Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Армискиот буџет клекна под новите вработувања

Од Министерството за одбрана тврдат дека со новите вработувања ќе се заштедело во буџетот

Светлана Унковска

Дали новите вработувања во Министерството за одбрана дополнително ќе го оптоварат и онака слабиот буџет на Aрмијата, што ќе значи дека најголемиот дел од парите ќе одат на плати и на надоместоци за вработените, а на штета на делот за набавки, осовременување и достигнување на стандардите на НАТО. Со конкурсот, кој се очекува да биде објавен деновиве и со кој над 200 лица треба да добијат решенија за работа, сегашната бројка од 606 постојано вработени во Министерството за одбрана ќе се зголеми на над 800. Од Министерството тврдат дека овие нови вработувања воопшто нема финансиски да влијаат врз буџетот, туку, напротив, со решавањето на статусот на привремено вработените, ќе се заштедело.

„Моментално во насока на мерките на Владата за реформи на јавната администрација согласно со ЕУ-стандардите само ќе бидат трансформирани привремените вработувања во трајни. Станува збор за 100 лица што ќе бидат вработени согласно со Законот за државни службеници и уште 102 други согласно со Законот за работни односи. Со ова ќе биде направена заштеда од буџетот на Министерството за одбрана, од причина што во иднина нема да се исплатува посредничка провизија, која досега се исплаќаше на агенциите за привремени вработувања“, вели Сашко Димов, портпарол во Министерството.

Сепак, оваа бројка го надминува стандардот утврден со Стратегискиот одбранбен преглед. Според него, бројот на вработените, кој се определува пропорционално со големината на државата и со бројот на војниците во Армијата, треба да изнесува околу 530. Вака зголемениот број на вработените од утврдениот стандард го нарушува соодносот на армискиот буџет, кој е определен 50 проценти да изнесува за плати, 30 за обуки и 20 проценти за набавки и модернизација на Армијата. Фактот што многу одамна ништо не е набавено, на што ни забележуваат и од централата на НАТО во Брисел, би требало да значи дека за да се исплатат плати, се црпат средствата од овие фондови.

Новите вработувања за кои деновиве треба да се објави конкурс придонесе и во голема мера ги вознемири оние што работат таму со договор на дело со години. Некои од нив се сомневаат дека најавите за трансформација на привремено во трајно вработување е само параван за партиски вработувања и се под постојан стрес дека оние што немаат никаква поврзаност со партијата на власт, повторно ќе извисат. Веќе кружат и шпекулации дека конкурсот требало претходно да биде објавен, но доцнел поради тоа што имало голем број интервенции од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, кои барале да се направат приспособување на работните места за вработување на партиските луѓе. Од Министерството ги демантираат ваквите информации и укажуваат дека такво нешто нема поради тоа што нивната интенција била да добијат вработување оние што со години работеле таму, но дека на конкурсот мора да покажат и резултати.

За експертската јавност зголемувањето на бројот на вработените во Министерството и не е толку страшно, колку што проблем е постојаното намалување на буџетот на Армијата. Наместо утврдениот процент со Стратегискиот одбранбен преглед од 2,2 отсто, сега тој е паднат на рекордно ниско ниво од под 1,4 проценти, бројка што неодамна ја потврди и министерот Зоран Коњановски.

„Со таков тренд не само што не можеме да ги постигнеме посакуваните цели на современите одбранбени системи на НАТО туку сериозно заостануваме. Со еден ваков буџет и со ваква финансиска политика убеден сум дека единствено се работи да се задоволат потребите на мировните мисии. Утврдениот баланс од 50 проценти за плати, 30 за обуки и 20 за опрема одамна е нарушен. Се' се сведува на исплата на плати, а за обуки и за набавка на опрема останува мал процент од буџетот, и поради тоа одамна ништо не се набавува, не се обезбедуваат резервни делови, а она што го добиваме како донации е застарено“, вели воениот експерт Благоја Марковски. Тој укажува дека овој дисбаланс на средствата ќе предизвика далекосежни последици врз осовременувањето на систем на одбраната на земјава за кој сигурно губиме чекор со современите држави.

„Гу��име континуитет во смисла на релевантноста и на приоритети на задачите на одбраната. Не само што не се постигнуваат стандардите на современите држави туку проблемот е што упорно назадуваме. Светската криза е присутна во сите земји, а не само кај нас“, вели Марковски.

Од Министерството за одбрана ги отфрлаат информациите дека нарушување во пропорционалниот сооднос и велат дека процентот наменет за платите воопшто не го надминува она што е утврдено.

„Во поглед на трошоците од буџетот на одбраната што се однесуваат на платите се одделуваат меѓу 46 и 50 проценти и не е точно дека е нарушен соодносот на процентите за обука и набавки за да се исплаќаат плати“, уверува портпаролот на Министерството, Сашко Димов. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 2146 пати.

Испрати коментар

Од: "vodolija"
Датум: 27.09.2010 13:25:24
Mislam deka nezadovolstvo vo ARM ima od poodamna! Zatoa , neka se raspusti ARM, koja Armija bi ja branela drzavata ako vo samata ima nezadovolstvo! Neka bideme kako Svajcarija, bez vojska! Problemite so ARM neka mu gi dopustaat na Konjanovski, ako Toj mozel REK -Bitola da go sredi , ZOSTO da ne ja sredi i ARM !!!???
Од: DM
Датум: 27.09.2010 13:31:30
ova aramiski a ne armiski buzet
Од: svajcarec
Датум: 27.09.2010 19:46:38
Vodolija, Svajcarija ima najsilna vojska vo Evropa spored goleminata na teritorija i brojot na ziteli. Toa sto e neutrlna ne znaci deka nema armija. Ako veke sporeduvas, armija nema Island. No sosedite na island ne se zakana za drzavata (sarkazam malku, Island e inace ostrov), a nie sme opkruzeni so dusmani.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 28.09.2010 01:53:06
Kakva bre LEVA ARM.? Ne smee da pomirise podaleku od Karpos i Gjorce Petrov! ARM e samo vo Hristijanskite naselbi, kade i ne treba, a ponatamu ne egzistiraat! Nekogas Armijata ja branese granicata,,Armijata e branitel od nadvoresniot osvojuvac ili opasnost,a policijata e za vnatresni siguronosni potrebi! Kade e ARM;Vo Tetovo,Vo Gostivar,Vo Kicevo,Vo Debar,Vo Struga se ova e pogranicno. Nekogas vo karaulite, ne stoea policajci-Zandarmi [ama sega i niv gi nema], Tuku Vojnici! Bas deneska procitav vo Utrinski,deka Granicata so Albanija kako i da nema granica, kaj Debar samo eden policaec ja kontrolira.
Од: goko
Датум: 28.09.2010 05:52:37
Na vremeto mu se smeevme na Albanija so nivnite 'dva tenka' .Eve sega dojde vreme i nas da ne zaigravaat (okrece se kolo srece)...Na Makedonija i trebaat cetiri lovecki drustva za da ja branat od cetirite dusmani...Tolku pari ima drzavata...Koj ke napaga gladno naselenie - saka jada sme nie za sekoj drugi - zatoa sakaat da istrebat i ona sto e na ovaa teritorija za drugi da go napravaat porazvieno podracje!- Begajte site vo strnstvo - tamu nema leb za nikogo- go plakam cehot sto Aleksandar go pravese koga kolese i palese vo negovo vreme a za nasi makedonski generacii!

Најди! во Утрински
Втора страница
Нови поделби
Признавањето од Сирија дипломатски удар за Грција
Вербатим






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change