Од Рабат, Груевски објави дека 130 земји не' признале под уставно име
Рабат – Мароко и Македонија имаат одлични меѓусебни односи, немаат ниедно отворено прашање, но повеќе напори треба да се вложат во интензивирањето на економската соработка и зголемувањето на трговската размена, оценија македонскиот и мароканскиот премиер Никола Груевски и Абас Ел Фаси, на денешната средба во Рабат.
Двајцата премиери потпишаа договори за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите. Од мароканска страна беше понудено да се доделат стипендии за ученици од Македонија, што би сакале да студираат на марокански универзитети, а премиерот Груевски возвратил со понуда на стипендии за марокански студенти што сакаат да студираат во Македонија и со покана за Ел Фаси да ја посети земјата.
Во однос на политиката, тие го реформираа ставот дека Кралството Мароко ја признава Република Македонија под уставното име и активно лобира и вложува напори за промоција на македонскиот став.
„Мароко и Македонија досега имаат одлични меѓусебни односи и немаат ниедно отворено прашање. Македонија е земја, која е официјален кандидат за членство во НАТО и во ЕУ, а Мароко е земја, која има специјален статус во односите со ЕУ, засега прва и единствена држава со таков статус“, изјави премиерот Груевски по средбата. Тој потенцираше дека македонската страна го цени тоа што Мароко е една од 130 земји што ја признале Македонија под уставно име.
„Можам да кажам дека Мароко е земја што во последниот период има огромен забележлив прогрес, како на политички, така и на демократски и економски план. Демократизацијата на Мароко е многу видлива и односите со НАТО им се значително подобрени. Станува збор за држава со која имаме многу сличности, но и потенцијали за соработка во иднина. Овие можности за соработка во минатото на некој начин беа потценети, од гледна точка на тоа што досега имало ретки контакти меѓу раководствата на двете држави и мала можност за бизнисмените да имаат контакти и поголема соработка“, рече Груевски.
Претходно, пред средбата, македонскиот премиер го посети мавзолејот „Мухамед 5“, каде што им оддаде почит на гробовите на кралевите Мохамед 5 и Хасан 2.
За денеска е предвидена презентација на можностите за бизнис со Македонија пред поголем број марокански бизнисмени, со цел зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји. (МИА)
Ubavo zabelazel premierot. Maroko i Makedonija se mnogu slicni. Ako poseti i drugi frikanski drzavi ce najde mnogu slicnosti so nas. Mnogu potesko ce najde slicnosti so evropskite drzavi.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 12.05.2010 05:45:13
Sto slicnosti imame so Maroco jas veke se mislam 2 minuti, i neznam seuste. Kutriot prmier, na red e Alzir, Libija, SIerra Leone, Burkina Faso, i so niv "imame slicnosti".....Gospode. pomos...
Од: ilija
Датум: 12.05.2010 07:17:24
bravo za premijerot so posetata na maroko ne
spasi od ekonomskata kriza.
Од: Iggy
Датум: 12.05.2010 08:00:51
Prekrasna vest!
Jas sum za da imame crvsta sorabotka so arapskiot svet. Arapite umeat da se vistinski prijateli i nie mozeme da vozvratime so naseto gostoprimstvo i srdecnost kon vakvi mediteranski narodi kako nas.
Од: Граѓанин
Датум: 12.05.2010 08:23:02
Мароко не е супсахарска Африка, туку дел од арапскиот свет. Земја која е убава, со прекрасни градови и култура, многу древна цивилизациска историја и бележи навистина голем напредок во последно време.
Каква врска има тоа со земји како Ангола?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 12.05.2010 08:30:17
Неверојатна сличност.Но не како што мисли Itar Pejo!Мароко е меѓу првите држави кои ја признале САД(1787)-ние во тоа време не сме ни постоеле како држава,но затоа САД се меѓу првите кои нè признале нас!Кај нив,барокот е одамна завршен,кај нас,сеуште не почнал!Нема ниту да почне,ова,кај нас,е неговата Безвредна Копија!Имаат небодери,Одамна-ние,се обидуваме да ги изградиме во барок стилот на Ацета.Само Казабланка има 3.5милиони жители!Целата држава,преку 32 милиони!Излегува на море,а ако не знаел Пејо,поголемиот дел од Науките,потекнуваат од Арапските и Африканските мислители,што за „нашите“не може да се каже!Многу држави на црниот континент имаат Универзитети постари од нашите!И уште една различна сличност, Тие се Гордеат со Петокраката на знамето и државниот грб,ние,со нашиот примитивизам - ја избришавме!Поголемиот број држави во Африка се Далеку пред нас и по своето минато,но најмногу по Сегашноста!
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 12.05.2010 09:08:01
Абре Бај Кољо,да не ти е грешка есапот,ние ќе студираме Марокански студенти во нашите универзитети-кој за белја и не се баш секаде во светот и признати,да не треба обратно-наши студенти да стуедираат во Мароко-оти во економскиот развој тие се далеку пред нас,ние треба од нив да учиме,тие од пустината направија земја,а ние од плодната земја правиме пустина-барем за тоа не бива.
Од: nekojsi
Датум: 12.05.2010 09:22:55
Така е Иги, да ја направиме Македонија одскочна даска за Ал Каеда и талибанците, ќе ги усреќиме сите во НАТО. И Југославија играше на карта на Неврзаните и Арапите, па видовме како заврши сето тоа... мислам Југославија.
Од: Darko-Germanija
Датум: 12.05.2010 09:38:45
Samo edno da vi kazam.So nikoj drug narod tuka vo Germanija nemaat strancite ,a ni svabite problemi da se razberat odkolku so Marokancite.Jas licno isto taka.Golem Problem ako mi veruvate.Niti se Skoluvani,niti dobri prijateli...nitu tie sami izmegu sebe se postuvaat, a nesto mnogu vazno Agresivni se... a za po zenite kako Divljaci...veruvajte mi.Zatoa treba mnogu mnogu dobro da se preispitaat i tie koi sakaat da se skoluvaat tuka kakvi se i sto se.
Од: јас
Датум: 12.05.2010 09:51:50
А со нашите студенти , што ќе правиме племиеле?!
Од: Mojot Maroko, so ljubov
Датум: 12.05.2010 11:07:30
Neznam od koga ne priznale pod naseto Ustavno ime ,no Maroko e zemjata koja najmnogu doprinese vo davnesnata 1993 godina, da bideme STAVENI na programata na ON,kade Grcija se sluzese i so potplatuvanje na malite finasiski zavisni clenki, za da glasaat protiv.Marokanski prestavnik vo ON bese MrSnusi i ne trebe da bide zaborave od nas Maroko i samata ne poducuvase kako da postapime,za da bide primena kaj nim prvata makedonska delegacia Da,imame(imavme) mnogu slicnosti no za ovaa prekrasna zemja kade e lesno da se cuvstvuvas sreken, vo nekolku redovi, tesko e da se kaze za slicnstite irazlikite pomegju. Vo zapisite na General Henri Rozet, voen atashe 1923-34 se cite deka "i Makedonija i Maroko se slicni ubavi zemji, so narod gostopriemliv so dobra dusa , no i ednite i drugite se OPKRUZENIi SO KOMSII NEPRIJATELI..."Imame i edna golema razlika; Marokanecot NE POSAKUVA da mu crkne kravata na komsijata i ke se raduva na negovata srelkja,no znae da zaplace i da ja podeli negovata tag
Од: RND
Датум: 12.05.2010 14:18:32
Убаво е да се има студенти од други земји и да се разменува искуство. Мене тоа што не ми се допаѓа е што стипендиите за македонските студенти се доделуваат по партиска линија (заслуга), а не според постигнатите успеси на полето на образованието. Се надевам дека во иднина оваа пракса ќе биде променета...