Хороскоп
ОВЕН
Непосредни сте во односите со соработниците. Поради лошите процени можни се дополнителни компликации што ќе го доведат во прашање вашето работење. Насочете ги своите мисли во позитивна насока. Постои лице што ви подарува искрено внимание и емоции, па затоа уживајте во заедничката среќа.
БИК
Внимателно анализирајте ги новите случувања или важните промени во работата. Не дозволувајте некој да го оспорува вашето влијание во заедничките проекти што ви претстојат. Постојано се обидувате да ја избегнете емотивната одговорност пред блиското лице, но, сепак, не можете да ја негирате вистината кога е очигледна.
БЛИЗНАЦИ
Не можете во целина да ги остварите своите намери, но не откажувајте се од својата амбициозна природа и најдете начин како да стигнете до целта. Нечија идеја ќе звучи интересно, но реализирањето ќе наиде на проблем. Во средбите со саканото лице нема да го постигнете посакуваниот ефект, затоа не глумете незаинтересираност.
РАК
Вашиот неуспех поврзан со работата не претставува голема загуба, па затоа нема да се согласите со нечии закани или казни. Вашите соработници логично ќе ги прифаќаат вашите објаснувања што ги нудите, како и начинот да се дојде до успех. Во односот со саканото лице работите не се одвиваат според очекуваното.
ЛАВ
Прифатете ја скромната понуда за работа и не потценувајте го интелектот на одредени луѓе. Конфузни сте пред соработниците и од таа причина вашето објаснување звучи нелогично и неубедливо. Ќе биде подобро да ги усогласите мислите и чувствата за да можете да го зачувате достоинството пред лицата што го познаваат вашиот карактер.
ДЕВИЦА
Непотребно се вплеткувате во ситуација што не ви е доволно позната и на тој начин ги иритирате работниците. Прифатете ги добронамерните критики и не дозволувајте работите да излезат од контрола. Задржете ја својата мудрост и не впуштајте се во тестирање на емоциите. Потребно ви е саканото лице покрај вас.
ТЕРЕЗИЈА
Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но тоа не треба да ве вознемирува ниту да ви претставува проблем. Порано или подоцна, работите секогаш доаѓаат на свое место. Вам единствено ви недостасува трпение, а на вашиот партнер емотивна храброст или импулс да се соочи со проблемите.
СКОРПИЈА
Новите информации се добра шанса, но размислете два пати пред да кажете конечен одговор. Во работата понекогаш нештата може да се променат, а вашите материјални амбиции не треба да бидат начин да се вплеткате во нешто за што подоцна може да се покаете. Внимателно анализирајте го однесувањето на блиските лица.
СТРЕЛЕЦ
Постојано инсистирате за своите цели и преземате одреден степен на ризик во работата. Ако имате добро претчувство, потпрете се на својата интуиција и на добрата моќ на забележување на нештата. Во љубовната средба немојте да му дозволувате на вашиот партнер да му недостасува инспирација за заедничка среќа.
ЈАРЕЦ
Деновиве некој го критикува начинот на работење или однесување. Нема потреба да му се спротивставувате на мислењето на другите, туку бидете разумни и прифатете нечиј совет. Во меѓувреме, потрудете се да го завршите почнатото. Во средбите со блиското лице прикривањето на вистината само ги одложува проблемите.
ВОДОЛИЈА
Премногу сте горди да зборувате околу своите проблеми или отворено да побарате некој да интервенира за вас. Потребно е да се ослободите од погрешните навики и да прифатите нечија идеја, како добар патоказ, бидејќи од успешните луѓе се бара совет. Нема потреба да верувате во спонтаниот расплет на случувањата што следуваат.
РИБИ
Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или правила што ги диктираат вашите соработници. Не дозволувајте да ја потрошите енергијата на ситуации што не се важни за вашата работа. Чувствувате емотивна несигурност, бидејќи постојано го криете лошото влијание што доаѓа од саканото лице.
|