|
|
|
|
|
|
Секој трет Македонец живее во сиромаштија
Најсиромашни се лицата без никакво образование. Тие зафаќаат 62,3 отсто од вкупниот процент на сиромашни
Маја Томиќ
Животот станува се' полош. Граѓаните го чувствуваат тоа на своја кожа, а сега и статистиката потврди. Лани стапката на сиромаштија изнесувала 30,9 отсто, или речиси секој трет Македонец бил сиромашен. Тоа е за 2,2 отсто повеќе отколку во 2008 година кога сиромаштијата беше измерена на 28,7 проценти. Најпогодени, како и секогаш, се невработените, помногубројните семејства, оние што немаат никакво образование и повозрасните лица. Сиромаштија лани била пониска за незначителни 0,2 отсто во споредба со 2009 кога таа беше 31,1 процент.
И покрај малиот пад на стапката на сиромаштија, најголем процент од граѓаните не мислат дека лани живееле подобро отколку една година претходно. Најмногу, или 42,8 отсто од анкетираните семејства, се изјасниле дека живееле полошо од пред една години, затоа што, главно, не можеле да ги задоволат потребите со своите месечни приходи. Само 0,6 отсто од домаќ��нствата рекле дека во 2010 година живееле многу подобро отколку во 2009, додека најголем процент, или 45,8 отсто, рекле дека живееле исто. Многу полош бил животот за 15,5 отсто од анкетираните. За покривање на минималните месечни потреби, најголем процент, 43,2 отсто, се изјасниле дека им се потребни повеќе од 30.000 денари месечно, додека просечната плата во земјава изнесува нешто над 300 евра или 20.585 денари. „Не ни треба статистиката, за да ни го потврди она што секојдневно го чувствуваме, а тоа е дека живееме се' полошо. При исти плати со години, а со постојано зголемување на сите животни трошоци, како може да ни биде подобар животот. Јас и сопругот работиме, имаме две школски деца, а земаме по 200 евра плата. Што попрво да платиме, дали сметки, дали храна, облека и многу други секојдневни работи. Едвај врзуваме крај со крај во месецот. А, што да кажат оние што се без работа. Тешко нив. “, вели скопјанката Марија Т.
Како најсиромашни во минатата година, Статистика ги регистрирала домаќинствата со деца, или дури 39,2 отсто од вкупниот број на сиромашни. Најмалку сиромашни се оние без деца, 25,8 отсто. Во споредба со 2008 година, стапката на сиромаштија кај домаќинствата со деца лани е зголемена за дури 5,5 отсто. Како и во досегашните статистички показатели, најсиромашни се најбројните семејства со 6 и повеќе членови кои зафаќаат 42,8 отсто од вкупниот процент на сиромашните. Кај повозрасните лица со над 60 години е измерен најголем процент на сиромашни или 32,8 отсто. Невработените, како и секогаш, се посиромашни од другите. Минатата година 41,8 отсто од оваа група на граѓани биле сиромашни, односно 44,8 отсто од сите сиромашни се невработени. За разлика од нив, најмал е процентот на сиромаштија кај семејствата со двајца или со повеќе вработени - 20,6. Најсиромашни се лицата без никакво образование, тие зафаќаат 62,3 отсто од вкупниот процент. И обратно, за разлика од нив, тие со високо образование се најмалку сиромашни - 13,6 отсто. Во Скопје е најмала сиромаштијата, само 6,9 отсто, додека во руралните средини таа изнесува 54,1 отсто.
Во изминатите 20 години Македонија никако да се ослободи од баластот наречен сиромаштија кој од година во година се продлабочува. Овој феномен стана еден од главните проблеми во државава на почетокот на транзицијата, а досега бројките за повеќе од десет пати се зголемени. Само за потсетување, во деведесеттите години на минатиот век стапката на сиромаштија изнесуваше само 2 процента. Во 1997 година, кога Статистиката ги направи првите мерења за степенот на сиромаштијата, таа достигна 19,1 отсто, во 1998 година - 20,7, во 1999 година, 21, а во 2001 година, кога беше донесена Стратегијата за намалување на сиромаштијата со помош на Светска банка, таа загрижувачки скокна на 24,6 проценти.
Ниту една влада досега не успеа да се справи со овој горлив проблем. Според професорката на ЈИЕ, Шенај Хаџимустафа, потребни се конкретни стратегии и мерки, за да има резултати. „Секоја влада мора да се фокусира кон најранливите групи граѓани, невработените и необразованите, затоа што кај нив е највисок процентот на сиромашни. Тие треба да се вклучат во општеството преку образовниот и здравствениот систем за да најдат работа и да не бидат социјален товар на државата. Тоа што расте сиромаштијата во земјата покажува дека не сме на вистинскиот пат, дека досега не биле носени соодветни квалитетни мерки на среден и на долг рок“, вели Хаџимустафа. |
#
|
Статијата е прочитана 1727 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: grujo konj |
Датум: 13.07.2011 07:30:07 |
|
sto da se kaze posle ovoj prociten tekst se gleda vo kakva beda toni narodot a vlastodrscite gi trosat site narodni pari za nepotrebni stvari za ova li ja glasaa prerodbata da nemaa leba da kupat aram da im e... |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 13.07.2011 08:04:07 |
|
So ovaa nedoklakana vlada za skoro vreme ke dojdi sekoj eden makedonski graganin da zivee vo siromastija. Ke e zaminime Afrika pa ke bidime za vo Ginesovata kniga kako najsiromaski vo svetot. |
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 13.07.2011 08:46:35 |
|
Mozda e taka ,no kolku od Makedoncite sakaat da rabotaat.Polinata lezat a nikoj ne saka da ci gi valka racete.Bez rabota izvineteali nema nishto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 13.07.2011 08:49:17 |
|
Ostavete statistiki na strana i ne go plasite narodot. Narod koj e bogat so tolku golema istorija, narod koj na taa bogata proslost i gradi ogromni spomeni, herojski narod koj poteknuva od najgolemiot ped.., osvojuvac, pa toj narod e siromasen. Dajte ve molam preispitajte se, pa ne e se vo jadenje, pienje ubavi auta ili golemi stanovi. Dajte ednas kolku e bogat nasiot duh, napisete za toa. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 13.07.2011 10:03:31 |
|
И уште ке си тонеме,тонеме се додека вистински не потонеме со ова ненародна власт која ненаменски ги арчи народните пари.Но овој народ што си бараше и тоа си го најде.Нека се радуват на 500 денари или 50 предизборни евра.Не се за жалење овие со краток ум,за жалење се и овие кои страдат поради нив.Не е сиромаштијата и невработеноста само кај овие без образование со кои најлесно манипулира најпатриотската партија,и со нивните гласови доагат на власт.Што да се каже за овие кои на чесен начин се стекнале со средно или високо образование,кои секојдневно пагат повеке во депресија а ненародната власт ги убедува дека со дипломи од високо образование не само една па и две полесно се доага до ниско платена работа.Лекар од општа пракса,во приватни амбуланти зема плата не цели 250 евра,со пријавено четричасовно работно време.Е тоа се резултатите кои ке си ги трпиме.Сигурно од глаата си патиме. |
|
|
|
|
|
|
Од: krexixx |
Датум: 13.07.2011 10:06:59 |
|
ona evreska ili cincarska nagora kletva dabogda imal pa nemal nemasme demokratija vo TITINO a imasme se a sega imame demokratija ali bez pari toa e ropstvo |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 13.07.2011 10:22:53 |
|
Zaplasuvacka siromastija na koja ne i se gleda kraj.
Najzagrozeni,nevrabotenite,socijalcite,neobrazovanite?Tocno,no ima frapantnii isklucoci!,Educirani,so duri 8-mo oddelenie preku nok promovirani vo admi
nistrativci,so honorari i pausali vo komisii,odbori.Si
gurno,,,zasluzni,,-bile na nekoj,,front,,Educirani admi
nistrativci i so akademski tituli,izbrkani i cekaat na red da dobijat fizicka rabota,a vo kancelariite sedat
nepismeni.I sega nekoj ke promovira kapitalen
zaklucok-Makedonceto ne saka da raboti!E,be momce,mu go unistija duhot na Makedonceto,go
ponizija nedovetni,sitni profiterski dusi,koi grabaat
mislejki deka ke ziveat 1000 godini.Otfrli go vred-
noto,cesnoto,kreativnoto,postavi go poltronskiot
sljam za da vladees!.Na ovie ,,principi,,poleka i
sigurno cekorime kon totalna propast,kade luge
umiraat i se samoubivaat.,,Edna rabota e samo
postasna od smrtta-gladot! |
|
|
|
|
|
|
Од: BP |
Датум: 13.07.2011 10:59:10 |
|
A ne kazuvate deka ni e bogat plostadot.:):):) |
|
|
|
|
|
|
Од: Niko |
Датум: 13.07.2011 12:33:30 |
|
Ako ima nekoja statistika "spomenik po glava na zitel" verovatno ke kotirame prilicno visoko. |
|
|
|
|
|
|
Од: Butel |
Датум: 13.07.2011 13:10:06 |
|
narodot sam si e kriv , namesto da stane i da kaze deka ne se soglasuva so site gluposti koi si gi glasaat onie sto gi izbral, toj si sedi i si molci i si go zivee bedniot zivot |
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 13.07.2011 13:16:21 |
|
Mozda 1/3 se sirmoasni, ama 2/3 ja imaat Prerodbata vo 100 cekori na Grujo so tajfata............ |
|
|
|
|
|
|
Од: Stranec |
Датум: 13.07.2011 14:05:12 |
|
Do Jimmy
Drugar jas patuvam po cel svet non stop i veke i najsiromasnite ne zaminaa..I vo Afrika ziveat mnogu podobro od nas..Makedonija e beda nevidena... |
|
|
|
|
|
|
Од: trpe od gradsko |
Датум: 13.07.2011 15:13:25 |
|
Glasvte za Gruevski i za VMRO-DPMNE...Eve veke uste malku ke pocnat so seta godina na vlast...baravte....glasvate ...uzivajte vo siromstijata sto vo ja dadoa Gruevski i VMRO-DPMNE...uzivajte... |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 13.07.2011 16:58:48 |
|
Абре ајде важно грујо и фамилијата си живеаат добро.За НАРОДОТ кој го шиша си избра си доби и нека ЌУТИ.Што мислеа кога гласа не знаеа што ќе дека треба 4 годинчина да глеат во месечина и да им ПОБЕЛАТ-ОЧИТЕ. |
|
|
|
|
|
|
|
|