Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Поддршка за помалите етнички заедници

ТЕТОВО - Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им даде условна поддршка на лидерите на партиите од помалите етнички заедници за нивниот предлог да има десет загарантирани пратенички места во Собранието за припадниците од помалите заедници. На двочасовната средба што се одржа во седиштето на ДУИ во Мала Речица, Ахмети ветил дека неговата партија ќе го поддржи предлогот, но единствено ако со тоа не се влијае врз Бадинтеровиот принцип на гласање. „ДУИ не е против унапредувањето на малцинските права, но не сакаме овој предлог да влијае врз Бандетеровиот принцип на гласање. Им гарантирав дека ќе ги поддржам, но само ако најдат клуч да не се загрози Бадинтеровиот принцип. Останува партиите да најдат решение и модалитети како предлогот да се спроведе во реалност“, рече Ахмети.

На средбата во седиштето на ДУИ имаше претставници од партиите на Србите, Турците, Ромите, Власите и Бошњаците. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 369 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 09.06.2010 06:10:24
Дали ова значи одземање на пратенички места на ДПМНЕ и можност за манипулација со предвремени избори. Дали се готви казна за партијата на власт?
Од: КЕМАЛ АТАТУРК
Датум: 09.06.2010 09:33:45
Дали во рамките на малцинствата има уште помали малцинства
Од: Kiril
Датум: 09.06.2010 18:20:06
На средбата во седиштето на ДУИ имаше претставници од партиите на Србите, Турците, Ромите, Власите и Бошњаците. E, a deka se bile Bugarite? Ili kako site znaem, Bugari vo Makedonija nema? Gluposti!

Најди! во Утрински
Политика
Аларм од топлотен бран за пет општини
Војниците се жалат на притисоци од Министерството за одбрана
Во јуни нема датум за преговори
На 83. место според индексот на светски мир
Замир Дика нов ректор