Политичката и експертската јавност оценуваат дека Треневски е само добро вклопена коцка во владиниот мозаик
Светлана Унковска
По неодамнешниот скандалозен настап на новонаименуваниот амбасадор во НАТО, Мартин Треневски, пред Комисијата за надворешни работи, премиерот Никола Груевски се обиде да ја смири јавноста тврдејќи дека не е така како што изгледа. Тој убедуваше дека идниот дипломат во Брисел не се изразил најдобро, дека станува збор за несоодветен вокабулар и не бил доволно добро разбран. Поради тоа, лично премиерот Груевски му го најави интервјуто на Треневски во кое тој ќе ги разјаснел работите. Ако по логиката на нештата би требало да се очекува дека Треневски ќе излезе со видоизменети тези, сепак, тоа не само што не се случи, туку тој ги запечати и своите ставови, но и владините определби. Во петочното интервју дадено за агенцијата Макфакс, тој целосно ги симна маските со
констатацијата дека неговите ставови целосно „се вклопени во рамките на стратегиските определби на Владата и приоритетите на државната надворешна политика во која НАТО-интеграцијата зазема врвно место“.
Со дипломатски речник и Стејт департментот и' забележа на Владата за несериозниот однос кога во седиштето во Брисел одлучила како амбасадор да испрати личност што има анти НАТО-ставови, но и елементарни непознавања на принципите на Алијансата. Шлаканицата за освестување што ни ја Вашингтон испрати, јасно става на знаење дека доколку Владата не се огради од овие ставови (што, веројатно, значи негово повлекување), тогаш ќе се смета дека и Владата на чело со премиерот Груевски не се заинтересирани да ја внесат Македонија во НАТО.
Политичката и експертската јавност воопшто не се изненадени од тоа што Треневски не отстапил од своите ставови. Едноставно, се прашуваат зошто би требало да се очекува идниот НАТО-амбасадор да соопшти поинакви ставови, кога тие се прифатени и од министерот за надворешни работи и од Владата, па оттука, тој е само добро вклопена коцка во владиниот мозаик.
„Зошто се очекуваат поинакви ставови, не ми е јасно. Мислам дека треба малку погенерално да гледаме на работите, а не да оставаме политичарите да не' водат од еден ексцес во друг. Ако премиерот по последната средба со грчкиот премиер ни кажа дека барањата што ни ги поставува Грција ниту една Влада нема да ги исполни во наредните сто години и дека нашата политика кон Грција ќе биде да и' помогнеме да сфатат дека ние сме она што сме, е тогаш мислам дека тоа претставува добар сигнал за разговори за суштинските проблеми. И второ, да се каже како Грците ќе ги натераме да се откажат од своите гледишта и да ги прифатат нашите. Ние бегаме од суштинските теми и не разбираме дека, всушност, именуваниот амбасадор перфектно се вклопува во целата слика“, вели професорот Денко Малески, кој е убеден дека во целиот овој развој на настаните постои кохерентност, а не ексцес на амбасадорот.
Професорот Малески го оценува настапот на Треневски пред Комисијата за надворешни работи како чисто непознавање кога најави дека со стапувањето на должноста има намера да го оспори принципот на солидарност на членките на НАТО и да бара корекција на завршното коминике од Самитот во Букурешт.
„Од азбуката на политиката требаше досега да биде јасно дека сојузите се создаваат за да ги бранат интересите на своите членки, а не да ги
задоволуваат аспирациите на оние што сакаат да станат членка. Тоа што го гледаме се детски работи што можат само да и' наштетат на државата“, оценува Малески.
Но, се чини дека Владата многу малку им придава значење на пораките што ги добиваме од меѓународниот фактор и кои веќе имаат сериозна содржина. Предупредувања и забелешки дека сериозно заостануваме на патот кон нашето зачленување во НАТО ни пристигаат и поради тоа што Македонија во последниве години драстично го намали армискиот буџет. Поранешниот министер за одбрана, Владо Бучковски, критикува дека власта со сите потези и одлуки ја оддалечува Македонија од НАТО.
„Не е проблем само Треневски, тој е само експонент на оваа погрешна политика. Ние, очигледно, од интеграциите во НАТО направивме од готово вересија, и тоа поради погрешните политики на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се модернизира и да се реформира армијата, ние ја милитаризиравме полицијата. Со тоа направивме груб упад во една од најуспешните реформи што ги имавме. Јас сум убеден дека во агендата на оваа Влада нема место за нашето членство во Алијансата“, критикува Бучковски. И тој смета дека случајот со именувањето на амбасадорот Треневски е само уште една епизода испланирана од премиерот Груевски.
„Тие не можат да побегнат од некои факти, а тоа е дека оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ е синоним на анти НАТО-политика. По реакцијата на Стејт департментот мислам дека и тие не можат да поверуваат што се случува со Македонија. Особено Американците, кои многу вложија во стабилизирање, во реформите и во одбраната не очекуваа да се изроди вакво чудовиште. Не можам да сфатам зошто и по четири години, оваа Влада се' уште не' држи на слеп колосек“, вели Бучковски.
Деновиве и опозициската СДСМ јавно побара од Груевски повлекување на Треневски од амбасадорското место во најмоќната военополитичка организација. Во спротивно, ќе се смета дека преку скандалозното решение ВМРО-ДПМНЕ ќе ја официјализира анти НАТО и анти ЕУ-политиката.
„Ова е прва Влада што сериозно скршнува од патот трасиран за НАТО и од волјата на огромното мнозинство граѓани што се за интеграција на државата во НАТО и во ЕУ“, оценуваат социјалдемократите. (Св.У.)
So prakanjeto na ovoj ambasador Trenevski mnogu ke i se nasteti na Makedonija. Covekot ne se razbira od nisto, ke ne strami vo Brisel so negovite stavovi za Izmeni vo statusot na NATO, osvem sto ke se ismejuvaat so nego nisto nema da napravo za da i pomogne na Makedonija i Makedonskiot narod. Da ne se pusta ovoj covek da gi zastapuva interesite na makedonskiot narod.
Од: Сергеј
Датум: 23.08.2010 00:26:30
Aнти НАТО и анти ЕУ-политиката не е измислица на некој си Треневски, тој е само портпарол на премиерот (исто како и Тодор Петров). Тие го кажуваат гласно она кое премиерот го мисли (и прави). Она што Груевски го кажува се остро разликува од она што го прави. Не се чисти овде сметките. Премиерот крие нешто од граѓаните кои двапати по ред му ја дадоа довербата. Не верувам дека ќе му ја дадат по трет пат. ( http://otpor.log.ph/ )
��д: kiko
Датум: 23.08.2010 02:03:49
gospod zdravje da ni dade nasata drzava stana ZIMBAMBE.....POZDRAV
Од: Pero
Датум: 23.08.2010 03:02:26
Na site ni e jasno deka Trenevski go zboruva toa sto Gruevski go misli.Trenevski e obicen bugarski poltron,linijata Georgievski-Gruevski seuste raboti so polna parea,idejata e anti-EU i anti-NATO.Samo naiven moze da misli deka Ljupco i Grujo se skarani...Naprotiv,obajcata se rakovodat od isti centar-Sofija.
PS Bi gi zamolil vrabotenite vo Utrinski da ne postedat od "visokoumni" komentari od tipot-"Napred Trenevski,Trenevski e prav patriot,Trenevski ne go dava imeto" i slicni budalastini...Od takvi nekonstruktivni komentari im e na site maka i site znaat koj gi pisuva.Postedete ne,ve molam.
Од: niga od zimbabve
Датум: 23.08.2010 04:59:43
Ete se osetiv navreden mi ja sporeduvate drzavata so Makedonija.Heheheheehe se seguvam ,zasto veruvam deka ni vo Zimbabve ne e vaka kako kaj nas.Za politikata na pastirot i na ovcite odamna ni stana jasno kaj vodi .
Од: rebrebndiranje na NATO
Датум: 23.08.2010 07:28:28
Ako Trenevski so cel pamet go kazuva ona deka ce rabotel na revidiranje na kominiketo na NATO od Bukurest vo odnos na Makedonija, togas toj navistina nema osnovni poznavanja od vnatresnoto organiziranje i nacin na funkcioniranje na alijansata. Ako pak go kazuva onaka od drugi pricini i so drugi motivi, togas jasno izrazuva antinato raspolozenie, I vio dvata slucai pokazuva deka voopsto ne e kako licnost pogodna za taa funcija, a toa sto nekoj uporno ja postavuva na toa nesootvetno mesto gi pokazuva kon kade vodat celite i tendenciite na ovaa vlast. Vo sekoj slucaj nisto ne e slucajno.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 23.08.2010 07:45:34
Site poddrzuvaci na vlasta se nejzini vuvuzeli i megafoni...a i samo takvite se na mesta bilo ambasadorski bilo vo drzavata....Mitre ili Martin koj kako go znae..e isto taka glasnogovornik na vlasta i nisto poveke...Zatoa i premierot veli deka ne bil razbran...Razbran e i PROCITAN...
Од: Лазо Стефанов
Датум: 23.08.2010 07:48:01
И НАТо убаво ќе го пречека нашиот амбасадор- му одредиле канцеларија на поткровје.
Од: Трпе
Датум: 23.08.2010 07:52:45
Нашата блада се однесува како некоја тинјеџерка.Сака нејке,нејке сака и така ке го протурка мандатот или со лажење со лажниот патриотизам ке издејствува уште еден мандат.Ама ич не е важно како живееме и како ке живееме и дали ке опстанеме на овие простори.Еееее Албанија не помина ,како брзи воз.
Од: xxL from prilep
Датум: 23.08.2010 08:02:26
so izborot na Mitre,Grujo samo go potvrlduva ona sto site go znaeme,podaleku od NATO.
Од: Pandora
Датум: 23.08.2010 08:17:30
Trenevski nediplomatski i apla go kazza ona, ssto sekoj makedonski ambasador vo ovaa situacija treba tivko da go napravi za svojata zemja. Spored ekspertskive mislenja mabasadorive trebalo samo na priemi da odat. "SAD mnogu mu se isplassite na Martina i cel State departament se :krenal na noze". Corkus." Smessni ste.
Од: Самоил
Датум: 23.08.2010 08:39:40
А зошто Стејт Департментот не го запраша својот Амбасадор Филип Рикер како може на Македонија да и се случи анти-Нато Амбасадор и покрај неговите чести кафе-пиења со Мијалков? Или пак Брисел да го запраша Ерван Фуере што фајде има од сликање со народни носии и упикување и улизување кон дпмне министрите и протежирање на свои лични асистенти за амбасадори во ЕУ? Грујо, драги пријатели, судот за НАТО и ЕУ го носи врз основа на однесувањето на нивните амбасадори овде. кои се навистина кич - дипломати. Ајде да се обложиме дека неделава Рикер ќе се појави во Белимбегово да ги погали кокошките а Фуере ќе не развеселува со негова иаведба на омилената сцена од Мулен Руж.
Од: Aaron
Датум: 23.08.2010 08:53:14
Za NATO nemame armija, za EU-ekonomija, za soseddite ime, jazik i crkva! Samo edni golemi usta imame!
Од: dr
Датум: 23.08.2010 09:15:02
Шефот ја згрешил работата.
Треба Митре (Мартин) Треневски да го прати во Њу Јорк да преговара за името, каде подржан од Џон, Џорџ и други патриоти во дијаспората ќе го сменат името но ќе го задржат идентитетот како што впрочем самите веќе напаравиле.
Од: Nikola od EU
Датум: 23.08.2010 11:11:18
Slusam i citam deka doticniot gospodin sam se prekrstil od Dimitar vo Martin i bas takov najdoa da gi zastapi interesite vo NATO?!Ooo,boze moj!!
Nekoi tn.eksperti velat deka i kandidatskiot status ke go ukinele vo Lisabon.Ne postoj teorija za toa,zosto sprotivnoto ke go postignuvaat so,pa duri rastecko kinesko vlianie i toa najmalku im odgovara na Evropa i SAD.Trpenie,samo trpenie.Se ke si dojde na mesto.Jas sum za toa MK AKTIVNO(!) da se vklucuva vo procesot "Jugosfera" kako alternativno zdruzuvanje za EU bez pritisok za imeto,koe bi bilo vo "privilegirani partnerski odnosi" so EU kako zaednicki pazar na primer.Na GR segasnata srpska tvrdoglavost okolu KS ne i vo polza,bidejki zapadnite sili mozebi ke se osekat primoreni da ja zabrzat postapkata na MKskata integracija barem vo NATO bez da gi esapat GRckite uceni.A Trenevski e prikazna za sebe i nema potreba od komentar.Me zacuduva samo neprisutnostta na Milososki vo celata debata.Vo poslednite meseci ni traga ni zbor od nego!Pozdrav.
Од: Миле - Охрид
Датум: 23.08.2010 11:34:10
Политичката и експертската јавност, опозицијата и медиумите, кои заговараат прифаќање на грчките шовинистички барања за промена на нашето име како сеопфатно решение за сите проблеми во државава, оценуваат дека нашиот амбасадор во НАТО, таму, треба да ги застапува нивните прогрчки ставови. Во моментов додека тие се маргинална (но опасна и добро мотивирана група ) наспроти огромниот број Македонци , тоа не е можно. Македонците преку избори и јавно искажана воља (анкети, кампањи и јавни настапи и други облици) се определија за евроатланска интеграција без промена на нашето име. Тие ставови треба да ги застапува нашиот амбасадор таму. Тоа ќе го чини се додека преку избори или на друг начин ( по насилен пат) не се промени ставот на Македонците за неговото самоукинување.
Дотогаш сите горе наведени треба да се воздржат од клевети, дисквалификување, навредување и омаловажување на сите оние кои прават напори за ѕачувување на сопственото име.
Од: Грчкаантимакед борба од Литоксоу
Датум: 23.08.2010 11:46:48
стр8 Грчката антимакед. борба е во почетокот на ХХ век за да му зададе удар на национално автономистичко движење на Македонците.Грчката држава стана��а сојузник на отоманската. Имале пари и оружје и испраќале чети kaде не живеат Грци да го тероризираат населението и да ја запрат македонската национална преродба.Грчки платенички банди вршеле колежи пљачки и насилства.Посеале ужас и смрт низ македонските села . Низ страниците што следат објавени се мемоари �� писма на т.н. борци. ИЛИНДЕН е непријателски дочекан. Грчк. држ. соработува со Отоманците.Револуционерното движење особена во Зап. Макед. Костурско било за создавање независна макед. држ.
Од: девичанецот
Датум: 23.08.2010 13:34:57
А што мислите почитувани? Нато само портокали ќе ни дава?
Нато многу не сака...и тоа исклучиво како живо месо да им бидеме и параван за нивните болно-освојувачки страсти. Кога земјите од ЕУ се повеќе се дистанцираат од акциите на НАТО, остануваме само ние , Абанија и Грузија да им го обелиме образот на јастребите од НАТО.
А дека треба да се преиспита политиката на НАТО, тоа и самите највисоки генерали го знаат. Тука Мартин, односно Митре како што го нарекувате е сосема во право.
Од: Kire
Датум: 23.08.2010 14:52:28
Ставовите на Треневски се и ставови на Владата и на МНР, тој тоа и го кажа дека неговите ставови целосно се вклопени во рамките на стратегиските определби на Владата и приоритетите на државната надворешна политика во која НАТО-интеграцијата зазема врвно место. Амбасадорот Треневски бил спремен во МНР односно Секторот НАТО од НАТО експертот Мира К.