професионалните војници. Доколку има, ги повикуваме војниците да кажат за какви притисоци станува збор и со име и презиме да наведат од кого точно доаѓаат. Истовремено, жалиме што мал дел од професионалните војници е вмешан во политиката, со што тие го нарушуваат имиџот и угледот на АРМ“, изјави Сашко Димов, портпарол на Министерството за одбрана.

Професионалните војници веќе десетина дена се на протести пред Владата барајќи решавање на нивниот статус. И покрај тоа што инсистирале да се сретнат со премиерот Никола Груевски, досега никој не ги примил. Од досегашните средби со министерот за одбрана Зоран Коњановски не се задоволни, бидејќи не е постигнат никаков напредок во однос на нивните барања. Тие се револтирани и затоа што Министерството за одбрана вработило околу 250 лица, иако војниците повеќе години бараат да им се реши проблемот што остануваат без работа. Тие бараат, откако ќе ги исполнат условите поради кои не можат повеќе да бидат активн�� војници, да бидат вработени во одделни сегменти во Министерството или во Армијата. До крајот на годинава на околу стотина професионални војници им истекува правото да ги продолжат договорите за работа.


#
Статијата е прочитана 578 пати.

Испрати коментар

Од: Gox
Датум: 09.06.2010 00:27:59
Mene edno nesto ne mi e jasno.Koj gi laze i manipulira da izlezat na protest,demek vladata im e kriva za nivniot status.Kade gledale koga go potpisuvale dogovorot vo koj jasno stoi deka se obvrzani samo do 38 godini da imaat rabota vo armijata,a posle toa moze da baraat dr. rabota.Znaci,samiot dogovor go nudi toa,ne go izmisli vladata preku nok.Zosto se manipulira so lugeto i koj toa go pravi ?
Од: "vodolija"
Датум: 09.06.2010 10:36:47
POSTOVANI, citateli i gragjani na Makedonija, krajno e vreme za trezveno razmisluvanje, dali ovaa Vlada e gnila vlada !!?? Profesionalen vojnik na ARM, 10 dena da sedi na ulica i da strajkuva za negovite prava !? Nedaj Boze da ne napadne nekoj od strana, pa koj ke ja brani ovaa drzava so ovakvo nezadovolstvo vo ARM !? Egeecot Gruevski se interesira samo za pravata na Egejskiot gragjanin, i za Anticki spomenici. Ovaa Vlada e sozreana za vo Hag !!??
Од: psiho
Датум: 09.06.2010 11:03:36
ova vlada ne e patriotcka vlada.se mavat po gradi deka se sinovi na aleksandar,a ace ne gi ostavil negovite vojnici na ulica gi zadrzal.ovaa vlada e sostavena od seljaci i makedonci simnati od karpatite kako sto si ti GOX ti si kodos takva nacia ste kodoska nacija.vojvodite gi izdadovte a sega uste prodolzuvate so istoto KODOSI. Nis cel svet vojnicite i vojskata se naj ceneti a tuka nikoj i nisto sme.OVAA VLADA KE PADNE lazni patrioti KLOSARI
Од: ivana
Датум: 09.06.2010 12:24:08
zalosno e sto udrivte i po slobodnite denovi,na pfv,prvo im docnite so dnevnici ,plati,stanarina,sega vo kasarna-stip ,se zabranija i slobodni,denovi,a za tie denovi nekoj mrznel,sramota za takva javna institucija
Од: braniteli
Датум: 09.06.2010 18:27:06
za da ne se manipulira so vojnicite da ve zapoznaam deka pogolemiot del od vojnicite se vraboteni vo periodot od 2000-2002 godina i se ucesnici vo konfliktot i ni bese vazno samo da ja odbranime drzavata a ne dogovorite za rabota toa go ostavivme na vladata da go resi pravedno no ocigledno vo ovaa drzava se ima samo ne pravda.

Најди! во Утрински
Политика
Аларм од топлотен бран за пет општини
Поддршка за помалите етнички заедници
Во јуни нема датум за преговори
На 83. место според индексот на светски мир
Замир Дика нов ректор