Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Роденденска ликовна изложба

„Мојата општина“ е насловена ликовната изложба што беше отворена вчера во спортската сала „Антон Димитров“ во општината Бутел по повод пет години од нејзиното формирање. Изложени се најдобрите дела од стоте пристигнати на ликовниот конкурс што го распиша Општината, а на кој учествуваа ученици од седумте основни училишта на нејзина територија. Изложбата ќе биде отворена до 1 јули годинава, денот на формирањето ��а Бутел. Авторите на најдобрите ликовни остварувања беа наградени со прибор за сликање, а им беа доделени и дипломи за освоено прво, второ и трето место. Општината додели и една награда за посебен ликовен израз. (Сн.К.)






#
Статијата е прочитана 202 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Се подготвува градилиштето за фонтаните во Вардар
И новата грејна сезона ќе биде без калориметри
Мала посетеност на градската плажа на првиот ден
Слободните за јули - 540 денари