Брoj 2761  среда, 13 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп



Овен

Осаменоста не е вистинско решение, мир ќе најдете дружејќи се со лица во кои имате доверба. Тие ве советуваат и имаат трпеливост да ги сослушаат сите ваши проблеми. Доколку се појават нагли изливи на љубомора, пронајдете начин да се самоконтролирате.



Бик

Се грижите кога станува збор за партнерот и децата. Се јавува желба да се дистанцирате од се' и намира да ги претресете проблемите што ги имате со околината. Она за што сте загрижени е разочарувањето кое го имавте во оние на кои им верувавте.



Близнаци

Бидејќи фантазијата е интензивна, потрудете се практично да ја реализирате. Бидете креативни и правете нешто конкретно. Тоа е многу подобро од водење празни разговори од кои немате корист. Најлошо од се' е што сте склони да верувате во сопствените лаги.



Рак

Малку сте мрзливи, па изненадни случувања ви помагаат да излезете од мртвилото. Бидејќи на извесен начин ќе се нервирате, мора да го промените својот став. Немојте да криете ништо од блиските, така ќе ви биде уште потешко.



Лав

Не сте во состојба да владеете со ситуацијата во онаа мера во која го посакувате тоа. Мора да вложите многу енергија за да ја постигнете целта, но вашиот труд ќе се исплати. Кога ќе размислите подобро, може да почекате и поповолен момент.



Девица

Благодарение на односот спрема работата, ќе успеете да извлечете максимум од моменталната работа. Ќе бидете подготвени да се преправате и да зборувате повеќе од потребно. Моќта е нагласена, како и бујната фантазија, инспиративни сте, затоа и ќе успеете.



Терезија

Идеалистички и перфекционистички ги гледате работите околу себе. Нормално е да се нервирате, бидејќи реалноста е поинаква. Се советува дружење со припадници на вашиот знак, само тие ќе ве разберат. Љубовна авантура е на повидок.



Скорпија

Емотивно сте исцрпени, бидејќи ограничувањата ве загрижуваат. Пред вас има многу работа која бара бавен и методичен пристап. Бидејќи не се чувствувате најдобро, бидете мудри и главните размислувања насочете ги кон здравјето.



Стрелец

Состојбата во која сте ќе потрае уште неколку дена. Преземете нешто доколку сакате да го подобрите квалитетот на сопствениот живот и да бидете задоволни. Потребна ви е нова љубов, тргнете во акција и се' ќе биде онака како што замислувавте.



Јарец

Направивте се' што е во ваша моќ за да постигнете успех. Во иднина ви се нудат прилики за напредување. Она што моментално влијае загрижувачки на вас е беспотребниот песимистички пристап на животот, размислување за разделба и оптовареност со туѓи грижи.



Водолија

Поведете сметка за чувствата и расположението, тие се променливи. Причина за незадоволството лежи во потиснатите емотивни желби и потребата од независност. Осцилациите во постапките се големи, почнувајќи од сентименталност до ексцентричност.



Риби

Искористете ја поволната прилика максимално. Ѕвездите ви се наклонети, искористете го поволниот момент. Забележавте дека ништо не паѓа од небо, затоа засукајте ги ракавите. Штом се чувствувате добро, можете да почнете со остварувањ�� на плановите.



Најди! во Утрински
Барај со НАБУ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.