Дезинфекција на училиштата
ГОСТИВАР - Сите основни и средни училишта во Гостиварско изминативе петнаесетина дена се дезинфицирани, како превентива против вирусот на новиот грип. Во завршна фаза е и проектот за едукација на наставничкиот кадар, за да може полесно да го препознаат и да го откријат симптомот на заразата кај учениците.
Д-р Војче Огњановски, епидемиолог, вели дека е најзначајно да се подигне нивото на општата и личната хигиена на учениците во училиштата, а класните раководители да водат поголема грижа за причините на отсуствата на учениците. Наставниците треба да ги запознаваат учениците со превентивните мерки: да ги избегнуваат контактите со заболени лица, редовно да ги мијат рацете со сапуни, да не престојуваат во затворени простории... (К.К.) |