Што прават денеска
Ѓоко Таневски пејач
По подолго време и активности врзани со работата, конечно, малку време за одмор. Летово ми беше исполнето со ангажмани, па немав доволно време да се посветам на најблиските, затоа денешниов ден ќе им го посветам целосно на нив. Планирам да останам дома, да се релаксирам со семејството и да ги наполнам батериите за ангажманите што ме очекуваат кон крајот на август и почетокот на септември. Зоран Рудан-Цеки музичар
По завршувањето на годишниот одмор што го поминав во Албена, Бугарија, време е да се вратам на работните обврски. Како и секогаш, денот ќе го започнам со утринско кафе со сопругата, а потоа заминувам во студиото каде што „Целофан продукција“ работи на финалната верзија на песната на нашиот ексклузивец Кико, која во најскоро време ќе ја здогледа светлината на денот.
Ирена Спасовска фолк-пејачка По два дена престој во Охрид поради организирани настапи, денес конечно сум во Скопје. Денот ќе си го посветам себеси, малку ќе одморам, а потоа ќе се фокусирам на изборот на гардероба што ќе ми биде потребна за настапот на претстојниот фестивал „Охрид фест“. Вечерните часови, како и секогаш, резервирани за настап во ресторанот „Беровец“.
|