Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

И новата грејна сезона ќе биде без калориметри

Три години кај фирмите-снабдувачи со парно не се јавил ниеден заинтересиран куќен совет

Снежана Калабакова


И оваа грејна сезона скопјани ќе останат без калориметри. Со топлината на радијаторите и натаму ќе управува „Топлификација“, а не тие самите. Три години откако тр��те фирми-снабдувачи на АД „Топлификација“ ја најавија можноста за воведување на таканаречените топлински распределители, ниту еден куќен совет не е заинтересиран за нивно поставување. Никој не се јавил дури и да ја искористи можноста за плаќање на осумнаесет месечни рати. Цената на калориметрите е главната причина за незаинтересираноста на граѓаните, бидејќи секое домаќинство ќе мора да инвестира 200 евра за овие уреди.

Од друга страна, пак, корисниците се неинформирани каде и од кого треба да ги купат уредите. Не знаат и нема кој да ги упати чии калориметри да земат, а мораат да изберат меѓу трите фирми со кои „Топлификација“ соработува германската „Техем“, данската „Буцнати“, англиската „Хаемр“. Фирмите немаат седиште во Скопје, па евентуално заинтересираните за да купат вакви уреди можат да се информираат само на Интернет. Втората опција им е да се обратат во фирмата што ги снабдува со топлинска енергија „Снабдување Исток“, „Снабдување Запад“ или „Снабдување Центар“. А, кај нив, досега нема заинтересирани корисници. Во правец на популаризација на калориметрите не прават речиси ништо и снабдувачите со топлинска енергија, иако нивното поставување беше услов да добијат лиценца за работа. Но, во случајов Регулаторната комисија нема да им ја одземе лиценцата, иако трите снабдувачи направија чекор со кој повторно ги ставија граѓаните во ќор-сокак.

Снабдувачите велат дека тие не можат ништо ако граѓаните се незаинтересирани. Топлификација со законска поткрепа од регулаторот се оправда дека не може да инвестира во калориметри, но и јавно призна дека за неа тоа е голема инвестиција. Од друга страна, пак, ако и инвестира, трошокот, секако, ќе го вкалкулира во цената на парното, па така ќе мора да плаќаат и оние граѓани што ќе чекаат калориметрите да им бидат монтирани. Славко Бундалевски, раководител на секторот на природен гас и топлинска енергија во Регулаторната ��омисија, вели дека регулаторот и натаму ќе притиска да се реализира поставувањето на топлинските распределители, бидејќи тие на граѓаните ќе им овозможат штедење енергија.

„Неофицијално имаме разговарано со неколку куќни совети, кои подетално ги информиравме за поставувањето на калориметрите. Цената, грубо кажано, е 50 евра од радијатор со комплет распределител и термостатски вентил, со можност за плаќање на 18 рати. Фирмата од каде ќе се набавува опремата ја бираат самите станари“, велат од „Снабдување Исток“.

Оттаму додаваат дека засега имаат само еден пилот-проект за поставување топлински распределители на две станбени згради, една во Автокоманда и една во Аеродром, но не знаат и тој како ќе заврши.

Доколку имаше заинтересирани за калориметрите, „Топлификација“ досега требаше да инвестира во мобилните читачи и во софтверот за исчитување на податоците од уредите. Целокупниот процес на инсталирањето на софистицираната опрема, односно на базните станици во станбените згради до кои ќе доаѓа радиосигналот со податоците од распределителите, според најавата на трите снабдувања требаше да заврши до 10 октомври минатата година. Снабдувачите најавија дека веднаш потоа куќните совети ќе добијат понуди за вградување на уредите, кои поради спецификата на системот ќе се монтираат по принципот или сите станари во еден објект или никој. Поточно, услов е најмалку 80 отсто од потрошувачите во една зграда да имаат инсталирано распределувач и за тоа да постои техничка можност.


#
Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар

Од: Дони
Датум: 29.06.2010 01:28:40
Се што знам е дека секоја година плаќаме се повеќе, а во становите е се постудено. Мои пријатели во Војводина во куќите сите имаат инсталирано сопствено парно на гас, но кај нас засега тоа не е можно.
Од: borce
Датум: 29.06.2010 04:35:03
parnoto se poskapo a radijatorite se poladni a nema kade da se pozalich.
Од: Skopje
Датум: 29.06.2010 09:00:56
Зошто мора 80% од станарите да се приклучат??? Нели секој ќе си плаќа за себе колку потрошил, не плаќам за комшијата или пак за да знаат колку да ја стават цената по калориметар за да дојде горе доле исто со паушалново топтан плаќање,демек по мерач.
Од: XXL
Датум: 29.06.2010 09:42:31
E...ako gi postavat kalolimetrite....toplifikacija ke mora majcinoto mleko da go ispluka ...zosto tie se dokaz kolku ne gree...a togas taa ke "smrzne" na berza....
Од: vlado
Датум: 29.06.2010 11:22:28
Ova e isto kako celata zgrada da ja stavat na edno broilo za struja, pa posle smetkata da ja delat na site stanari. Kolku sto znam EVN stavi novi broila za struja bez pritoa da naplati nitu denar. Normalno i tie broila EVN gi kupuva od proizvoditelot i INVESTIRA.

Најди! во Утрински
Скопје
Се подготвува градилиштето за фонтаните во Вардар
Мала посетеност на градската плажа на првиот ден
Слободните за јули - 540 денари
Роденденска ликовна изложба